Жупаништа
Жупаништа или Жупаница (дијалектно: Жупанишча; грчки: Λεύκη, Левки или Άνω Λεύκη, Ано Левкидо, 1927 Ζουπάνιτσα, Зупаница)[2] — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Жупаништа Λευκη | |
---|---|
Координати: 40°33′N 21°13′E / 40.550° СГШ; 21.217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Света Троица |
Надм. вис. | 795 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 379 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 5 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во Костурската Котлина. Селото се наоѓа на надморска височина од 795 метри.
Историја
уредиОсманлиски период
уредиВо XV век во селото биле евидентирани 60 глави на домаќинства[3]. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век Жупаништа е спомената со 18 глави на семејства и двајца невенчани: Бале, Којо, Јорго, Алекса, Којос, Гон, Јорго , Крано, Ѓурко, Дуко, Стамат, Стане, Манко, Петру, Димо, Јано, Јорги и Николас. Вкупниот приход за државата од селото е 1.520 акчиња[4] . Селото се споменува во отомански дефтер од 1530 под името Жупаниште со 36 христијански семејства, 21 неженети и 3 вдовици. Освен христијанското, било евидентирано и едно муслиманско семејство[5].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Жупаништа се состоело од 95 семејства со 207 жители Македонци[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Жупаништа имало 630 Македонци[6][8]. Според грчкиот весник Емброс, во јануари 1903 година турскиот аркер го опожарил селото заедно со Тиквени и Горенци[9].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жупаништа се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 123 куќи.[10]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 520 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 224 македонски патријаршисти и работеле две училишта, грчко и бугарско[6][11]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 100 македонски семејства[12].
Илинденски и постилинденски период
уредиВо август 1895 година Никола Суков од Жупаништа бил привлечен кон ВМОРО во Солун од Дамјан Груев, по препорака на Иван Чупов од Лабаница, проследуван веднаш од Кољо Зисов и Тољо Теохаров. По враќањето во Жупаништа тројцата млади жупанци го формирале револуционерниот комитет. По убиствата на Абедин бег од Костур и Касим ага од Капештица во пролетта 1900 година, револуционерното дело во Жупаништа се зацврстило и започнало да расте. На 8 спрема 9 декември во селото влегла подрачната чета на Атанас Петров и го мобилизирало речиси целото село во верност на ВМОРО и селото се претворило во еден од најпознатите револуционерни пунктови во Костурско, служејќи за излезна точка на комуникациите со Ресенско и Преспанско. Оваа улога се засилила особено по Илинденското востание во 1903 година, кога селото претставувало главен пункт на нестрамколската реонска чета. Во четите на ВМОРО учествувале седум селани - Пандо Сидов, селски војвода во востанието, а подоцна реонски и околиски, Никола Пантел, Насе Лисичов, Георги Гогов, Христо Кљашев, Трпко Шалапутов (од Орман) и Христо Ѓамов (од Орман) - а во востанието - 80 востаници, добро вооружени со сопствени средства. Жупанската чета на чело со Пандо Сидов, потпомогната од неколку чети ги прекинала телеграфските пораки на Костур-Билишта-Корча и Костур-Хрупишта, по кое учествувала во многу од борбите во областа[13].
За време на востанието жителите на селото го напуштиле и побегнале во внатрешноста на Корешта. Во овој период селото било ограбено и опожарено од османлискиот башибозук. Жртвите на селото се 17 мирни жители и востаници[14]. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, биле изгорени сите 120 куќи и биле убиени поп Костандин (70 г.), Трпо Мелов (60), Кирнако Атанасов (15), Дине Наков (50 ), Наум Киријазов (22), Васил Шопов (45), Кољо Ноловски (75), Сидер Андреев (55), Панает Јанев (45), Насо Деловен (60) и Нико Апостолов (62)[15]. Во овој период биле опожарени и трите цркви во селото: Света Петка, Света Троица и Свети Илија[16].
