Ана Мангова родена Димитрова ( 1924 во Жупаништа, Егејска Македонија, Грција — ) — македонски партизан, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]

Ана Мангова (Димитрова)
Родена 1924
Жупаништа, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на  Грција
Народност Македонка
Занимање учесник во НОБ, во ДАГ и пејачка

Животопис

уреди

Во НОБ и во Граѓанската војна во Грција е учесник од 1941 до 1949 година по чин поручник и 60% воен инвалид. Нејзиниот сопруг и најстариот и брат загинаа во народноослободителната борба. Таа останала да живее со единственото дете. До 1980 година живеела во Романија, а потоа во Скопје. Од 1980 година е член на групата „Костурчанки”, а пеела и во хорот „Борец”.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 57. ISBN 978-86-373-0092-2.