Ален Ајверсон

Американски кошаркар


Ален Изаил Ајверсон е поранешен професионален американски кошаркар кој игра на позицијата бек. Тој учел во средното училиште Бетел и истовремено играл два спортови. Тој во една иста година ја освоил наградата мајдобар играч на годината во спортовите кошарка и американски фудбал која ја доделувала неговото училиште. После средно училиште Ајверсон се запишал на универзитетот во Џорџтаун каде учел две години и каде го поставил рекордот за најдобар процент на бодови во кариерата (23.0 по натпревар) и ја освоил наградата Дефанзивен играч на годината во две години последователно.

Ален Ајверсон


Лични информации
Роден на 7 јуни 1975(1975-06-07)(49 г.)
Роден во Хамптон, Вирџинија, САД
Националност САД САД
Позиција бек, плејмејкер
Информации за кариерата
Колеџ Џорџтаун (1996–1999)
Драфт 1996 / Рунда: 1 / Пик: 1
Избран од:
Филаделфија Филаделфија 76ерс
Проф. кариера 1996–2011
Сениорски клубови
Години: Клубови:
1996–2006
2006–2008
2008–2009
2009
2009–2010
2010–2011
Филаделфија Филаделфија 76ерс
Денвер Денвер Нагетс
Детроит Детроит Пистонс
Мемфис Гризлис Мемфис Гризлис
Филаделфија Филаделфија 76ерс
Бешикташ Бешикташ
Репрезентација
1995—2004 САД САД

После 2 успешни години на факултетот Џорџтаун тој бил спремен за НБА драфтот одржан во 1996 г. и беше избран од страна на Филаделфија Севентисиксерс како прв пик.[1] Тој беше избран за НБА дебитант на годината во сезоната 1996-97. Ајверсон има станато Ол-Стар единаесет пати и ја освоил наградата МВП на Ол-стар мечевите во 2001 и 2005.[2]

Го има освоено признанието најдобар поентер во сезоните 1998-99, 2000-01, 2001-02 и 2004-05. Неговиот процент на бодови по натпревар во регуларниот дел од сезоната изнесува 26.7 бода по натпревар со што се рангира на 6-то место на сите времиња, a неговиот процент на бодови по натревар во плејофот изнесува 29.7 бода по натпревар што е втор процент на најмногу бодови по натрпевар зад првиот на Мајкл Џордан. Ајверсон исто така беше и МВП на регуларниот дел во сезоната 2000-01 и истата година го водеше својот тим до НБА финалето, каде Филаделфија загубија од ЛА Лејкерс. Ајверсон играше за кошаркарската репрезентација на САД на Олимписките игри 2004, освојувајки бронзен медал. Тој исто така има играно и за Денвер Нагетс,[3] Детроит Пистонс[4] и за Мемфис Гризлис, пред да се врати во Филаделфија Севентисиксерс во сезоната 2009-10.[5]

Според ЕСПН, Ајверсон во 2008 беше избран за 5-от најдобар бек во историјата на НБА.

Наводи

уреди
  1. Кој е најдобриот НБА-драфт во историјата? Архивирано на 9 октомври 2011 г.; преземено од Спорт (22.06.2011)
  2. Хип-хоп забава во градот што не милува Црнци Архивирано на 5 март 2016 г.; преземено од Дневник (18.03.2006)
  3. Ајверсон си оди од Сиксерс; преземено од Дневник (11.12.2006)
  4. Ајверсон во Детроит, Билапс во Денвер Архивирано на 23 септември 2015 г.; преземено од ТВ Алфа (04.11.2008)
  5. Ален Ајверсон ја завршува кариерата[мртва врска]; преземено од ТВ Алфа (26.11.2009)

Надворешни врски

уреди