Тиквени
Тиквени (грчки: Κολοκυνθού, Колокинту, до 1926 Τίκβενη, Тиквени)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Тиквени Κολοκυνθού | |
---|---|
Координати: 40°30′N 21°12′E / 40.500° СГШ; 21.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Четирок |
Надм. вис. | 634 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 704 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 10 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро меѓу реките Белица и Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 634 метри.
Историја
уредиВо XV век во Кономлади биле евидентирани 35 глави на домаќинства[3] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тиквени се состоело од 49 семејства со 20 жители муслимани и 130 Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Тиквени имало 190 жители Македонци[4][6]
Во почетокот на XX век целото население на селото било под влијание на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание во почетокот на 1904 година поминало под влијание на Бугарската егзархија.[7]. Истата година турските власти не дозволиле наставникот Д. Георгиев од Шестево да отвори бугарско училиште во селото[8] Според грчкиот весник Емброс уште во јануари 1903 година турскиот аскер го изгорел селото заедно со Горенци и Жупанишча[9]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4][10]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тиквени се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 45 куќи.[11]
Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 200 жители[12]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 35 македонски семејства[13].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[14]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 207 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 145 жители, со 15 христијански семејства[15]. Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, едно лице се засолнило во Бугарија[12]
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Колокинту.[16].Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на италијанските окупатори[17], по кое било предадено на бугарските сили. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Две деца од селото биле протерани како деца бегалци[18], додека други 21 деца биле одведени од страна на грчките власти во Солун и биле предадени на фондацијата на кралицата Фредерика, Агија Тријада[19].
Демографија
уредиВо 1928 година селото броело 220 жители.[20], додека во 1940 година селото броело 282 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 204 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 215 жители, во 1971 година имало 285 жители, во 1981 година имало 604 жители, додека во 1991 година имало 614 жители[21]. Денеска, населението на селото е 704 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 282 | 204 | 215 | 285 | 604 | 614 | 704 | 744 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Родени вО Тиквени
- Апостол Живков
- Кирил Велев (1892-1974)[22].
- Костандо Живков (? - 4 декември 1904)
- Наум Крстев
- Никола Даров[23]
- Никола Тодоров (1891 - ?)[24]
- Ставри Динев[25]
- СтерЈо Живков
- Христо Живков
- Христо Петров
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Κολοκυνθού
- ↑ Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 107.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1933, стр. 125.
- ↑ Райчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36.
- ↑ EMBROS, 31.1.1903, стр. 3
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 98.
- ↑ 12,0 12,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kolokinthou“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-19.
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 39.
- ↑ Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. - Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Καστοριάς / Τ Архивирано на 18 февруари 2013 г.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-19.
- ↑ Матинова, Фана Буцкова. И ние сме деца на мајката земја ..., Скопие, 1998, стр. 51-52.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-19.
- ↑ Македонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 372
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 200.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 712.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 240.