Хјустон Рокетс (англиски: Houston Rockets) се американски професионален кошаркарски тим од градот Хјустон, Тексас. Тимот се натпреварува во Западна Конференција во Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА). Тимот бил основан во 1967 година под името Сан Диего Хјустон, и под ова име се задржал до 1971 година, кога го добил денешното име.[1]

Хјустон Рокетс
Хјустон Рокетс лого
Хјустон Рокетс лого
Конференција Западна Конференција
Дивизија Југозападна дивизија
Основан 1967
Историја Сан Диего Рокетс (1967–1971)
Хјустон Рокетс (1971-сѐ уште)
Арена Тојота Центар
Град Хјустон (Тексас), САД
Тимски бои                    
Сопственик/ци Тилман Фертита
Генерален менаџер Рафаел Стоун
Тренер Стивен Силас
Шампиони 2 (1994, 1995)
Конференциски титули 4 (1981, 1986, 1994, 1995)
Дивизиски титули 4 (1977, 1986, 1993, 1994)
Пензионирани броеви 6 (22, 23, 24, 34, 45, CD)
Мрежно место rockets.com
Дома jersey
Team colours
Дома
Гости jersey
Team colours
Гости


Тојота центар
Хјустон Рокетс против Јута Џез

Рокетс биле формирани во 1967 во Сан Диего, а потоа биле откупени од Роберт Брејтбард за 1,75 милиони долари. Името Рокетс го добиле по програмата за ракети на General Dynamics-Атлас.[2] Џек Мек Махон бил наменет за тренер на Рокетс, а првиот пик од драфтот во 1967 бил следниот член на куќата на славните-тренерот Пет Рајли. Како и да е, следно нешто за Рокетс било губење на 67 натпревари, што за тоа време бил рекорден број на порази во една НБА сезона.

Во првата сезона тимот има победено само на 15 натпревари. Но по драфтот на Елвин Хејс во 1969, тимот ги игра првите плеј-оф натпревари. Кога Хејс си заминал од тимот, на негово место доаѓа Мозес Малоун за да го замени. Малоун за тоа време освоил 2 МВП награди за најдобар играч во сезоната и го одвел тимот на првото финале во конференцијата. Тој исто така го одвел Хјусон во неговото прво финале во 1981 година, каде што изгубиле во 6 натпревари од тимот на Бостон Селтикс

Во 1984, Рокетс го драфтувале идниот член на НБА Куќата на славните Хаким Олајџувон кој ги однел во финале во 1986, каде изгубиле повторно од тимот на Бостон. Во следните 7 сезони, тимот губел во првата рунда во плеј-офот 5 пати.[3] Тие не го освоиле своето прво првенство сѐ до 1994. Тие ја повторуваат шампионската сезона и во 1995. Но, Рокетс отсуствуваат од плеј-оф натпревари од 1993-2003. Тие не стигнале до плеј-офот, сѐ додека не го драфтувале кинескиот центар Јао Минг, и не поминуваат во првата рунда во плеј-офот сè до 2009.

Состав уреди

Име Години Држава Височина Позиција
Џош Кристофер 20   САД 1.91м бек
Бруно Фернандо 23   Ангола 2.06м Крилен Центар/Центар
Усман Гаруба 19   Шпанија 2.03м Крилен Центар
Ерик Гордон 33   САД 1.91м бек/крило
Џејлен Грин 20   САД 1.93м бек
Кењон Мартин Jr. 21   САД 1.98М крило/Крилен Центар
Гарисон Метјувс 25   САД 1.96м бек
Даишен Никс 20   САД 1.93м плејмејкер
Давид Нваба 29   САД 1.96м бек/крило
Кевин Портер Jr. 21   САД 1.93м бек/крило
Тревелин Квин 24   САД 1.98м бек
Денис Шрудер 28   Германија 1.85м плејмејкер/бек
Алперен Шенгјун 19   Турција 2.08м Центар
Џеј'Шон Тејт 26   САД 1.96м крило/Крилен Центар
Џон Вол 31   САД 1.91 плејмејкер/бек
Кристијан Вуд 26   САД 2.11 Крилен Центар/Центар

Наводи уреди

  1. „Owners, fans waited years before Rockets took off“. Houston Chronicle. 20 септември 2001. Посетено на 13 мај 2008.
  2. „Going Retro: Houston Rockets are better than the lakers“. NBA.com. Посетено на 13 мај 2008.
  3. „1989 NBA Playoff Summary“. Basketball-Reference.com. Архивирано од изворникот на 2015-11-26. Посетено на 19 февруари 2009.

Надворешни врски уреди