Телепатија
Телепатија (грчки τηλε, теле значи „далечина“, а патија значи „влијаење“) се однесува на пренос на инфомрации преку мисли или чувства меѓу индивидуалци, на поинаков начин, а не со користењето на петте класични сетила.[1] За човекот кој е способен да користи телепатија се вели дека е способен да ги чита мислите на другите луѓе. Телепатијата заедно со психокинезата спаѓа во главната гранка на истражувања на парапсихологијата. Напишани се бројни студии во обид да се истражи и да се разбере телепатијата.
Телепатијата е честа тема во научната фантастика, каде суперхероите ја имаат оваа способност.
Телепатијата во парапсихологијата
уредиВо рамките на парапсихологијата, телепатијата се смета за облик на вонсетилно восприемање (ESP). Често се става во категорија со прекогницијата и јасновидост.[2] Користени се различни експерименти за да се тестираат телепатските способности. Меѓу најпознатите е употребата на Зенерови карти и Ганцфелдски експеримент.
Зенеровите карти се карти обележани со пет различни симболи. Се користат во пар, каде едниот учесник е „испраќач“ на информацијата, а другиот „примач“. Испраќачот по случаен избор зема една карта и го визуелизира симболот на неа, а примачот треба да ја погоди картата. Статистички, 20% од шпилот карти можат да се погодат сосема случајно, па според тоа за да се сфати како способност за телепатија треба да бидат погодени повеќе од 20% од картите.[3]
Видови на телепатија
уредиПарапсихологијата опишува неколку различни форми на телепатија, меѓу кои спаѓаат латентната, скриена телепатија и прекогнитивната телепатија.[1]
Латентната телепатија, е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за време на преносот.[4]
Прекогнитивната телепатија е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за идната состојба на умот на поединецот.[1]
Скептицизам и контроверзност
уредиПолето кое ги проучува паранормалните феномени како што е телепатијата се нарекува парапсихологија. Постои општа согласност меѓу парапсихолозите дека некои случаи на телепатија се реални.[5][6] Скептиците, пак, велат дека случаите на очигледна телепатија се резултат на измама или лажење на себеси, и дека телепатијата не постои како паранормална способност.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Парапсихолошки термини - Телепатија Архивирано на 27 септември 2006 г. — Parapsychological Association, Retrieved 19 декември 2006
- ↑ Glossary of Parapsychological terms - ESP Архивирано на 11 јануари 2011 г., Parapsychological Association, Retrieved 19 декември 2006
- ↑ Carroll, Robert (2006-02-17). „Zener ESP Cards“. The Skeptic's Dictionary. Посетено на 2006-07-18.
- ↑ Rennie, John (1845), "Test for Telepathy", Scientific American,V3#1 (1847-09-25)
- ↑ „Што е парапсихологија?“ Архивирано на 8 март 2009 г. From the FAQ of the website of the Parapsychological Association, Retrieved 3 февруари 2007
- ↑ "What is the state-of-the-evidence for psi?" Архивирано на 26 февруари 2009 г. From the FAQ of the website of the Parapsychological Association, Retrieved 3 февруари 2007
- ↑ Skepdic.com on ESP, Retrieved 22 февруари 2007
Надворешни врски
уреди- Развивање на телепатијата Архивирано на 15 јуни 2006 г. (англиски)
- Калифорниски институт за технологија Архивирано на 2 април 2007 г. статија за употреба на имплантирани електроди
- Статија за природата на Невронауката Архивирано на 5 февруари 2009 г.
- Физичарот Ник Херберт размислува за моментална комуникација Архивирано на 14 мај 2006 г. (англиски)
- Примарниот квантен модел за телепатија (PDF) Архивирано на 18 март 2006 г.
- Експериментот на Соул-Голдни - критика на експериментот
- Сонот и телепатијата Архивирано на 1 октомври 2011 г. (англиски)