Второ послание до Коринтјаните
Второ послание до Коринтјаните (2 Коринтјаните) — послание (писмо) од Новиот завет припишано на Апостол Павле и соавторот Тимотеј, а упатено кон црквата во Коринт и христијаните во околната провинција Ахаја во денешна Грција.[1]
Содржина
уредиАпостолот Павле и неговиот соработник Тимотеј им се обраќаат на верниците од Коринт при што тој најпрвин го изразува своето жалење поради тоа што, наспроти намерите и дадените ветувања, не успеал да ги посети. Исто така, тој ја искажува својата благодарност до Бога кој му дал утеха по големите страдања и маки што ги претрпел за време на ширењето на христијанството во Азија, каде му бил загрозен животот. Потоа, тој кажува дека, за разлика од Израилот кој го почитува Стариот завет, тие му служат на Новиот завет, а таа служба доаѓа од Духот божји. Поради тоа, тој го проповеда Евангелието, изложувајќи се на маки и страдања, водејќи се од надежта за вечен небесен живот. Во продолжение, апостолот ги повикува верниците од Коринт да дадат милостиња за сиромашните. Потоа, тој ги наведува своите заслуги за ширењето на христијанството и бројниет страдања кои ги претрпел за време на својата дејност. Посланието завршува со порака до верниците да останат цврсти во верата и да бегаат од гревовите.[2]
Автентичност и толкување
уредиБиблиолозите не се сомневаат дека автор на посланието е самиот Павле, но спорат за тоа дали изворно претставувало едно писмо, или е состав од повеќе Павлови писма.[3]:8
Иако Новиот завет содржи само две писма до коринтската црква, од нив се гледа дека Павле напишал барем четири, а дека црквата одговорила барем еднаш:
- 1 Коринтјаните 5,9 („Ви пишав во писмото свое – да не се мешате со луѓе што блудствуваат“) се однесува на претходно писмо, понекогаш наречено „предупредувачко писмо“[4] или „претходното писмо“
- 1 Коринтјаните
- Павле споменува претходно „плачно писмо“ во 2 Коринтјаните 2,3–4 and 7,8. 1 Коринтјаните не одговара на описот, што значи дека тоа тоа писмо може да е напишано во времето помеѓу 1 Коринтјаните и 2 Коринтјаните.
- 2 Коринтјаните
Во 1 Коринтјаните 7,1 се вели дека во тоа писмо Павле одговара на извесни прашања за кои му се обратила црквата.
Наглата промена на Павловиот тон од благ во жестоко прекорен во 2 Коринтјаните 10–13 дава повод за претпоставки дека поглавјата 10–13 сочинуваат дел од т.н. „плачно писмо“ кои подоцна некако се нашле во главното писмо на Павле.[5] Оние кои не се согласуваат со ваквото наоѓање обично велат дека „плачното писмо“ едноставно е изгубено.[6] Други пак, велат дека иако плачното писмо повеќе не постои, поглавјата 10–13 се преземени од подоцнежно писмо.[7]
Некои ја толкуваат наглата промена на темата во поглавјата 8–9 како показател дека тие првобитно претставувале посебно писмо, а други дури ги сметаат за две одделни писма. Разни други библиолози кои го оспоруваат ваквото гледиште.[8]
Извесни стручњаци гледаат делчиња од „предупредувачкото писмо“, или од други писма, во поглавијата 1–9,[9] како на пр. дека еден дел од „предупредувачкото писмо“ е запазен во 2 Кор 6,14–7,1,[5] но овие хипотези имаат помала поддршка.[10]
Теми
уредиКнигата може да се подели на следниве тематски целини:
- 1,1–11 — Поздрав
- 1,12 – 7,16 — Павле ги одбранува своите постапки и своето апостолство, нагласувајќи дека Коринтјаните му се драги.
- 8,1 – 9,15 — Опомена за собирањето милостина за сиромашните христијани во Ерусалим.
- 10,1 – 13,10 — Полемичка одбрана на своето апостолство
- 13,11–13 — Проштален поздрав
Историја
уредиПавловиот контакт со коринтската црква може да се претстави вака:[6]
- За првпат го посетува Коринт, задржувајќи се 18 месеци (Дела 18,11). Потоа заминува и проведува околу 3 години во Ефес (Дела 19,8, 19,10, 20,31). (приближно од 53 до 57 г.).
