Македонска дијаспора

(Пренасочено од Македонската дијаспора)

Македонската дијаспора ја составуват Македонците кои живеат надвор од границите на Република Македонија. Првите иселувања на Македонците почнаа во 1900 година, поради политички и економски причини. По неуспешните востанија за ослободување на татковината во почетокот на XX век, многумина Македонци почнаа да се иселуваат од родните огништа поради разни притисоци. Најчесто иселувањето беше во прекуморските земји. Значително иселување на Македонците имаше и по Грчката граѓанска војна, по која од Егејска Македонија беа протерани голем број луѓе, (се претпоставува околу 100.000), кои замина во источните европски држави.

Македонска прослава во Берлин, Германија

Вториот бран на иселување на Македонците се случил во 1980 и 1990-тие години поради економски причини. Извештајот од 1964 година наведува број на 580.000 македонски иселеници.[1][2] Главен застапник на македонската дијаспора ширум светот е меѓународната организација Обединета Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон, САД.

Македонците во светот

уреди
 
Етничко знаме на македонците

Дел од темата
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
НОБ (1941-1944)
НОФ (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р Македонија (1944-1991)
Р Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

Држава Главен град Број на Македонци Главна статија
1   Австралија Канбера 100,000 или 200,000 Македонци во Австралија
2   Албанија Тирана 4,697[3] или 180,000[4] Македонци во Албанија
3   Австрија Виена 20,135 Македонци во Австрија
4   Аргентина Буенос Аирес 35,000 Македонци во Аргентина
5   Бугарија Софија 5,071[5] или 205,000[6] Македонци во Бугарија
6   Белгија Брисел 5,000 Македонци во Белгија
7   Бразил Бразилија 45,000 Македонци во Бразил
8   Босна и Херцеговина Сараево 2,275 Македонци во Босна и Херцеговина
9   Чешка Прага 13,000 Македонци во Чешка
10   Црна Гора Подгорица 1,000 Македонци во Црна Гора
11   Данска Копенхаген 3,349–12,000 Македонци во Данска
12   Франција Париз 2,300–15,000 Македонци во Франција
13   Финска Хелсинки 8,963 Македонци во Финска
14   Грција Атина 10,000 – 300,000 Македонци во Грција
15   Хрватска Загреб 4.270 Македонци во Хрватска
16   Италија Рим 92,847 (2009) - 150,000 Македонци во Италија
17   Канада Торонто 37,055 - 200,000 Македонци во Канада
18   Германија Берлин 62,295-100,000 Македонци во Германија
19   Холандија Амстердам 15,000 Македонци во Холандија
20   Луксембург Луксембург 200 Македонци во Луксембург
21   Норвешка Осло 4,005 Македонци во Норвешка
22   Полска Варшава 2,000-5,000 Македонци во Полска
23   Португалија Лисабон 50 Македонци во Португалиjа
24   Република Српска Бања Лука 341 Македонци во Република Српска
25   Романија Букурешт 731–6,000 Македонци во Романија
26   Русија Москва 1,000 Македонци во Русија
27   Словенија Љубљана 3,972[7] Македонци во Словенија
28   Словачка Братислава 4,600 Македонци во Словачка
29   Србија Белград 30,000 (80,000) Македонци во Србија
30   Швајцарија Берн 61,304-100,000 Македонци во Швајцарија
31   Шведска Стокхолм 3.669 Македонци во Шведска
32   Шпанија Мадрид 200 Македонци во Шпанија
33   Турција Анкара 31,518 Македонци во Турција
34   Нов Зеланд Велингтон 807–1,500 Македонци во Нов Зеланд
35   САД Вашингтон 57,200-20,000 Македонци во САД
36   Велика Британија Лондон 10,000-15,000 Македонци во Велика Британија

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Тополињска З.- International Journal of the Sociology of Language, In place of a foreword: facts about the Republic of Macedonia and the Macedonian language, поглавје: 131, страници: 1-11, 1998
  2. Насевски, Бошко; Ангелова, Дора. Геровска, Драгица (1995). Македонски Иселенички Алманах '95. Скопје: Матица на Иселениците на Македонија. стр. 20 & 36.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. „Попис 1989“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-10-25. Посетено на 2009-05-24.
  4. Македонците во Албанија
  5. Попис на населенијето 2001
  6. Center for Documentation and Information on Minorities in Europe - Southeast Europe (CEDIME-SE) - Македонци во Бугарија
  7. „Попис на населенијето 2002“. Архивирано од изворникот на 2017-04-26. Посетено на 2010-04-04.