Костур (општина)
Општина Костур Δήμος Καστοριάς | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Костур |
Гео. област: | Костурска Котлина |
Население: | 32.912 (2021) |
Седиште: | Костур |
Нас. места: | 55 |
Пошт. бр.: | 520 00 |
Пов. бр.: | 24670-2 до 3 |
Портал: | kastoriacity.gr |
Костур (грчки: Δήμος Καστοριάς, Димос Касторијас) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Костур.
Населени места
уредиОпштина Костур е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на девет административни единици — општините Костур, Света Троица, Четирок, Корешта, Свети Врач, Македон (Македни), Вич, Клисура и општинската целина Кастраки.
Напомена: Називите на општините „Кастраки“ и „Македни“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место. Општините Света Троица и Свети Врач се наречени по манастирите што се наоѓаат на нивна територија.
Општинска единица Вич
уредиОпштинската единица Вич со седиште во Тиолишта (Тихио) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Тиолишта
- село Тиолишта (Τοιχίο, Тихио)
- Општински оддел Блаца
- село Блаца (Οξυά, Оксија)
- Општински оддел Вишени
- село Вишени (Βυσσινιά, Висинија)
- Општински оддел Кондороби
- Општински оддел Черешница
- село Черешница (Πολυκέρασος, Поликерасос)
- Општински оддел Шестево
- село Шестево (или Шестеово; Σιδηροχώρι, Сидирохори)
На територијата на општинската единица се наоѓало и денес напуштеното село Бапчор (Вапсори, Пименико).
Општинска единица Кастраки
уредиОпштинската единица Кастраки опфаќа само две села — седиштето Косинец (Ιεροπηγή) и Д’мбени (Δενδροχώρι).
На територијата на општинската единица се наоѓало и денес напуштеното село Лобаница (Агиос Димитриос).
Општинска единица Клисура
уредиОпштинската единица Клисура се состои од само едно населено место — Клисура (Влахоклисура).
Општинска единица Корешта
уредиОпштинската единица Корешта со седиште во Корешта (Неос Икисмос или Корестија) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Габреш
- Општински оддел Дреновени
- село Дреновени (Κρανιώνας, Кранионас)
- Општински оддел Жервени
- село Жервени (Άγιος Αντώνιος, Агиос Антониос)
- Општински оддел Кономлади
- село Кономлади (Μακροχώρι, Макрохори)
- Општински оддел Поздивишта
- село Поздивишта (или Поздивишча; Χάλαρα, Халара)
- Општински оддел Статица
- село Статица (Μελάς, Мелас)
- село Горна Статица (Άνω Μελάς, Ано Мелас)
- Општински оддел Чрновишта
- село Чрновишта (или Чрновишча; Μαυρόκαμπος, Маврокамбос)
Општинска единица Костур
уредиОпштинската единица Костур со седиште во Костур ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Костур
- град Костур (Καστοριά, Касторија)
- село Апоскеп (Απόσκεπος, Апоскепос)
- село Нов Чифлик (Χλόη, Хлои)
- село Сетома (Κεφαλάρι, Кефалари)
Општинска единица Македон
уредиОпштинската единица Македон или Македни со седиште во Маврово (Маврохори) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места од областа Пополе:
- Општински оддел Маврово
- Општински оддел Дупјак
- село Дупјак (Δισπηλιό, Дипсилио)
- Општински оддел Личишта
- село Личишта (или Личишча; Πολυκάρπη, Поликарпи)
Општинска единица Света Троица
уредиОпштинската единица Света Троица со седиште во Мањак (Мањаки) има ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Мањак
- село Мањак (Μανιάκοι, Мањаки)
- Општински оддел Брештени
- село Брештени (или Брешчени; Αυγή, Авги)
- Општински оддел Галишта
- село Галишта (или Галишча; Ομορφοκκλησιά, Оморфоклисија)
- Општински оддел Желогоже
- Општински оддел Жупаништа (792)
- село Жупаништа (или Жупанишча; Λεύκη, Левки)
- село Орман (Κάτω Λεύκη, Като Левки)
- село Ново Жупаништа (Νέα Λεύκη, Неја Левки)
- Општински оддел Сливени
- село Сливени (Κορομηλιά, Коромилија)
- Општински оддел Цакони
- село Цакони (Τσάκονη)
Општинска единица Свети Врач
уредиОпштинската единица Свети Врач со седиште во Горенциги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Горенци
- Општински оддел Загоричани
- село Загоричани (Βασιλειάδα, Василијада)
- Загоричански манастир „Света Петка“ (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви)
- село Бобишта (или Бобишча; Βέργα, Верга)
- Општински оддел Куманичево
- село Куманичево (Λιθιά, Литија)
- Општински оддел Олишта
- село Олишта (или Олишча; Μελισσότοπος, Мелисотопос)
- село Б’мбоки (Σταυροπόταμος, Ставропотамос)
- Олишки манастир „Свети Врач“ (Μονή Αγίων Αναργύρων, Мони Агион Анаргирон)
Општинска единица Четирок
уредиОпштинската единица Четирок со седиште во Четирок (Месопотамија) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Четирок
- село Четирок (Μεσοποταμιά, Месопотамија)
- село Палиностудес (Παλλινοστούντες) новосоздадено
- село Тиквени (Κολοκυνθού, Колокинту)
- Општински оддел Горно Папратско
- село Горно Папратско (Πτεριά, Птерија)
- село Долно Папратско (Κάτω Πτεριά, Като Птерија)
- Општински оддел Добролишта
- село Добролишта (или Добролишча; Καλοχώρι, Калохори)
- Општински оддел Ошени
- село Ошени (Οινόη, Инои)
- Општински оддел Света Недела
- село Света Недела (Αγία Κυριακή, Агија Киријаки)
На територијата на општинската единица се наоѓало и некогашното село Трстика (Ακόντιο, Акондио).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
Надворешни врски
уреди- Портал на Општина Костур Архивирано на 20 јуни 2010 г.