По востанието на чело на револуционерниот комитет застанал Кољо Суков кој не ја дозволил во селото помошта на владиката Каравангелис и грчката митрополијат. Уште во пролетта 1904 година во селото влегла четата на Нумо Желински која го зацврстила револуционерниот комитет[17]. Грчка статистика од 1905 година го претставува селото како мешано грчко-мскедондко со 300 жители Грци и 400 Македонци[18]. По востанието селото настрадало од грчки андартски напади[19]. Во мај 1905 година една грчка чета заробила 43 печалбари, меѓу кои 8 од селото кои патувале кон Грција во грчкото село Скумско и ги убило, додека преживеале само Зисо Потев и Томо Чачов од Жупаништа и Станко од Габреш. Во 1906 година четата на гркоманот Лазар Апостолов убила 5 жени и едно девојче од Жупаништа, во 1907 година грчката чета го убила поранешниот четник на околинската чета на ВМОРО, Насо Лисичов, а во мај 1907 година градоначалникот Насо Гиров бил убиен од терористи на чаршијата во Костур[20].
На 22 февруари 1907 година војводата Митре Влаот со тројца четници - Вангел Поп Христов, Андон Брештенски и Иљо Вмбелски пристигнал во селото од Апоскеп. Четата била предадена на турските власти преку мито дадено од костурскиот грчки владика Германос Каравангелис на Христо од село Шестеово (денес Сидирохори). По тешката битка сите четници биле тешко повредени. Митре Влаот по наредба ги убил своите другари, по кое и тој самиот се самоубил[21]. На 13 март 1907 година, подрачната чета на ВМОРО влегла во селото и ги казнила со смрт на предавниците Кољо Гечов, Ставро Шишов и Димитар Апостолов, како и Христо Попов поради издавање на тајни. Според костурскиот раководител на ВМОРО Георги Христов ова убиство била грешка, бидејќи предавството не се должело на нив[22].
Грчки период
уредиВо текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[23]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 557 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 483 жители.
Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 14 жители се засолниле во Бугарија. Во селото имало 18 политички убиства.[24]. Во 1927 година, селото било преименувано во Ано Левки.[25]. Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[26], по кое било предадено на бугарските сили.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 71 деца од селото биле протерани како деца бегалци[24]
Демографија
уредиВо 1928 година селото броело 471 жител.[27], додека во 1940 година селото броело 507 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 155 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 393 жители, во 1971 година имало 313 жители, во 1981 година имало 376 жители, додека во 1991 година имало 400 жители[28]. Денеска, населението на селото е 434 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 507 | 155 | 393 | 313 | 376 | 400 | 434 | 379 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- „Св. Христофор“ од XIX век
Личности
уреди- Родени во Жупаништа
- Алеко Шишковски (1925-1948)
- Андон Наумов (1891 - ?)[29]
- Аргир Апостолов
- Вангел Мангов (1912 - 1947)
- Васил Василев (1892 - ?)[30]
- Васил Зисов (1891 - ?[31]
- Васил Изидов (1890 - ?)[32]
- Васил Христов (1889 - 1913)[33]
- Владко Аргиров[34]
- Георги Сидов (1887 - ?)[35]
- Димитар Апстолов[36]
- Доно Стамков (1875 - ?)[37]
- Зисо Нолев
- Димитар Кљашев
- Аргир Николов[38]
- Јордан Наков (1890 - 1913)[39]
- Кољо Зисов
- Тољо Теофаров
- Васил Станков (? - 1920)[40]
- Коста Атанасов (1890 - ?)[41]
- Лазар Апостолов[42]
- Мито Николов (1891 - ?)[43]
- Наум Апостолов
- Наум Панајотов[44]
- Никола Пантел
- Насе Лисичов
- Георги Гогов
- Христо Кљашев[45]
- Никола Суков (1872 - 1927)
- Пандо Сидов (1878 - 1933)
- Спас Томов[46]
- Ставро Апостолов[47]
- Ставро Нунев (1872 - ?)[48]
- Тодор Николов (1887 - ?)[49]
- Христос Макрис[47]
- Ана Мангова (1924 - ) — македонски партизан, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.
- Починати во Жупаништа
- Андон Брештенски (? - 1907)
- Вангел Поп Христов, (? - 1907)
- Митре Влаот (1873 - 1907)
- Иљо Вмбелски(? - 1907[50]
Загинати револуционери од Жупаништа и Орман[51] | |||||
---|---|---|---|---|---|
Име | Позиција | Дата | Место | Од кого бил убиен | Забелешка |
1. Христо Ѓамов | четник | 1897 | Пирин | Турци | со четата на Борис Сарафов |
2. Поп Костадин | ефимериј | 20 јули 1903 | Костур | Турци | од Четирок |
3. Трпко К. Жежов | работник | 20 јули 1903 | Костур | Турци | |
4. Кирјак Ат. Далов | ученик | 20 јули 1903 | Костур | Турци | |
5. Дине Кочов | старец | 1903 | при опожарувањето на селото | Турци | |
6. Кољо Нољовски | старец | 1903 | при опожарувањето на селото | Турци | |
7. Васил Шишов | старец | 1903 | при опожарувањето на селото | Турци | |
8. Нико Постолов | старец | 1903 | Сливенски манастир | Турци | |
9. Георги Томовски | работник | 1903 | Турци | ||
10. Насо Дељов | работник | 1903 | Турци | ||
11. Сидер Попчернев | работник | 1903 | Турци | ||
12. Јото Шујтов | работник | 1903 | Турци | ||
13. Наум Чачов | работник | 1903 | Апоскеп | Турци | бегалец |
14. Крсто Мекаловски | работник | 1903 | Апоскеп | Турци | бегалец |
15. Христо Нољовски | работник | 1903 | Апоскеп | Турци | бегалец |
16. Мељо Коловски | работник | 1903 | Апоскеп | Турци | бегалец |
17. Аргир Кољов | востаник | 1903 | над Апоскеп | Турци | во битка |
18. Крсто Лисичев | работник | мај 1905 | Скумско | Андарти | |
19. Дим. Т. Чачов | работник | мај 1905 | Скумско | Андарти | |
20. Стасо Чачов | работник | мај 1905 | Скумско | Андарти | |
21. Зисо К. Панов | работник | мај 1905 | Скумско | Андарти | |
22. Стојан Грнчаров | работник | мај 1905 | Скумско | Андарти | |
23. Зисо Кољов | работник | мај 1905 | Скумско | Андарти | |
24. Ѓамовица Далова | работник | 1906 | Жупаништа | Андарти | |
25. Трповица Шуткова | работник | 1906 | Жупаништа | Андарти | |
26. Дашовица Мангова | работник | 1906 | Жупаништа | Андарти | |
27. 16-годишната и ќерка | работник | 1906 | Жупаништа | Андарти | |
28. Сона Д. Мангова | работник | 1906 | Жупаништа | Андарти | |
29. Стасовица Чачова | работник | 1906 | Жупаништа | Андарти | |
30. Нако Гиров | кмет | мај 1907 | Костур | грчки терористи | |
31. Насо Лисичов | бивш четник | 1907 | Жупаништа | Андарти | |
32. Кољо Гечов | деец на ВМОРО | март 1907 | Жупаништа | ВМОРО | сомнеж во шпионажа |
33. Ставро Шишов | деец на ВМОРО | март 1907 | Жупаништа | ВМОРО | сомнеж во шпионажа |
34. Димитар Апостолов | деец на ВМОРО | март 1907 | Жупаништа | ВМОРО | сомнеж во шпионажа |
35. Христо Попов | работник | март 1907 | Жупаништа | ВМОРО | издавање на тајна |
36. Султа Ат. Далова | работник | март 1907 | Жупаништа | ВМОРО | блудство |
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Λεύκη
- ↑ Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 80.
- ↑ Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 113.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ EMBROS, 31.1.1903, стр. 3
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 166 - 168.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 175.
- ↑ Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 293.
- ↑ Илюстрация Илинден, бр.140, стр. 13
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 175 - 176.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Ano Lefki“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-16.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 211.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 176 - 177.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 106.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 169 - 174.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ 24,0 24,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-16.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-16.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 483.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 109.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 269.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 306.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 762.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 51.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 610.
- ↑ Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 70.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 638-639.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 168, 182 - 183.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 479.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 182 - 183.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 66.
- ↑ Спомени на Пандо Сидов во: Борбите в Македония и Одринско (1878 - 191). Спомени, Български писател, София, 1981, стр. 647.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 508.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 531.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 168, 184, 185.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 718.
- ↑ 47,0 47,1 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 71.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 520.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 514.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 169.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 179 - 180.