Милано-Санремо 2018

109. издание на велосипедската трка Милано-Сан Ремо
(Пренасочено од Милано-Сан Ремо 2018)

Милано-Санремо 2018 — 109. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 17 март како осми настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Милано-Сан Ремо 2018
Детали за трката
Издание109. Милано-Санремо
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2018 1.UWT
Датум17 март 2018
Растојание291 км
ДржаваITA Италија
ПоаѓалиштеМилано
ОдредиштеСанремо
Екипи25
Возачи на почеток175
Возачи на крај164
Просечна брзина40,208 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникITA Винченцо Нибали (Бахреин Викториус)
ВторопласиранAUS Кејлеб Јуан (Тим Џејко АИУла)
ТретопласиранFRA Арно Демар (Групама-ФДЖ)
◀20172019▶
Документација

Трката била освоена од Винченцо Нибали од екипата Бахреин-Мерида, станувајќи првиот Италијанец по Филипо Поцато во 2006 година кој го освоил овој класик.[3] Нибали нападнал на Поџо ди Санремо и успеал да се одржи пред спринтерите во завршните метри за победа.[4] Кејлеб Јуан (Мичелтон-Скот) ги предводел спринтерите секунда пред возачот на Групама-ФДЖ Арно Демар, победник во 2016 година.[4]

Екипи

уреди

Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Седум професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[6][7] Секоја екипа имала право да настапи со седум возачи, што довело главната група да има 175 натпреварувачи.[8]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7)

Рута

уреди

Како еден од велосипедските монументи, Милано-Санремо — општо сметана за спринтерски класик — е меѓу најценетите трки во професионалниот велосипедизам.[9]

Рутата за 2018 била првично предвидена да биде долга 291 километар, започнувајќи од Милано до традиционалната завршница во Санремо.[10] Завршниот дел на трката ги вклучувала искачувањата на Чипреса и на Поџо ди Санремо, кои обично се покажувале одлучувачки за исходот на трката. Исто така, на рутата возачите морале да го совладаат 35-километарското искачување на Пасо дело Туркино[11], иако не се сметало за клучна точка на трката. По Туркино, рутата го следела брегот од Џенова до завршницата во Санремо. На помалку од 50 километри до целта, започнувале првите искачувања, пред да дојдат двете завршни искачувања до целта.[12]

Еден ден пред трката било објавено дека трката била продолжена на 294 километри со пренасочување по првичната ознака за 100 километри кај Базалуцо.[11]

Фаворити пред трката

уреди
 
Петер Саган (фотографиран на Тур де Франс 2017) бил сметан за главен фаворит за победа.

Трикраткиот светски првак Петер Саган (Бора-Хансгрое) бил сметан за најголем фаворит за победа. За разлика од другите бил сметан како возач кој можел да победи во масовен спринт, како и во доцен напад на завршното искачување. Дошол на трката со добра форма, завршувајќи втор на три етапи на Тирено-Адријатико, етапна трка која се одржала пред Милано-Санремо.[13] Михал Квјатковски (Тим Скај), бранителот на титулата, бил исто така сметан за силен фаворит, откако го освоил генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Жилијан Алафилип (Квик-Степ Флорс), кој бил трет во 2017 година, бил исто така сметан меѓу фаворитите за трката. Додека Квјатковски и Алафилип бил сметани за бегство на едно од последните брда, неколку спринтери се вбројувани меѓу фаворити доколку поголема група пристигне на целта заедно.[12] Победникот во 2014, Александер Кристоф (ОАЕ Тим Емирати) бил меѓу нив, како и Арно Демар (Групама-ФДЖ), кој ја освоил трката во 2016 година, но се повлекол од Париз-Ница поради настинка.

Други силни спринтери меѓу почетниот состав биле Елија Вивијани (Квик-Степ Флорс), Матео Трентин (Мичелтон-Скот), Едвалд Боасон Хаген (Тим Дименжн Дата), Магнус Корт (Астана), Андре Грајпел (Лото-Судал)[14] и Марсел Кител (Катјуша-Алпесин), кој учествувал на трката по првпат.[12] Мајкл Метјус (Тим Санвеб), обично исто така фаворит, немал големи шанси поради повреда на рамото,[14] која ја здобил три недели претходно на Омлоп Хет Ниусблад. Победникот од 2015 година, Џон Дегенколб (Трек-Сегафредо) ја пропуштил трката поради болест, како и неговиот колега Џакомо Ницоло.[15] Фернандо Гавирија (Квик-Степ Флорс) исто така ја пропуштил трката,[14] поради повреда на раката здобиена на Тирено-Адријатико. Неговиот колега Филип Жилбер, кој завршил на подиум на Милано-Санремо двапати во минатото, целел на победа за да се доближи до неговата цел за победа на сите пет „монументални трки“ во велосипедизмот.[12] Други возачи кои можеле да имаат шанси на едно од искачувањата пред целта биле Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида), олимпискиот првак Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер), Џани Москон (Тим Скај) и Нејтан Хас (Катјуша-Алпесин).[12]

