Костурски дијалект

Костурски дијалектмакедонски дијалект во југозападната група на југоисточното македонско наречје.

  Костурскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Се зборува во Костурско, Егејска Македонија, областа Корешта, северно од градот Костур, како и селата Врбник и Билишта, денес во Албанија. Денес, дијалектот се среќава во говорна форма, но во минатото го среќаваме и во пишана форма, на пр. весниците „Нова Македонка“ и „Единство“. Најстарите податоци за говорот од Костурско ги среќаваме во „Македонски лексикон од XVI век“ (Un Lexique Macédonien du XVI siècle), кој содржи повеќе од 300 зборови и фрази од село Богатско.

Територија

уреди

1. Костурско-корешчанскиот говор зафаќа најголема територија на костурското говорно подрачје: се простира на две географски области – Пополе, рамничарскиот дел околу Костурското Езеро, каде што се наоѓаат градовите Костур и Рупишта, и Корешта — претежно планинскиот дел во сливот на горниот (изворишниот) тек на реката Бистрица до Нередска Планина на исток, која претставува и граница со леринскиот говор. На тој простор македонското население живее во Рупишта, Горенци, Загоричани, Тиолишта, Куманичево, Поздивишта, Брезница, Смрдеш, Крчишта, Вишени и други, а некои села денес веќе не егзистираат, бидејќи по Граѓанската војна во Грција се разурнати, а македонското население е раселено или отидено во емиграција. Такви села се: Косинец, Габреш, Лобаница, В'мбел, Бапчор, Д'мбени (подоцна обновено со Власи од Епир) и други.

  • Костурско-корешчанскиот говор доминира и во селата што се наоѓаат во малата област Река во изворишниот дел на Бистрица под Писодерската Планина. Тука спаѓаат селата Рулја, Бесвина, Трново, Ошчима и Желево. Овој подговор условно се нарекува корешчанско-рекански.

2. Костурско-беличкиот говор го репрезентираат триесетина села распоредени во сливот на реката Белица, десна притока на Бистрица. Неговата северна и североисточна граница оди по правецот на селата НовоселјаниЧетирокМањакМарковени. На овој простор се наоѓаат селата Слимница, Јановени, Стенско, Гратче, Галишта, Псоре, Добролишта, Четирок, Радигоже (раселено) и други.

3. Костенарскиот говор го зафаќа најјужниот дел од костурското говорно подрачје. Неговите најтипични репрезентанти се селата: Езерец, Сничени, Видолушта, Жиковишта, Лебишево, Долени, Мангила (Монгила), Нестим, Жужелци, Марчишта (раселено) кои се расположени во планинскиот дел на Костенаријата.

  • Нестрамскиот говор го репрезентира гратчето Нестрам, кое се наоѓа во горниот тек на реката Белица, околу 25 километри југозападно од Костур на надморска височина од 870 метри.

Фонолошки одлики

уреди
  • старословенските гласови Ѫ (он) и Ѧ (ен) преминале во , , ен, ем : д'нб (даб), п'нт (пат), гр'нди (гради), з'мп (заб), г'мба (габа), ендар, говендо, гренда, ерембица
  • замена на старословенските ерови Ъ > о, Ь > е : вошка, сон, дош, свекор, пекол, ден, темен, тенка
  • на местото на старословенските *tj, *dj се среќава шч и ж, поретко жџ  : свешча, лешча, вежџа, межа, вежџа; понекогаш ќ и ѓ : куќа, гаќи, миѓу
  • испуштање на буквата т при членувањето на именките за м.р. : брато, градо

Морфолошки одлики

уреди
  • сегашно време 1л.ед. со а : ода (одам), плета (плетам), пренда (предам)
  • употреба на наставката -нишча за множина на зборови ср.род: кученишча, поленишча
  • употреба на предлозите во и со
  • глаголски конструкции со имам : Јас им правено.
  • остатоци од групата чере заедно со цр : црн, черно, череша

Лични заменки

уреди

Еднина

уреди
  • Јас
  • Ти
  • Тој
  • Таа
  • Тоа

Множина

уреди
  • Ние
  • Виe
  • Тиа

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди