Македонци во Данска
Македонците во Кралството Данска формираат мала малцинска група во државата. Организирани се во шест активни организации. Точниот број на Македонци во државата е непознат, меѓутоа бројот на македонски државјани во Данска изнесува 12.000. Најголемиот број од нив се сконцентрирани во главниот град Копенхаген, но има и помали групи во Оденсе, Орхус, Аалборг и други места. Припаѓаат на православната вера, односно на Македонска православна црква и најчесто зборуваат македонски и дански јазик.
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |