Македонци во Аргентина

Македонски Аргентинциаргентински граѓани со македонско потекло или лица родени во Македонија кои престојуваат во Аргентина. Повеќето од аргентинските Македонци се потомци на етничките Македонци од Бугарија, проследено со оние од Грција и Република Македонија (највеќе од Преспанско и Охридско). Аргентина е дом на една од најголемите македонски заедници во Америка.

Македонци во Аргентина
Знаме на Македонците во Аргентина
Вкупен број
30,000[1]
Подрачја со значајно население
Пампа, Кордоба, Чако, Буенос Аирес, Санта Фе
Јазици
Македонски · Бугарски · Грчки
Вероисповед
Македонска православна црква
Римокатоличка црква
Сродни народи
Македонци, Македонци во Бразил

Многу македонски Аргентинци се потомци на „печалбари“ (сезонски работници) кои дојдоа во Аргентина во почетокот на XX век. Многу одлучија да останат во земјата, поставувајќи македонски колонии во рамниците (пампи) во Јужна Америка и другите региони. Најголем број од Македонците може да се најдат во Буенос Аирес, рамниците во Јужна Америка и Кордоба. Се проценува дека 30.000 Македонци живеат во Аргентина.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Насевски, Бошко; Дора Ангелова. Драгица Геровска (1995). Македонски Иселенички Алманах '95. Скопје: Матица на Иселениците на Македонија. стр. 52 и 53.