Апоскеп
Апоскеп (грчки: Απόσκεπος, Апоскепос) — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Апоскеп Απόσκεπος | |
---|---|
Апоскеп со црквата „Успение на пресв. Богородица“ и Костурското Езеро во позадина | |
Координати: 40°34′N 21°15′E / 40.567° СГШ; 21.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Костур |
Надм. вис. | 792 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 135 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 5 километри северозападно од градот Костур во Костурската Котлина, во историско-географската област Пополе, на јужниот дел од Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 792 метри.
Историја
уредиВо отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население селото е наведено под името Пескопос со 10 семејства на Никола, Јано, Јорг, Петро, Михо, Којос, Доброслав, Јорг, Алекса и Душман, и една вдовица Кала. Вкупниот приход на империјата од селото бил 686 акчиња[2].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Апоскеп се состоело од 90 семејства со 290 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Апоскеп 740 жители Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 912 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Апоскеп се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 114 куќи.[7]
Според грчката статистика од 1902 година селото имало 107 семејства, од кои 66 егзархиски и 41 патријаршиско. Во селото работело грчко и бугарско училиште[8].
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски, додека 15 лица биле убиени кај местото Ковачо[9][10].
Според грчката статистика од 1905 година селото имало 320 жители Македонци и 300 Грци[11]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 150 македонски семејства[12].
Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија и Бугарија[13].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 465 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 333 жители.
Демографија
уредиВо 1928 година селото броело 360 жители.[14], додека во 1940 година селото броело 377 жители.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.
Селото во пописот од 1951 година броело 270 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 234 жители, во 1971 година имало 189 жители, во 1981 година имало 192 жители, додека во 1991 година имало 166 жители[15]. Денеска, населението на селото е 135 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 377 | 270 | 234 | 189 | 192 | 166 | 135 | 139 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Родени во Апоскеп
- Александар Панајотов[16]
- Анастас Л. Цинзов (1873 - ?)[17]
- Анастас Лазаров (1873 - ?)[18]
- Апостолос Лукарис[19]
- Благој Србев (1888 - 1913)[20]
- Вангел Димитров (1880 - ?)[21]
- Глигор Зисов (? - 1913)
- Григор Димитров (1893 - ?)[22]
- Зисо Голио
- Иван Хадџмангов
- Киро Стојанов[23]
- Крсто Панајотов (1894 - 1975)[24]
- Ламби Христов[25]
- Ламбо Манолов (1881/1882 - ?)[26]
- Ламбро Динев (? - 1913)[27]
- Никола Хр. Алексов[28]
- Панајот Атанасов (1892 - ?)[29]
- Панајот Божинов (? - 1913),
- Панајот Робев (? - 1913)
- Петар Кузов (1887 - ?)[30]
- Стојан Бакалов (1866 - ?)
- Трпена Узунова
- Фотиос Пападимитриу (? - 1912)
- Лазар Наум Божиновски — македонски револуционер.[31]
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 122
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.
- ↑ Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство „Фама“, София, 2006, стр. 47-48.
- ↑ Македония и Одринско (1893-1903). Мемоар на вътрешната организация, София 1904, стр. 202.
- ↑ „Автономия“, №39, цитирано по: Тзавела, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София, 2003, стр. 22.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Aposkepos“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-11.
- ↑ Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 2.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-11.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 530.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 791. Можеби идентичен со Анастас Лазаров.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 400.
- ↑ Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 71.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 684.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 214.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 216.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 672.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 531.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 772.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 421.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 240.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 19.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 69.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 393.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)