Сан Антонио Спарс

Сан Антонио Спарс (англиски: San Antonio Spurs) е професионален кошаркарски тим со седиште во градот Сан Антонио, Тексас. Тие се членови на Југозападната дивизија од Западната Конференција во НБА. Клубот бил основан во Далас, но во 1973 година се преселил во Сан Антонио, а од 1976 настапува во НБА лигата.

Сан Антонио Спарс
Сан Антонио Спарс лого
Сан Антонио Спарс лого
Конференција Западна Конференција
Дивизија Југозападна дивизија
Основан 1967
Историја Сан Антонио Спарс (1976-сѐ уште)
Арена АТ&Т Центар
Град Сан Антонио
Тимски бои               
Сопственик/ци Питер Холт
Генерален менаџер Р. С. Бафорд
Тренер Грег Попович
Шампиони 4 (1999, 2003, 2005, 2007,2014)
Конференциски титули 5 (1999, 2003, 2005, 2007, 2013)
Дивизиски титули 19 (1978, 1979, 1981, 1982, 1983, 1990, 1991, 1995, 1996, 1999, 2001, 2002, 2003, 2005, 2006, 2009, 2011, 2012, 2013)
Пензионирани броеви 7 (00, 6, 12, 13, 32, 44, 50)
Мрежно место spurs.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Оваа организација има освоено пет шампионски пехари,[1] со што е четвртата најуспешна франшиза на сите времиња во американската професионална кошарка. Во нивното повеќедецениско учество во елитната кошаркарска лига, само четири пати се немаат пласирано во плеј-оф завршницата. Тие ја држат најдолгата низа на последователни плејоф учества (16), како и најдолгата низа на сезони со преку 50 победи во регуларниот дел (14).[2]

Тимот од клупата го предводи Грег Попович. Спарс имаат долга играчка традиција, но можеби најпознато дуо во нивната историја е центарскиот двоец Дејвид Робинсон и Тим Данкан, познат и како „кулите Близначки“. По пензионирањето на Робинсон, на сцена стапила „големата тројка“ сочинета од Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Овие тројца играчи биле носечкиот столб на екипата во изминатата деценија, во која четири пати играле во големото финале.

Низ текот на годините, Спарс израснале во силни конкуренти на Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс за доминација на Западот. Во новиот милениум, само овие три екипи ја претставувале Западната Конференција во Битката за шампионскиот прстен.[3]

Состав

уреди
Име Години Држава Височина Позиција
Бејтс-Диоп Кеита 26   САД 2.03м крило
Девонте Ккок 25   САД 2.01 м крило
Зек Колинс 24   САД 2.08 м Крилен центар/Центар
Горан Драгиќ 35   Словенија 1,91 плејмејкер
Келдон Џонсон 22   САД 2.03 м бек/крило
Тре Џонс 22   САД 1.91м бек
Џок Лендејл 26   Австралија 2.11м Центар
Ромео Лангфорд 22   САД 1.93м бек/крило
Даг МекДрмот 30   САД 2,01м крило
Дежонтеј Мари 25   САД 1.93м плејмејкер
Јакоб Пртл 26   Австрија 2.16м Центар
Џошуа Примо 19   Канада 1.98м бек
Џош Ричардсон 28   САД 1.96м бек/крило
Томас Саторански 30   Чешка 2.01м бек
Девин Весел 21   САД 1.96м бек/крило
Лоние Вокер 23   САД 1.93м бек/крило
Џо Вискамп 22   САД 1.98м бек/крило

Наводи

уреди
  1. „Спарси шампиони на НБА“. Он Нет. 15 јуни 2007. Посетено на 30 мај 2013.[мртва врска]
  2. Lee, Michael (15 јуни 2007). „For Spurs, a Familiar Ring“. The Washington Post. стр. E01. Посетено на 17 јули 2009.
  3. „Сан Антионио Спарс шампиони во НБА“. Дојче Веле. 15 јуни 2007. Посетено на 30 мај 2013.

Надворешни врски

уреди