Отвори го главното мени

Кливленд Кавалирс

Кливленд Кавалирс (англиски: Cleveland Cavaliers) е американска кошаркарска екипа од Кливленд (Охајо). Настапуваат во Централната дивизија од Источната Конференција на НБА лигата. Во НБА пристапиле во 1970 година со проширувањето на бројот на клубови. Домашен терен им е Квикен Лоанс Арената.

Кливленд Кавалирс
Кливленд Кавалирс лого
Конференција Источна Конференција
Дивизија Централна дивизија
Основан 1970
Историја Кливленд Кавалирс (1970-сѐ уште)
Арена Квикен Лоанс Арена
Град Кливленд (Охајо)
Тимски бои               
Сопственик/ци Ден Гилберт
Генерален менаџер Крис Грант
Тренер Тајрон Лу
Шампиони 1 (2016)
Конференциски титули 1 (2007)
Дивизиски титули 3 (1976, 2009, 2010)
Пензионирани броеви 6 (7, 22, 25, 34, 42, 43, MIC)
Официјална веб-страница cavs.com
Kit body cavs association.png
Дома jersey
Kit shorts cavs association.png
Team colours
Дома
Kit body cavs icon.png
Гости jersey
Team colours
Гости


Оваа организација нема богата кошаркарска традиција. Врвот на својата популарност го достигнале во времето кога Леброн Џејмс бил во нивните редови (2003-2010). Под негово водство стигнале до финалето во 2007 година,[1] каде загубиле од Сан Антонио Спарс со максимални 4-0. Во моментов нивни најдобар играч е младиот Кајри Ирвинг, а тренер им е Мајк Браун.

Кавалирс се сопственици и на еден непопуларен рекорд во НБА со 26 последователни порази во сезоната 2010/11, веднаш по заминувањето на Леброн.[2]

СоставУреди

Кливленд Кавалирс
Ц 0   Кевин Лав  
П 1   Дерик Роуз
П 3   Ајзеа Томас
Б 4   Иман Шамперт
Б/К 5   Џеј Ар Смит
КЦ 8   Ченинг Фрај
Б 9   Двејн Вејд
К 10   Џон Холанд
КЦ/Ц 13   Тристан Томпсон
П 15   Лондон Перантес
К 16   Џеди Осман
К 23   Леброн Џејмс
К 26   Кајл Корвер
КЦ/К 32   Џеф Грин
Ц 41   Анте Жижиќ
П 81   Хозе Калдерон
КЦ 99   Џеи Краудер
Главен Тренер:   Тајрон Лу
  - Капитен
Ц - Центар / КЦ - Крилен центар / К - Крило /
Б - Бек / П - Плејмејкер


НаводиУреди

  1. „Кливленд Кавалирс за прв пат се пласираше во НБА финалето“. Нет Прес. 03.06.2007. конс. 30-05-2013. 
  2. Joey Morona, cleveland.com. „Sloppy from start to finish, Cleveland Cavaliers drop 26th straight, 103-94, to Detroit“. cleveland.com. конс. 2013-03-18. 

Надворешни врскиУреди