Летни олимписки игри 1960
17-те Летни олимписки игри се одржале во Рим во 1960 година. Рим требало да биде домаќин на Летните олимписки игри - 1908, но поради ерупцијата на вулканот Везув во 1906, игрите биле префрлени во Лондон. На 15 јуни 1955 на 50-тата сесија на МОК во Париз, Рим ги победил останатите конкуренти, градовите Лозана, Детроит, Будимпешта, Брисел, Град Мексико и Токио.
VIII Зимски олимписки игри | |
| |
Град домаќин | Скуо Вели, САД |
---|---|
Бр. на држави | 83 |
Бр. на спортисти | 5,338 (4,727 мажи, 611 жени) |
Натпревари | 150 од 17 спортови |
Отворени | 18 февруари |
Затворени | 28 февруари |
Официјално отворени од: | Претседател Џовани Гронки[1] |
Спортска заклетва | Адолфо Конзолини |
Олимписки оган | Giancarlo Peris |
Стадион | Блит Арена |
Резултати од изборот за град-домаќин на Летните олимписки игри - 1960 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | Втор круг | Трет круг | ||
Рим | Италија | 15 | 26 | 35 | ||
Лозана | Швајцарија | 14 | 21 | 24 | ||
Детроит | САД | 6 | 11 | - | ||
Будимпешта | Унгарија | 8 | 1 | - | ||
Брисел | Белгија | 6 | - | - | ||
Град Мексико | Мексико | 6 | - | - | ||
Токио | Јапонија | 4 | - | - |
Краток преглед
уреди- Советските гимнастичарки освоиле 15 од можни 16 златни медали во гимнастика во женска конкуренција.
- Данискиот веслач Паул Елвстром го освоил својот четврти златен медал во финска класа на четвртите Летни олимписки игри. Тоа го оствариле уште и Ал Ертер и Карл Луис, а доколку се сметаат игрите одржани во Атина во 1906 за Олимписки тоа го остварил и Реј Еври.
- Финскиот стрелец Вилхо Љонен погодил погрешно биково око и паднал од втората на четвртата позиција.
- Унгарскиот мечувач Аладар Геревич го освоил својот шести златен медал во сабја во тимска конкуренција на шестите различни Олимписки игри. Тоа го сторил пред тоа на Летните олимписки игри - 1932, 1936, 1948, 1952, 1956.
- Вилма Рудолф, поранешен играч на поло освоила 3 златни медали во спринтерските трки.
- Абебе Бикила победил на маратонот којшто го истрчал бос со што станал првиот африкански црнец кој победил на Олимписката делница од 42 км 195m.
- Касиус Клеј, подоцна попознат како Мохамед Али освоил златен медал во бокс во лесна супертешка категорија.
- Јапонскиот машки гимнастички тим го освоил првиот од петте последователни златни медали.
- Јужноафриканската Република настапила за последен пат под режимот на апартхејдот. Земјата на игрите ќе отсуствува сè до Летните олимписки игри - 1992 одржани во Барселона кога ќе настапи под новиот државен режим.
- Шведскиот натпреварувач во кано Герт Фредриксон го освоил својот шести златен медал на Олимписките игри.
- Данскиот велосипедист Клуд Енемарк се онесвестил за времена велосипедската трка како влијание на амфитамини во телото по што откако бил префрлен во болница починал. Тоа било по вторпат еден спортист да умре настапувајќи на Олимписките игри по португалскиот маратонец Франсиско Лазаро на Летните олимписки игри - 1912 одржани во Стокхолм.
- Австралијанскиот атлетичар Херб Елиот победил во трката на 1500m со доминација која засекогаш ќе остане запаметена во Олимписката историја.
- Американскиот атлетичар Рафер Џонсон го победил во десетобој својот пријател Јанг Чуан Кванг.
- Питер Камехо којшто во 2004 беше кандидат за потпретседател на САД се натпреварувал за својата Венецуела.
- Пакистан ја победил Индија во хокеј на трева со што ја срушил индиската доминација којашто траела 6 Олимпијади од 1928 година.
- По три последователни сребрени медали, СФР Југославија со победата во финалето над Данска со 3-1 го освојува единствениот златен медал во фудбал на Олимписките игри.
- Кралицата Софија од Шпанија се натпреварувала за Грција во едрење.
- Џеф Фарел освоил 2 златни медали во пливање откако само 6 дена пред Олимписките квалификации имал апендекстомална интервенција.
Спортови
уредиЗемји-учеснички
уредиНа Летните олимписки игри одржани во Рим во 1960 учествувале натпреварувачи од 84 земји. На игрите дебитирале Мароко, Сан Марино, Судан и Тунис. На игрите исто така требало да се појави и натпреварувач од Суринам со што и оваа земја би дебитирала на игрите, но тој се откажал, па на игрите всушност учествувале спортисти од 83 земји. Спортистите од Барбадос, Јамајка и Тринидад и Тобаго се натпреварувале во комбиниран тим (Британски Западни Инди). Спортистите од Источна и Западна Германија повторно се натпреварувале во комбинираниот олимписки тим Германија.
Освојувачи на медали
уредиМесто | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | СССР | 43 | 29 | 31 | 103 |
2 | САД | 34 | 21 | 16 | 71 |
3 | Италија (домаќин) | 13 | 10 | 13 | 36 |
4 | Обединет тим на Германија | 12 | 19 | 11 | 42 |
5 | Австралија | 8 | 8 | 6 | 22 |
6 | Турција | 7 | 2 | 0 | 9 |
7 | Унгарија | 6 | 8 | 7 | 21 |
8 | Јапонија | 4 | 7 | 7 | 18 |
9 | Полска | 4 | 6 | 11 | 21 |
10 | Чехословачка | 3 | 2 | 3 | 8 |
Наводи
уреди- ↑ International Olympic Committee (9 октомври 2014). "Factsheet - Opening Ceremony of the Games of the Olympiad". Соопштение за печат.