Сиетл Суперсоникс

Сиетл Суперсоникс бил поранешен американски кошаркарски клуб од Сиетл, Вашингтон. Клубот се натпреварувал во НБА лигата, како член на Западната конференција во Тихоокеанската и Северозападната дивизија од 1967 до 2008 година. По завршувањето на сезоната 2007-2008, тимот се преселил во Оклахома Сити и сега игра под името Оклахома Сити Тандер.

Сиетл Суперсоникс
Сиетл Суперсоникс лого
КонференцијаЗападна
Основан1967
ИсторијаСиетл Суперсоникс
1967–2008
Оклахома Сити Тандер
2008–денес[1][2]
АренаКи Арена
ГрадСиетл, Вашингтон
Бои на екипата              [3]
Повлечени броеви6 (1, 10, 19, 24, 32, 43)
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински
Алтернатива jersey
Team colours
Алтернатива

По одредбите на тужбата на градот Сиетл против сопственичката група предводена од Клеј Бенет, логото, трофеите и повлечените дресови останале во Сиетл, за да можат да му припаднат на некој друг НБА тим од Сиетл,[4] а историјата на франшизата Суперсоникс ќе биде поделена со Оклахома Сити Тандер.[5]

Историја уреди

Основање уреди

Стопанствениците од Лос Анџелес и сопственици на Сан Диего Чарџерс, Сем Шулман и Јуџин Клајн во 1966 година добиле дозвола од раководството на НБА за основање на кошаркарски клуб во Сиетл. Шулман на франшизата и го дал името Суперсоникс, откако неодамна на Боинг му бил доделен договор за изработка на првите надзвучни летала, кој подоцна бил откажан.[6] Така, градот Сиетл го добил првиот значаен клуб во некој од најважните спортови во САД.[7]

И така Суперсоникс набргу по формирањето започнале да се натпреваруваат, а својот прв натпревар го имале на 13 октомври 1967 кога загубиле со 144-116 од Сан Франциско Вориорс. Екипата во првата сезона била предводена од Ол-стар бекот Волт Хазард, како и од двајцата членови на Ол-руки тимот Боб Рул и Алберт Такер, додека тренер на клубот бил Ал Бјанки. Својата прва победа Суперсоникс ја оствариле на 21 октомври, во нивниот трет натпревар за сезоната победувајќи во Сан Диего против Сан Диего Рокетс по продолженија со 117–110. Првата сезона ја завршиле со учинок од 23 победи и 59 порази.[8]

Ерата на Лени Вилкенс уреди

 
Лени Вилкенс со Суперсоникс.

Хазард бил разменет во Атланта Хокс пред почетокот на следната сезона за Лени Вилкенс. Вилкинс донел силна ол-араунд игра во Суперсоникс, бележејќи просеци од 22.4 бода, 8.2 асистенции, и 6.2 скока по натпревар за Сиетл во сезоната 1968–1969, додека Рул ја подобрил неговата руки статистика на 24 бода и 11,5 скока по натпревар. Сепак, Суперсоникс успеале да добијат само 30 натпревари во регуларниот дел од сезоната, по што тренерот Бјанки бил отпуштен и заменет од Вилкенс како играч/тренер.

Вилкенс и Рул двајцата го претставувале Сиетл на НБА Ол-стар натпреварот 1970, а Вилкенс бил водач во лигата по бројот на асистенции за време на сезоната 1969–1970. Во јуни 1970 година сопствениците на НБА екипите изгласале 13–4 во корист на спојувањето на НБА и АБА лигите.[9] Шулман, кој бил член на комитетот за спојување на овие две лиги, се заканил дека неговиот тим ќе ја напушти НБА и ќе се приклучи во АБА лигата ако лигите не се спојат. Дури тврдел како ќе го пресели својот клуб во Лос Анџелес, како би играле против Лејкерс. Тужбата на Оскар Робертсон против НБА го одложила спојувањето, но сепак Суперсоникс останале во Сиетл.

На почетокот на сезоната 1970–1971, Боб Рул ја скинал левата ахилова тетива и го пропуштил остатокот од сезоната.[10] Лени Вилкенс пак бил избран за МВП на НБА Ол-стар натпреварот во 1971.

Доаѓањето на Спенсер Хејвуд уреди

После долга битка по судови, Суперсоникс успеале да го доведат рукито на годината во АБА лигата, Спенсер Хејвуд. Веќе следната сезона за првпат имале позитивен скор, 47–35. На почетокот на март имале скор 46–27, но повредите на стартерите предизвикале клубот да загуби 8 од последните 9 натпревари, и да ја пропушти шансата да се пласира во плејофот.

Пред почетокот на сезоната 1972-1973 Вилкенс отишол во Кливленд Кавалирс, а без него Суперсоникс имале поразителен скор 26–56. Единствената светла точка во клубот бил Хејвуд, кој во просек бележел по 29,2 бода и 12,9 скокови.

1975–1983: Златните години уреди

Легендарниот Бил Расел бил ангажиран како главен тренер во следната година, а во 1975 година тој ги одвел Супесоникс во плејофот за првпат во историјата на франшизата. Тимот, во кој главните улоги ги имале Хејвуд, бековите Фред Браун и Слик Вотс, и руки центарот Томи Барлесон, го совладал Детроит Пистонс со 2-1 пред да загуби од подоцнежниот шампион Голден Стејт Вориорс во шест натпревари. Следната сезона, го размениле Хејвуд во Њујорк Никс со цел да го засилат нападот на екипата. Фред Браун бил петти најдобар стрелец во лигата, додека Слик Вотс бил водач во лигата по бројот на асистенции и украдени топки. Суперсоникс повторно избориле пласман во плејофот, каде биле елиминирани од Финикс Санс во 6 натпревари, и покрај одличините игри на Браун (28,5 ппн) и Барлесон (20,8 ппн) за време на серијата.

 
Џек Сикма во 1978.

Расел го напуштил клубот после сезоната 1976-1977, а го заменил Боб Хопкинс. Екипата играла очајно под водството на Хопкинс, започнувајќи ја сезоната со скор 5–17, по што тој бил отпуштен и заменет од Лени Вилкинс. По враќањето на Вилкинс Лени Вилкенс и среќата на тимот веднаш се свртела во корист на Суперсоникс. Тие добиле 11 од првите 12 натпревари под водството на Вилкенс, и ја завршиле сезоната со 47–35, освојувајќи ја титулата во западната конференција. Во своето прво НБА финале во историјата на клубот, Суперсоникс воделе против Вашингтон Булетс со 3-2, но на крајот сепак биле поразени во 7 натпревари. За време на офсезоната составот на екипата не бил значајно променет. За време на сезоната 1978-1979, клубот ја освоил својата прва дивизиска титула и се пласирал во плејофот четврта година по ред. Во плејофот, Суперсоникс ги победиле Финикс Санс во тешка серија од седум натпревари во конференциското финале, за да закажат реванш против Булетс во НБА финалето. Овој пат, Суперсоникс биле подобри и ги совладале Булетс во пет натпревари (4-1) со што станале шампиони и му ја донеле на градот Сиетл првата, и единствена, НБА титула. Во шампионскиот тим на Суперсоникс тогаш играле бековите Гус Вилијамс и Денис Џонсон (МВП на финалето), центарот Џек Сикма, крилата Џон Џонсон и Лони Шелтон, како и важните резерви Фред Браун и Пол Силас.

Во сезоната 1979-80 тие го освоиле второто место во Тихоокеанска дивизија зад Лос Анџелес Лејкерс со одличен скор 56-26. Таа сезона, СуперСоникс поставиле рекорд во регуларниот дел од сезоната во НБА со просечна сезонска посетеност од 21.725 навивачи по натпревар.[11] Фред Браун имал највисок процент на шут за три бода во НБА, Џек Сикма играл во вториот од неговите седум Ол-стар натпревари со Сиетл, Гус Вилијамс и Денис Џонсон биле избрани во вториот Ол-НБА тим, а Џонсон исто така бил избран и во Ол-НБА првиот одбранбен тим втора година по ред. Суперсоникс стигнале до финалето на Западната конференција трета сезона по ред, но загубиле од Лејкерс во пет натпревари.

Тоа било последен пат кога Вилијамс и Џонсон играле заедно на бековските позиции во дресот на Суперсоникс. Џонсон бил разменет во Финикс Санс пред почетокот на сезоната 1980-1981, додека Вилијамс ја пропуштил целата сезона поради несогласувања околу договорот. Како резултат на тоа, дошло до голем пад во играта на Суперсоникс и тие завршиле на последното место во Тихоокеанската дивизија со скор 34-48, и тоа е единствениот пат во клупската историја кога тие завршиле на последното место во дивизијата. Вилијамс се вратил во игра за време на сезоната 1981–1982, а Сиетл успеале драстично да се подобрат забележувајќи респектабилни соодноси 52–30 и 48–34 во текот на следните две години.

Тренери уреди

Тренерска историја
Тренер Период
Ал Бјанки 1967–1969
Лени Вилкенс 1969–1972
Том Нисалке 1972–1973
Баки Бакволтер 1972–1973
Бил Расел 1973–1977
Боб Хопкинс 1977
Лени Вилкенс 1977–1985
Берни Бикерстаф 1985–1990
Кеј Си Џонс 1990–1992
Боб Клопенбург 1992
Џорџ Карл 1992–1998
Пол Вестфал 1998–2000
Нејт МекМилан 2000–2005
Боб Вајс 2005
Боб Хил 2006–2007
Пи Џеј Карлесимо 2007–2008

Наводи уреди

  1. „NBA History: Teams“. NBA.com. NBA Media Ventures, LLC. February 25, 2013. Посетено на January 29, 2017.
  2. „NBA.com/Stats–Oklahoma City Thunder seasons“. NBA.com. NBA Media Ventures, LLC. October 17, 2015. Архивирано од изворникот на 2017-09-15. Посетено на October 17, 2015.
  3. „Sonics Unveil New Logo and Official Colors“. SuperSonics.com. NBA Media Ventures, LLC. August 25, 2001. Архивирано од изворникот на December 18, 2001. Посетено на June 18, 2016.
  4. „The Professional Basketball Club, LLC and City of Seattle Settlement Agreement“ (PDF). www.seattle.gov. August 18, 2008. Посетено на October 16, 2017.
  5. „Details of settlement between Bennett, Seattle revealed“. ESPN.com. August 20, 2008. Посетено на May 7, 2015.
  6. „Behind The Name – Sonics“. OKCThunder.com. NBA Media Ventures, LLC. Посетено на December 31, 2015.
  7. „Seattle SuperSonics, Part 1“. historylink.org. Seattle's National Basketball Association team for 41 years, the SuperSonics were the city's first major league sports franchise and won a championship in 1979.
  8. Andrieson, David (October 12, 2007). „Sonics ushered Seattle into the big time 40 years ago Saturday“. Seattle Post-Intelligencer. Посетено на December 31, 2015.
  9. Pluto, Terry, Loose Balls: The Short, Wild Life of the American Basketball Association (Simon & Schuster, 1990), ISBN 978-1-4165-4061-8, p.200
  10. History in Headlines of the Sonics. Celebrity Services. 1979. стр. 11.
  11. Richardson, Kenneth (January 27, 1989). „Sonics Going Dome Tonight: Hawks in Rare Kingdome Visit“. The Seattle Post-Intelligencer.[мртва врска]

Надворешни врски уреди