Поредок

уреди

Завршен пласман

уреди

[4][16]

 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Винченцо Нибали Бахреин Викториус7ч 18' 43
2.   Кејлеб Јуан Тим Џејко АИУла+ 0
3.   Арно Демар Групама-ФДЖ+ 0
4.   Александер Кристоф ОАЕ Емирати+ 0
5.   Јирген Рулантс ССС Team+ 0
6.   Петер Саган Бора-Хансгрое+ 0
7.   Мајкл Метјус Тим ДСМ+ 0
8.   Магнус Корт Астана Казахстан Тим+ 0
9.   Сони Колбрели Бахреин Викториус+ 0
10.   Јаспер Стејвен Трек-Сегафредо+ 0
11.   Михал Квјатковски Инеос Гренадиерс+ 0
12.   Мати Брешел ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 0
13.   Кристоф Лапорт Кофидис+ 0
14.   Саша Модоло ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 0
15.   Марко Канола Нипо-Вини Фантини-Европа Овини+ 0
16.   Едвалд Боасон Хаген Дименжн Дата+ 0
17.   Грег ван Авермат ССС Team+ 0
18.   Нејтан Хас Катјуша-Алпесин+ 0
19.   Елија Вивијани Судал Квик-Степ+ 0
20.   Максимилијано Ричезе Судал Квик-Степ+ 4
Извор: ProCyclingStats


Наводи

уреди
  1. „UCI announces 2018 road calendar“. Cycling News. Посетено на 20 октомври 2017.
  2. „2018 UCI WorldTour calendar unveiled“. Velon. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 20 октомври 2016.
  3. „Milano-Sanremo 2018, Vincenzo Nibali scatta sul Poggio e vince: primo italiano dopo 12 anni“ [Milan-Sanremo 2018, Vincenzo Nibali takes on the Poggio and wins: the first Italian for 12 years]. Corriere della Sera (италијански). RCS MediaGroup. 17 март 2018. Посетено на 17 март 2018.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Vincenzo Nibali wins Milan-San Remo“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 17 март 2018. Посетено на 17 март 2018.
  5. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  6. „Milano-Sanremo and UCI Worldtour 2018 Wild Cards“. Милано-Санремо. RCS MediaGroup. 20 јануари 2018. Архивирано од изворникот на 2018-03-17. Посетено на 17 март 2018.
  7. Garibaldi 2018, стр. 12.
  8. „Elenco Partenti / Start List / Liste des partants“ (Portable Document Format). Милано-Санремо. RCS MediaGroup. 17 март 2018. Посетено на 17 март 2018.
  9. Вестбај, Мет (9 април 2015). „Spring classics: A beginner's guide to Paris-Roubaix, Milan-San Remo and the other one-day races“. Sky Sports. Sky UK. Посетено на 18 март 2017.
  10. Garibaldi 2018, стр. 23.
  11. 11,0 11,1 Garibaldi 2018, стр. 14–27.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Рајан, Бери (15 март 2018). „2018 Milan-San Remo Preview“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 17 март 2018.
  13. Фаранд, Стивен (17 март 2018). „Milan-San Remo predictions: Peter Sagan can win any way he wants“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот 2018-03-17. Посетено на 17 март 2018.
  14. 14,0 14,1 14,2 „Vorschau Mailand - Sanremo: Alle Sprinter gegen Peter Sagan?“ [Preview Milan - Sanremo: All sprinters against Peter Sagan] (германски). Eurosport. 16 март 2018. Посетено на 17 март 2018.
  15. „Degenkolb, Nizzolo ruled out of Milan-San Remo“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 14 март 2018. Архивирано од изворникот 2018-03-15. Посетено на 17 март 2018.
  16. „Милано-Санремо 2018“. ProCycling.

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди