Американски Македонци

Американските Македонци (англиски: American Macedonians) се Американци со македонско етничко потекло. Нивниот број според последниот попис на населението брои околу 69.636,[5] но според неофицијални проценки оваа бројка достигнува и до 200.000 - 500.000. Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е во најголем број македонски и англиски и припаѓаат на православната вера.

Американски Македонци
American Macedonians
Собир со Македонци од МПО во Охајо, о.1924 со знаме каде што пишува „Александар Македонски“ и „Македонија на Македонците
Вкупен број
200.000 - 500.000[1]
Подрачја со значајно население
Њујорк,[2] Охајо,[3][4] Северен-Источни и Северен-Среден дел од САД.
Јазици
Македонски, Англиски
Вероисповед
Православни

Првите Македонци

уреди

Првиот Македонец во Америка според разни извори беше во 1492 под името Драган[6] со потекло од Охрид, кој пловел заедно со Кристофер Колумбо. Имено, постојат две приказни за тоа. Првата приказна е дека Драган бил религиозен еретик кој избегнал прогон од Македонија кој потоа заминал за Шпанија. Подоцна бил откриен и бил осуден на смрт. Кристофер Колумбо го спасил Драган од смртната пресуда која требало да се изврши со спалување. Подоцна тој бил регрутиран за првото патување до Америка.[7]

Втората приказна тврди дека Драган заедно со својето семејство бил избркан од Охрид кога бил дете, веднаш кога Турците го окупирале градот. Целото семејство се преселило во Шпанија, каде Драган служел војска и станал омилен војник на кралот, и од каде подоцна отпловил заедно со Колумбо. Според оваа приказна, кога Драган се вратил во Европа, оформил своја експедиција и отпловил со својата посада до Венецуела.[7]

Откриени се три документи од 15 век, во кои е споменато дека во првата експедиција на Колумбо имало и еден охриѓанец. Документите всушност претставуваат приватни писма напишани од француската грофица Мари-Мадлен, Сан Жозеф де Поасон, која била современик на тие настани. Таа била сопруга на чешкиот кастелан Витаслав Галас, со кого во периодот од 1491 до 1509 година, престојувала на дворот на шпанските владетели Фердинанд и Изабела, т.е. на владетелите кои ги финансирале патувањата на Кристофер Колумбо за Америка. Мари-Мадлен Сан Жозеф де Поасон во тоа време се допишувала со својата братучетка од Париз, војвотката О'Конел.

Како дворјанка на шпанскиот двор, грофицата Мари-Мадлен на својата братучетка ѝ пишувала за сето она што тогаш се случувало во Шпанија, вклучувајќи го и откривањето на Америка од страна на Колумбо. Во времето кога Иван Мазов го вршел своето истражување, писмата што ги пишувала грофицата Мари-Мадлен биле во сопственост на тогашниот жител на Чехословачка по име Крамарич.[6] Според некој извори после Драган имаше едно семејство со македонско потекло покрај реката Вардар и Охрид кој се преселиле после кога регионите паднале под турско робство, тие биле Ѓорѓи и Јована, кој околу 1509 се преселиле во денешен ден Њујорк.[8]

Помеѓу 16 век - 18 век

уреди

Во библиотеката во Вашингтон се сочувани околу 1.000 копии од барања за документи на Македонци, кои имигрирале во САД, од 1795 до 1925 година. Во Конгресната библиотека во Вашингтон има копии од најмалку 1.000 барања од Македонци, кои аплицирале за американски пасош. Тоа се документи на еден од првите Македонци, кои имигрирале во САД, од 1795 до 1925 година. Во неа се нагласува и успехот на спортистите со македонско потекло во различни спортски дисциплини во САД, како и придонесот на македонските Американци во разни уметнички форми, вклучувајќи ги визуелните уметности, литературата, музиката, танцот, театарот, филмот и фотографијата.[9]

Македонците помеѓу 19ти век и 20ти век

уреди
 
Група на Македонци во Американска престава за Македонска Крвава Свадба

Бројот на македонски имигранти почна повеќе да се зголемува околу 19ти век од кој дошле од пограничните региони во северниот дел на Егејска Македонија, првенствено регионите близу Костур, Лерин, и југозападниот дел на Република Македонија, особено околу Битола. Се проценува дека околу 50.000 Македонци емигрирале во САД помеѓу 1903 и 1906 година, но избувнувањето на Балканските војни и Првата светска војна ги ограничи тие миграции. Околу 20.000 останаа во САД, а остатокот се вратија дома. Имигрантите беа претежно селани, а остатокот занаетчии, работници и интелектуалци. Имиграцијата продолжи по војните; повеќето од новите имигранти беа Македонци од Грција, од кои многумина биле протерани од Егејска Македонија во 1920 година. Во 1920-тите и 1930-тите години македонскиот јазик бил забележан во американски пописи. Околу 50,000-60,000 Македонци емигрирале во Канада и САД на крајот на Втората светска војна.

Значајни личности

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Предложена резолуција во Сенатот да се слават македонскиот јазик, култура и историја (2023) од Воа неус
  2. "Yearbook of Immigration Statistics: 2011 Supplemental Table 2". U.S. Department of Homeland Security. Retrieved 2013-03-23.
  3. "Macedonian Ohioans - Ohio History Central". Архивирано на 21 август 2023 г. Ohiohistorycentral.org. Retrieved 14 September 2014.
  4. "Macedonian Americans - History, Modern era, The first macedonians in america". Everyculture.com. Retrieved 14 September 2014.
  5. Попис од САД во 2019
  6. 6,0 6,1 Македонецот Драган од Охрид еден од екипажот на експедицијата на Кристофер Колумбо од Македонска Нација (2009)
  7. 7,0 7,1 Кој бил првиот Македонец што стапнал на Американско тло? (2017) од 365.сом
  8. Ѓорѓи од Лихнидос, Драган од Охрид, Јована крај Вардар од Нова Македонија (2022)
  9. Американски пасоши на Македонци во Конгресната библиотека (2016) од Милена Ѓорѓиевска
  10. „Macedonia Gearing up for Presidential Elections, October 18, 1999“. Архивирано од изворникот на 2010-12-21. Посетено на 2014-07-04.
  11. „Culture:Republic of Macedonia“. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 2014-07-04.
  12. „Soccer America: April 28, 2003“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-08-15. Посетено на 2014-07-04.
  13. Macedonian Americans: Encyclopedia
  14. 14,0 14,1 14,2 „Macedonian Patriotic Organization“. Архивирано од изворникот на 2009-04-16. Посетено на 2014-07-04.
  15. „Development driver: Ilitches' move downtown started several balls rolling“. Crain's Detroit Business. April 28, 2009.
  16. 16,0 16,1 16,2 Macedonian Americans: Encyclopedia
  17. Macedonia Daily
  18. OutSportsCentral.com
  19. Stoyan Christowe - Vermont Historical Society