Пандемија на КОВИД-19

Пандемија на КОВИД-19 — тековна пандемија од коронавирусната болест 2019 (КОВИД-19), која предизвикува тежок остар дишен синдром коронавирус 2 (SARS-CoV-2). Вирусот за првпат се појавил во Вухан во провинцијата Хубеи во Кина во декември 2019. Светската здравствена организација (СЗО) прогласила пандемија на 11 март 2020 година.[1]

Пандемија на КОВИД-19
Тековна мапа на ширење на коронавирусот
  10 000 000+ случаи на милион жители
  1 000 000 – 9 999 999 случаи на милион жители
  100 000 – 999 999 случаи на милион жители
  10 000 – 99 999 случаи на милион жители
  1000 – 9999 случаи на милион жители
  100 – 999 случаи на милион жители
  1 – 99 случаи на милион жители
  нема потврдени случаи или нема податоци
ПатологијаCOVID-19
ПотеклоВухан, Кина
Прв случај1 декември 2019
Опфатени земјиСвет
Период1 декември 2019 - во тек
Статистички податоци
Број на излекувани212.000
Број на мртви53.100

До 15 март 2020, преку 167.000 потврдени случаи во повеќе од 140 земји и територии, а најтешко биле погодени Кина, Италија, Јужна Кореја, Иран и Шпанија.[2] Умреле преку 6.400 луѓе, додека 76.000 оздравеле.

Вирусот се шири помеѓу луѓето преку респираторни капки од кашлање и кивање.[3] Времето пред појавата на првите симптоми обично е пет дена, но може да биде и помеѓу два и 14 дена.[4] Препорачани мерки за превенција вклучуваат често миење и дезинфекција на рацете, одржување растојание од други луѓе (посебно оние кој се болни) и праќање во самоизолација до 14 дена за оние лица за кои се сомнева дека се инфицирани.[5]

Бројот на смртни сличаи во однос на бројот на дијагностицирани моментално е меѓу 3–4% што е нешто повеќе во споредба со обичен грип кај кој смртноста изнесува околу 0,1%. Меѓутоа, со текот на времето, бројот на смртните случаи во однос на бројот на инфицирани ќе се намалува.[6]

Многу држави ги ограничиле својте патувања, ја откажале наставата во училиштата и вовеле мерки за изолација и полициски часови.[7] Последиците од пандемијата во светот вклучуваат социјална и економоска нестабилност,[8][9] наводна ксенофобија и расизам кон Кинезите и другите народи од источноазиско потекло, како и ширење дезинформации и теории на заговор за вирусот и неговото потекло.[10] Пандемијата е заслужна за падот на светската берза на 9 март, како и за големиот број на откажувања на разни настани и спортски натпреварувања.

Епидемиологија и ширење

уреди
 
Анимирана карта на светот и текот на ширење на болеста

Се смета дека вирусот има животинско потекло и дека потеклото на вирусот SARS-CoV-2 најверојатно доаѓа од лилјак,[11][12] иако и потеклото од ракови не е исклучено..[13]

Декември 2019

уреди

Првите потврдени случаи биле луѓе кој работеле на пазарот за морски плодови во Вухан. Кинеските научници потоа ја изолирале, репродуцирале и ја ставиле на располагање неговата генетска низа. Патогенот е вирус од семејството корона чија генетска секвенца е 80% слична на SARS- CoV-1. Првите симптоми на вирусот се појавиле на 8 декември.

Јануари 2020

уреди

Хонгконг и Макао ги прогласиле првите потврдени случаи на 22 јануари. На почетокот на февруари, бројот на починати во Кина го надминал бројот од епидемијата на SARS- CoV-1. На 30 јануари, Италија имала два потврдени случаи на болни од вирусот, двајца кинески туристи за кои се претпоставува дека прво стигнале во Милано, а потоа заминале за Рим кога им се појавиле првите симптоми на болеста. Владата прогласила вонредна состојба на шест месеци и ги забранила сите летови за и од Кина.

Светската здравствена организација (СЗО) на 30 јануари прогласила избивање на епидемија со вонредна состојба за меѓународно јавно здравје.

