Вангел Поп Христов
Вангел Поп Христов — македонски револуционер, костурски војвода на Македонската револуционерна организација.
Вангел Поп Христов | ||
Роден | непознато Брешчени, Костурско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 22 февруари 1907 Жупанишча, Костурско, Егејска Македонија |
Животопис
уредиРоден е во Костурско село Брешчени, денес Авги, Грција. Влегува во ВМОРО и извршува терористички задачи. На 15 спроти 16 ноември во Мањак, војската ги опкружила Вангел Поп Христов, Кузо Димитров, Христо Четирски и Аргир Дренички, меѓутоа во текот на борбата успеале да се провлечат и да се заслнат во гората. Како казна, аскерот ги уапсил селаните Атанас Василев, Петар Типов и Димитар Аргиров.
Заедно со Андон Брештенски го убиваат Ахмед бег од селото Желегоже, Костурско. Во 1907 година е назначен за војвода на Костенаријата. Но на пат за реонот загинува во Жупанишча заедно е Митре Влаот, Андон Брештенски и Иљо Вмбелски. Погребан е заедно со своите другари во Апоскеп, откако нивните тела се изложени во Костур.
На 13 март 1907 година, околиската чета на ВМОРО влегува во Жупанишча и ги казнува со смрт предавниците Кољо Гечов, Ставро Шишов и Димитар Апостолов [1]
Извори
уреди- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 169 - 174.