Македонци во Република Српска

Македонците во Република Српска се граѓани од македонско потекло, кои живеат и работат на територијата на Република Српска. Точниот број на Македонците во Република Српска, не е познат, бидејќи последниот попис е спроведен во 1991 г. Македонците се еден од дванаесетте официјални национални малцинства во Република Српска, а и нивните интереси ги застапуваат претставници и пратеници во Советот на националните малцинства и Унијата на националните малцинства.

Македонците во Република Српска
Подрачја со значајно население
Бања Лука
Јазици
македонски, српски
Вероисповед
православие
Сродни народи

Историја

уреди

Македонците оваа област почна да се населат во почетокот на XX век. Иако повеќето од нив дошле деловни причини, македонските доселеници останале трајно. Долго време немале културни и уметнички друштва околу кои ќе се соберат, но сепак успеале да го зачуваат својот јазик и обичаи.

По Втората светска војна на територијата на денешна Република Српска дошол нов бран од македонски доселеници. Македонците се населени претежно по поголемите градови како Бања Лука, Требиње, Добој, Бијељина, Приедор, Дервента и Зворник, но денес на активноста на Македонците се забележува само во Бања Лука.[1]

Религијa

уреди

Македонците во Република Српска, како и поголемиот дел од нивните сонародници, во матичната земја, како и низ целиот свет имаат православната вера. Како и највеќето Срби во земјата, Македонците во Република Српска припаѓаат Српската православна црква, особено поради фактот што Европската епархија на МПЦ-ОА не ја покрива Босна и Херцеговина..

Здружение

уреди

Во Република Српска постои само едно здружение кое ги собира членовите на македонскиот народ и љубителите на македонската историја и култура, наречено „Здружение на Македонците“, основано во 2002 г. и брои преку 170 члена. Претходникот на ова здружение е Здружението на граѓани на српско-македонско пријателство, основано во 200 г. од неколку љубители на Македонија. Целта на основање на здружението била да се зајакне пријателство врски меѓу Република Македонија и Република Српска.[2]

Познати личности

уреди

Извори

уреди
  1. Голем број Македонци живеат во Бања Лука и Сараево, Пристапено 6. 12. 2016.
  2. Македонците Архивирано на 6 февруари 2017 г., Пристапено 6. 12. 2016.