Канадски Македонци

Македонците во Канада претставуваат една од најголемите групи на Македонската дијаспора. Според пописот на населението во Канада нивниот број изнесува 37.055, но според проценките на неколку организации Македонците во Канада бројат околу 200.000 луѓе. Најголемиот број од нив се сконцентрирани во Торонто (околу 40.000), но ги има и во други градови, како Отава, Монтреал, Винипег и други.

Историја

уреди

Првите македонски имигранти дошле од пограничните региони во северниот дел на Егејска Македонија, првенствено регионите близу Костур, Лерин, и југозападниот дел на Република Македонија, особено околу Битола. Се проценува дека околу 50.000 Македонци емигрирале во Канада помеѓу 1903 и 1906 година, но избувнувањето на Балканските војни и Првата светска војна ги ограничи тие миграции. Околу 20.000 останаа во Канада, а остатокот се вратија дома. Имигрантите беа претежно селани, а остатокот занаетчии, работници и интелектуалци. Имиграцијата продолжи по војните; повеќето од новите имигранти беа Македонци од Грција, од кои многумина биле протерани од Егејска Македонија во 1920 година. Во 1920-тите и 1930-тите години македонскиот јазик бил забележан во американски пописи. Околу 50,000-60,000 Македонци емигрирале во Канада и САД на крајот на Втората светска војна.

Организации

уреди

Најпознати организации или друштва се:

Значајни Македонци во Канада

уреди

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди