Деца-бегалци

деца изгонети од Егејска Македонија по завршетокот на Граѓанската војна во Грција
(Пренасочено од Деца бегалци)

Деца-бегалци (грчки: παιδομαζώματος) — поим со кој во Македонија, се нарекуваат од 28 000 до 32 000 деца на возраст помеѓу 2 и 14 години, кои на двапати во март и мај 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција организирано се евакуирани од Демократската армија на Грција (ДАГ) вон границите на Грција.[1][2]

Деца-бегалци во Унгарија.
Споменик на децата-бегалци во Скопје

Со спогодбата помеѓу Привремената демократска влада на Грција и источноевропските земји (март–април 1948) биле евакуирани над 30.000 македонски деца, од кои во Југославија 11.000, Романија 5.000, Чехословачка 3.000, Полска 2.500, Унгарија 2.800, Бугарија 2.500 и во Источна Германија 1.120 деца. Во тие земји, за потребите на 10.000 македонски деца биле отворени македонски училишта (со учебниции литература) и добивале пошироки знаења за македонската историја. Биле издавани и весници на македонски јазик. На костурски и лерински дијалект со кирилска азбука биле објавувани книги и романи. Како возрасни и образовани, поголемиот дел од нив се вратиле во СРМ. Со евакуација на децата КПГ сакала да создаде, да обезбеди и да воспита кадар за пролетерска револуција во Грција.[3][4]

Во Македонија, каде децата-бегалци се најмногубројни, функционира Здружение на децата-бегалци, која досега организирала четири Светски средби на децата бегалци — во 1988 и 1998 во Скопје, во 2003 година во Лерин и од 18 до 21 јули 2008 година повторно во Скопје. Во јули 2018 година треба да се одржи петтата средба.

Познати деца-бегалци

уреди
  Погледнете ја главната категорија Деца-бегалци

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Frucht, Richard (2000). Eastern Europe: An Introduction to the People, Lands, and Culture. ABC-CLIO. p. 599. ISBN 1-57607-800-0
  2. Πολυμερίδης, Γιώργος. Η αλήθεια για τα εκπατρισμένα Ελληνόπουλα στη Λαϊκή Δημοκρατία της Βουλγαρίας. // Ριζοσπάστης. 17 август 2008 г.. Посетен на 4 февруари 2013 г..
  3. Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913–1995), Скопје, 2000;
  4. Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1985.