Летни олимписки игри 1912

(Пренасочено од Летни олимписки игри - 1912)

4-те Летни олимписки игри се одржале во Стокхолм во 1912 година. На овие Олимписки игри за првпат учествувале земји од сите 5 континенти симболизирани со петте круга на Олимпиското знаме. Игрите исто така биле и први по оние во Атина во 1896 година кои се одржани во релативно пократок временски период, од само еден месец, од крајот на јуни до 22 јули кога биле свечено затворени иако биле официјално прогласени за отворени на 5 мај. Медалите коишто се доделувале за најуспешните за последен пат биле цврсти позлатени. Новите олимписки медали биле позлатена сребрена постава.

Грешка во Lua: Invalid number -2 Зимски олимписки игри
Град домаќин
Бр. на држави 28
Бр. на спортисти 2,407 (2,359 men, 48 women)
Натпревари 102 од 14 спортови
Отворени
Затворени
Официјално отворени од: Густав V[1]
Стадион

Зимскиот спорт уметничко лизгање којшто бил дел од претходните Олимписки игри бил одбиен од организаторите, поради желбата за одржување на Нордиските игри.

На Олимписките игри учествувале 2407 спортисти (2359 мажи и 48 жени) од 28 земји кои се натпреварувале во 102 настани во 14 спортови.

Ретроспектива

уреди
  • Португалскиот маратонец Франциско Лазаро умрел трчајќи на маратонот со што станал првиот натпреварувач на Олимписките игри којшто умрел трчајќи го маратонот.
  • Мечот во борење, Грчко-римски стил помеќу Клајн и Асикаинен траел цели 11 часа и 40 минути што претставува најдолгиот боречки меч којшто некогаш се одржал. Клајн успеал да победи, но немал сили во финалите да победи и да го освои златниот медал. Тоа го искористил борачот Јохансон којшто го освоил златниот медал, а во претходните натпревари тој загубил од Асикаинен.
  • Американецот Џим Торп победил во петобој и десетобој,но бил дисквалификуван поради прекршувањето на правилата на аматеризмот. Сепак во 1982 година, тој повторно посмртно е прогласен за победник.
  • Швеѓанецот Оскар Сван станал најстариот победник на Олимписките игри, со 64 години во дисциплината пукање во елен.
  • Била воведена женска конкуренција во пливање и скокови во вода.
  • Шведска како домаќин одбила да се одржуваат натпревари во бокс.
 
Церемонијата на отворање
  • Генералот од Втората светска војна Џорџ С. Патон се натпреварувал во современ петобој.
  • За првпат атлетските резултати биле електронски мерени.
  • За последен пат учествувале земји коишто не биле независни.
  • Британецот Арнолд Џексон на 1500m победил со само една десетинка подобар резултат од тројцата американски фаворити кои се бореле за златниот медал, но не го добиле. Оваа трка се смета дека е една од најдобрите трки на сите времиња, а со 21 година Џексон станал најмладиот олимпионик.
  • За првпат учествувала Србија. Атлетичарит на 100m Душан Милошевиќ бил трет во квалификациите, а маратонецот Драгутин Томашевиќ во маратонот завршил на 37. место.
  • Британецот Едварт Даглас Хорсфол освоил 2 златни медали во веслање со што станал најдобриот британски веслач до појавувањето на Стив Редгрејв.

Спортови

уреди
 
Џим Торп во натпревар на Олимписките игри во 1912.

Демонстративни спортови

уреди

Земји-учеснички

уреди
 
Учесници, зелена- земји- учеснички кои и претходно учествувале на Олимписките игри, сино- земји- учеснички коишто за првпат учествуваат

На Летните олимписки игри - 1912 во Стокхолм учествувале натпреварувачи од следните 28 земји:

Освојувачи на медали

уреди
 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД 25 19 19 63
2   Шведска (домаќин) 24 24 17 65
3   Велика Британија 10 15 16 41
4   Финска 9 8 9 26
5   Франција 7 4 3 14
6   Германија 5 13 7 25
7   Јужноафриканска Република 4 2 0 6
8   Норвешка 4 1 4 9
9   Канада 3 2 3 8
  Унгарија 3 2 3 8

Наводи

уреди
  1. International Olympic Committee (13 септември 2013). "Factsheet - Opening Ceremony of the Games f the Olympiad". Соопштение за печат.

Надворешни врски

уреди