- Во првата година од престојот во Ефес го пишува „предупредувачко писмо“ (1 Коринтјаните 5,9).
- Во втората година од престојот во ефес го пишува посланието 1 Коринтјаните.
- По вторпат ја посетува коринтската црква, како што се најавува во 1 Коринтјаните 16,6. Веројатно во последната година во Ефес. Во 2 Коринтјаните 2,1 вели дека доаѓа (во Коринт) „со жалост“.
- Го пишува т.н. „плачно писмо“.
- Го пишува посланието 2 Коринтјаните, велејќи дека сака по третпат да ја посети коринтската црква (2 Кор 12,14, 2 Кор 13,1). Во писмото не кажува од каде пишува, но се смета дека пишувал од Македонија (Дела 20), поточно од Филипи или од Солун.[11]
- Прави трета посета на Коринт откако го пишува посланието 2 Коринтјаните, бидејќи од Дела 20,2–3 може да се заклучи дека провел 3 месеци во Грција. Во писмото до Римјаните, напишано во ова време, на Римјаните им испраќа поздрави од најважните црковни личности каде што престојува.[11]
Содржина
уредиВо второто писмо (послание) до Коринтјаните, Павле повторно се нарекува апостол на Исус Христос по Божја волја и ги уверува верниците во Коринт дека нема да добијат жалосна посета, и дека она што им го вели не е со намера да ги ожалости туку да им ја соопшти неговата љубов кон нив. Ова послание е пократко од првото и може да делува збунувачки ако читателот не е запознаен со општествените, верски и стопански прилики во таа заедница. Павле сметал дека тамошната состојба е усложнета и се почувствувал нападнат.
Некои во Коринт не го признавале за апостол, па затоа Павле ја зпоредува таа заедница како тежок случај во однос на другите места каде го прифатиле со отворени раце, како што биле Галатјаните. Добива критики за начинот на зборување и пишување, и смета дека е оправдано да се одбрани со најважните поуки од неговото учење. Вели дека е важно да им се простува на другите, дека новата господова спогодба е направена со Духот на живиот Бог (2 Кор 3,3), важноста да се биде Христов човек и да се дарува милосрдие за верниците во Ерусалим. На крајот завршува зборувајќи за сопственото искуство, како Бог му дал поинаков живот (Sandmel, 1979).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 2 Кор 1,1
- ↑ „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 225-235.
- ↑ Harris, Murray J. (2005). The Second Epistle to the Corinthians. The New International Greek Testament Commentary. Grand Rapids, MI: Eerdmans. ISBN 978-0-8028-7126-8.
- ↑ 1 Кор 5,9
- ↑ 5,0 5,1 THE SECOND LETTER TO THE CORINTHIANS, from "An Introduction to the New Testament" by Edgar J. Goodspeed, 1937
- ↑ 6,0 6,1 2 Corinthians: Introduction, Argument, and Outline, by Daniel Wallace at bible.org
- ↑ B. J. Oropeza, Exploring Second Corinthians: Death and Life, Hardship and Rivalry (Atlanta: SBL Press, 2016), 2-15; Victor Paul Furnish, II Corinthians (Garden City, NY: Doubleday, 1984).
- ↑ Garland, David E. (1999). 2 Corinthians: An Exegetical and Theological Exposition of Holy Scripture. The New American Commentary. Nashville, TN: B&H Publishing Group. ISBN 978-0805401295.
- ↑ New Testament Letter Structure, from Catholic Resources by Felix Just, S.J.
- ↑ "An Introduction to the Bible", by John Drane (Lion, 1990), p.654
- ↑ 11,0 11,1 Corinthians, Second Epistle to the, во Истоновиот библиски речник, 1897
Надворешни врски
уреди„Второ послание до Коринтјаните“ на Ризницата ? |
- Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните Архивирано на 5 октомври 2018 г. — Свето Писмо на македонски јазик
- Македонска аудиокнига на Второто послание до Коринтјаните од Новиот завет — YouTube
- Коментари на Второто послание до Коринтјаните од Џ. П. Мајер, по поглавја: 1–2, 3, 4:1–6:10,