Февруари 2020

уреди

На 26 февруари, СЗО објавила дека бројот на нови случаи разболени со коронавирус во Кина престанал да расте, но нагло се зголемил бројот во Иран, Италија и Јужна Кореја. До 26 февруари биле забележани мал број на случаи кај деца, а оние под 19 години сочинувале само 2,4% од вкупниот број на болни во светот.[14]

Март 2020

уреди

На 2 март 2020, потврдени биле 126.00 случаи, од кој 8.000 биле сериозни случаи. Преку 45.000 луѓе успеале да се опорават, додека болеста предизвикала 2.900 смртни случаи.[15]

На 9 март, Италија наметнала стоги мерки со карантин насекаде ширум земјата, ограничувајќи ги патувањата во само нужни, работни и здравствени околности. Набргу потоа избиле нереди во затворите и појава на големи турканици во супермаркетите.[16]

Вирусот брзо се проширил и во останатите земји и територии. До 10 март 2020, секоја држава во Европа освен Црна Гора и Косово имала барем по еден случај заразен со SARS-CoV-2. На 11 март, Светската здравствена организација прогласила пандемија на болеста COVID-19 предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Во Македонија на 10 март биле затворени сите училишта, а нешто подоцна е забранет влез за сите странски државјани во земјата кој доаѓале од високоризичните земји и подрачја со интензивна трансмисија на коронавирус.[17] Нешто подоцна најверојатно ќе бидат откажани и парламентарните изборите кој биле првично закажани за 12 април.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на 13 март прогласил вонредна состојба, доделувајќи 50 милијарди долари за укажување на помош.[18]

На 19 март 2020, Италија ја поминала Кина и станала прва земја во светот по бројот на мртви случаи од коронавирус.

Наводи

уреди
  1. „WHO Director-General's opening remarks at the media briefing on COVID-19 - 11 March 2020“. World Health Organization. 11 март 2020. Посетено на 11 март 2020.
  2. „Coronavirus Update (Live) for COVID-19 Wuhan China Virus Outbreak – Worldometer“. www.worldometers.info.
  3. „Getting your workplace ready for COVID-19“ (PDF). World Health Organization. 27 февруари 2020.
  4. Rothan HA, Byrareddy SN (februar 2020). „The epidemiology and pathogenesis of coronavirus disease (COVID-19) outbreak“. Journal of Autoimmunity: 102433. doi:10.1016/j.jaut.2020.102433. PMID 32113704. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „Coronavirus Disease 2019 (COVID-19)“. Centers for Disease Control and Prevention (англиски). 11 февруари 2020. Посетено на 9 март 2020.
  6. „Coronavirus disease 2019 (COVID-19) Situation Report – 46“ (PDF). World Health Organization. 6 март 2020. Архивирано (PDF) од изворникот 8 март 2020. Посетено на 13 март 2020.
  7. „Coronavirus impacts education“. UNESCO (англиски). 4 март 2020. Посетено на 7 март 2020.
  8. „Here Comes the Coronavirus Pandemic – Now, after many fire drills, the world May be facing a real fire“. The New York Times. 29 февруари 2020. Посетено на 1 март 2020.
  9. Krugman, Paul (27 февруари 2020). „When a Pandemic Meets a Personality Cult“. The New York Times. Посетено на 29 февруари 2020.
  10. Perper, Rosie (5 март 2020). „As the coronavirus spreads, one study predicts that even the best-case scenario is 15 million dead and a $2.4 trillion hit to global GDP“. Business Insider – преку Yahoo!.
  11. Benvenuto, Domenico; Giovannetti, Marta; Ciccozzi, Alessandra; Spoto, Silvia; Angeletti, Silvia; Ciccozzi, Massimo (2020). јануари 24.915157v1 „The 2019 new Coronavirus epidemic: evidence for virus evolution“ Проверете ја вредноста |url= (help). bioRxiv: 2020 јануари 24.915157. doi:10.1101/2020 јануари 24.915157 Проверете ја вредноста |doi= (help).
  12. Callaway, Ewen; Cyranoski, David (23 јануари 2020). „Why snakes probably aren't spreading the new China virus“. Nature. doi:10.1038/d41586-020-00180-8. Архивирано од изворникот 25 јануари 2020. Посетено на 27 јануари 2020.
  13. World Health Organization (2020). Novel Coronavirus (2019-nCoV): situation report, 22 (Report). World Health Organization. hdl:10665/330991.
  14. Report of the WHO-China Joint Mission on Coronavirus Disease 2019 (COVID-19) (Report). World Health Organization. 2020. https://www.who.int/docs/default-source/coronaviruse/who-china-joint-mission-on-covid-19-final-report.pdf
  15. News, B. N. O. (18 февруари 2020). „Tracking coronavirus: Map, data and timeline“. BNO News (англиски). Посетено на 29 февруари 2020.
  16. „COVID-19: All of Italy to be placed under lockdown, says PM“. CNA. 10 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-25. Посетено на 12 март 2020.
  17. „Затворени градинки и училишта и забрана за масовни собири“. Нова Македонија. 11 март 2020. Посетено на 20 март 2020.
  18. „Trump zbog koronavirusa u zemlji proglasio vanredno stanje“. BHRT (босански). 13 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-14. Посетено на 14 март 2020.

Надворешни врски

уреди