Скумско
Скумско или Сконско (грчки: Βράχος, Врахос; до 1926 г. Σκούμτσικον, Скумцикон[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 25 жители (2021).
Скумско Βράχος | |
---|---|
Координати: 40°21.9′N 21°5.24′E / 40.3650° СГШ; 21.08733° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | 1.040 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 25 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа 25 км југозападно од општинското седиште Рупишта. Лежи во областа Костенарија, во северните пазуви на планината Одре, која пак е продолжеток на Грамошта.[3] На 1 км источно од селото во 2010 г. е изградено вештачкото Скумско Езеро со цел да се подобри водоснабдувањето и наводнувањето.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо минатото, Скумско било македонско село. Кон крајот на XIX век ова било село во село во Костурската каза населено од Грци Качауни. Во црквата „Успение на пресв. Богородица“ во селото се зачувани икони од византиско време.[4] Според грчки извори, во 1905 г. Скумбцико имало 200 жители Грци.[5]
Во мај 1905 г. во Скумско настапила грчка чета и заробила и погубила 43 македонски печалбари на пат за Грција, меѓу кои осуммина жупанчани. Од нив преживеале само Зисо Потев и Томо Ч. Чачов од Жупаништа и Станко од Габреш.[6]
/На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Скамско се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 13 куќи.[7]
Според Георги Константинов Бистрицки Скумско пред Првата балканска војна се состоело од 25 грчки куќи,[8] а според Георги Христов и 1 влашка.[9]
Потпаѓање под Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото било окупирано од грчка војска, а по Втората било припоено кон Грција. Во 1913 г. во Скумско се попишани 150, а во 1920 г. — 169 жители.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Врахос.
Население
уредиВо 1928 г. Скумско бележело пораст, кога е заведен 231 жител, за во 1940 г. да дојде до 285 жители.[3] Поради Грчката граѓанска војна населението во 1951 г. се смалило на 200 жители. Во 1961 г. во Скумско живееле 156 лица, а во 1971 г. населението опаднало на 74 жители. Ситуацијата се подобрила во следното десетлетија, при што во 1981 г. се попишани 136, а во 1991 г. — 150.[3] Сепак, во 2001 г. населението броело 67 лица, а во 2011 г. — само 33.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 285 | 200 | 156 | 74 | 136 | 150 | 67 | 33 | 25 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото е планинско и сиромашно. Неговото население оди на печалба во други делови на Грција или во прекуокеанските земји.
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Γιώσσης, Χρυσόστομος. Ο Βράχος και τα Όντρια: λαογραφικά, – Αθήνα, 1998.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σκούμτσικον -- Βράχος
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 41.
- ↑ „Δήμος Ορεστίδος“. Архивирано од изворникот на 2010-12-23. Посетено на 2021-08-15.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vrahos“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2019-11-04.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 176 – 177.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
- ↑ Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.
Надворешни врски
уреди- Портал на Општина Рупишта Архивирано на 5 ноември 2019 г. (грчки)