Летни олимписки игри 1948
14-те Летни олимписки игри се одржале во Лондон во 1948 година. Игрите биле први по паузата од 12 години поради Втората светска војна. Претходните одржани олимписки игри биле оние во Берлин во 1936 година. Во 1940 година отпрвин требало да се одржат во Токио, а потоа во Хелсинки, а во 1944 година во Лондон што се префрлило за игрите 4 години подоцна.
V Зимски олимписки игри | |
| |
Град домаќин | Санкт Мориц, Швајцарија |
---|---|
Бр. на држави | 59 |
Бр. на спортисти | 4,104 (3,714 men, 390 women) |
Натпревари | 136 од 17 спортови |
Отворени | 30 јануари |
Затворени | 8 февруари |
Официјално отворени од: | Џорџ VI |
Спортска заклетва | Доналд Финли |
Олимписки оган | Џон Марк |
Стадион | Олимписки стадион |
Изборот за град-домаќин
уредиВо јуни 1939 година, Меѓународниот олимписки комитет ја доделил организацијата на Летните олимписки игри во 1944 година на градот Лондон. Поразените конкуренти биле градовите Будимпешта, Лозана, Хелсинки и Атина. Но, Втората светска војна претставувала пречка за одржување на игрите.Но, по нејзиното завршување МОК по пошта во март 1946 година ја доделил организацијата на Летните олимписки игри на Лондон, а на Зимските олимписки игри на Санкт Мориц. Лондон бил повторно избран, а новите конкуренти биле Лозана, Балтимор, Филаделфија и Лос Анџелес.
Организација
уредиЛорд Барли бил Олимписки капитен на Олимпоиските игри во 1932 и 1936 година, а по војната станал претседател на Аматерската атлетска федерација,а подоцна и на Меѓународната атлетска федерација. На игрите за првпат биле употребени Олимписки знаци. Имало 20 Олимписки знаци од кои со 15 биле обележани спортовите од Олимписката програма, со 3 одделни знаци биле обележани и трите уметности, а останатите два биле обележје на церемониите на отворање и затворање на игрите. Олимписките знаци биле наречени „Олимписки симболи“, а еден таков имало и на влезните билети. Олимписките симболи повторно се појавиле 16 години подоцна и оттогаш редовно се употребуваат на сите Олимписки игри.
Церемонија на отворање
уредиИгрите биле официјално отворени на 29 јули во прекрасен и сончев летен ден. Армијата била нагажирана за обезбедување на стадионот Вембли уште од 2 часот попладне, а на Вембли присуствувале 85.000 гледачи. Меѓународните и домашните официјалци пристигнали во 14:35, а кралското семејство во 14:45. По 15 минути започнала церемонијата којашто траела околу 50 минути, а завршила со претставување на земјите- учеснички меѓу кои последна била земјата-домаќин на игрите.
Во 16 часот според часовникот-кула Биг Бен, Олимписки симбол, Кралот Џорџ VI и официјално ги отворил игрите. Биле пуштени 2.500 гулаби, а Олимпиското знаме било завеано на 107 метри високиот јарбол. Кралската коњаница со 21 пушка го придружувала последниот спортист кој го донел Олимпискиот факел. Тој истршал еден круг и се идкачил да го запали Олимпискиот оган во големиот факел полн со јаглен. Олимписка заклетва дал Британскиот спортист Доналд Финли. По тоа следувало претставување на земјите-учеснички предвоидени од Грција, а завршувајќи со земјата-домаќин.
Спортови
уредиАтлетика
уредиНа 14-те Летни олимписки игри, „кралицата на спортовите“ содржела 33 настани (24 во машка и 9 во женска конкуренција). Од нив 4 биле одржани за првпат: трката на 10 км брзо одење во машка конуренција, трката на 200m во женска конлуренција, како и натпревбарите во скок во далечина и фрлање ѓуле. Учествувале 751 атлетичар од 53 земји, а најуспешен бил Фани Бланкерс-Коен од Холандија кој освоил 4 златни медали. Во женска конкуренција Мишелин Остермеер од Франција освоила 2 златни медали. Данкан Вајт од Цејлон (Шри Ланка) на својата земја и го донел првиот медал од Олимписките игри освојувајќи сребро во трката на 400m со пречки. Истото за Јамајка го сторил и Артур Винт кој освоил злато во трката на 400m и сребро во трката на 800m.
Бокс
уредиВо натпреварите во бокс имало 8 дисциплини, а по 2 злата освоиле ЈАР, Аргентина и Унгарија.
Борење
уредиВо спортот борење се одржале 16 настани, по 8 во Грчко-римски и слободен стил, сите во машка конкуренција. Доминирале Турција со 6 златни медали и Шведска со 5. Овие две нации заедно освоиле 24 медали само во овој спорт.
Ватерполо
уредиНа Олимпискиот турнир во ватерполо настапиле дури 18 заемји со свои тимови. Биле распоредени во 6 групи со по 3 учесници од кои од секоја група првите 2 учеснички продолжувале понатаму. Во втората фаза се формирале нови 4 групи со по 3 учесници во кои повбторно по истиот принцип (првите 2 одат понатаму) се добиле полуфиналистите: Италија, Унгарија, Холандија и Белгија. Без медал останала Белгија, а Холандија освоила бронза, Унгарија сребро и доминантната Италија злато.
Велосипедизам
уредиВо велосипедизам имало 6 настани од кои 2 на пат,а 4 на патека и сите биле во машка конкуренција. Франција освоила 3 злата, Италија 2, а Велика Британија освоила 6 медали, но ниту еден не бил златен.
Веслање
уредиВеслачите веслале на 7 настани само во машка конкуренција. Велика Британија и САД освоиле по 2 злата, а трките биле на Кралската регата Хенли.
Гимнастика
уредиВо гимнастика имало 9 настани (8 во машка и само еден во женска конкуренција). Златни медали освоиле само 2 нации. Финска освоила 6 најсјајни одличја, а Швајцарија 3.
Едрење
уредиВо едрење се одржале 5 настаниа, а САД освоиле 4 медали од кои 2 златни.
Кано
уредиВо натпревариоте со кано се одржале 9 настани (8 во машка и за првпат на Олимписките игри еден во женска конкуренција). Шведска предводена од Герт Фредриксон освоиола 4 златни медали од кои тој 2, а Словачка освоила 3.
Коњички спортови
уредиЈавачите биле одликувани со 6 комплети на медали. Се одржале по 3 дисциплини во поединечна и тимска конкуренција, а тоа биле дресура, слободно и коњички скокови. Хари Ливелин освоил бронза во скокање со коњ во тимска конкуренција.
Кошарка
уредиСпортот кошарка бил вторпат дел од Олимписката програма за спортови наградувани со медали. За разлика од Летните олимписки игри - 1936 во Берлин, во Лондон натпреварите се одржале во затворено. Спортот бил најмасовен од спортовите кои барале учество на државни репрезентации. Се појавиле 23 тима. Во финалето САД ја победил Франција со 65-21, а во натпреварот за трето место (бронзен медал) Бразил го победил Мексико со 52-47.
Мечување
уредиВо мечување се мечувало на 7 настани од кои еден бил и во женска конкуренција. Илона Елек којашто освоила злато во флорет на игрите во Берлин 12 години шред тоа била една од двете жени коишто ја одбраниле олимписката титула од претходните олимписки игри.
Современ петобој
уредиВо современ петобој злато освоил Вилијам Грут од Шведска.
Пливање
уредиПливачите пливале во 6, а пливачките во 5 дисциплини. САД доминирале освојувајќи 8 злата (сите во машка конкуренција, а вкупно освоиле 15 медали.
Подигање тегови
уредиСамо мажите подигале тегови и тоа во 6 настани. Доминирале САД со 4 златни медали, вкупно 8 и Египет со 2 златни медали.
Скокови во вода
уредиИ скокачите и скокачките во вода се натпреварувале во по 2 настани и сите 4 златни медали ги освоиле нетпреварувачите од САД, а доминирале со 10 од вкупно 12 медали. Во женска конкуренција Викторија Мелано Дрејвс ги освоила и двете злата.
Стрелаштво
уредиИ во стрелаштво имало 4 настани по 2 во машка и женска конкуренција, но сите медали ги освоиле мажи.
Фудбал
уредиНа олимпискиот турнир во фудвбал учество земале 18 учеснички. Кореја била дебитант и вистинско изненадување со пласманот во четвртфиналето каде што изгубила од Олимпискиот првак Шведска која со 3-1 во финалето ја победила Југославија. Бронзениот медал го освоиле фудбалерите од Данска со победата над Велика Британија со 5-3.
Хокеј на трева
уредиНа Олимпискиот турнир во хокеј на трева, Индија ја продолжила својата убедлива доминација. На патот до златото во финалето ја победила Велика Британија со што го освоила првиот златен медал по прогласувањето на независноста.
Политичките влијанија
уредиЛетните олимписки игри - 1948 доржани во Лондон биле првите на кои се чувствувале и политичките влијанија. Чехословачката Мари Провазникова по освојувањето на златниот медал одбила да се врати дома поради „недостигот од слобода“ по приклучувањето на Чехословачка во Советскиот блок.
Земји-учеснички
уредиНа Олимписките игри во Лондон во 1948 учествувале 59 земји. Дебитирале: Британска Гвајана, Бурма, Цејлон, Иран, Ирак, Јамајка, Кореја, Либан, Пакистан, Порторико, Сингапур, Сирија, Тринидад и Тобаго и Венецуела. Како казна за нарушпување на светскиот мир слично како и по Првата светска војна на Германија и овој пат на Јапонија не им било дозволено да испратат спортисти на игрите во Лондон. Италија којашто била исто така меќу силите на оската не добила таква казна и учествувала на игрите.
Освојувачи на медали
уредиМесто | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | САД | 38 | 27 | 19 | 84 |
2 | Шведска | 16 | 11 | 17 | 44 |
3 | Франција | 10 | 6 | 13 | 29 |
4 | Унгарија | 10 | 5 | 12 | 27 |
5 | Италија | 8 | 11 | 8 | 27 |
6 | Финска | 8 | 7 | 5 | 20 |
7 | Турција | 6 | 4 | 2 | 12 |
8 | Чехословачка | 6 | 2 | 3 | 11 |
9 | Швајцарија | 5 | 10 | 5 | 20 |
10 | Данска | 5 | 7 | 8 | 20 |
Надворешни врски
уреди- IOC Site on 1948 Summer Olympics
- The London Olympics by Russell James
- Exploring 20th century London - 1948 Olympics Архивирано на 23 јули 2011 г. Objects and photographs from the collections of the Museum of London, London Transport