Отвори го главното мени

Slayer (се чита: Слеер) е треш метал музичка група од Калифорнија, САД. Основана е во 1981 година од страна на гитаристите Кери Кинг и Џеф Ханеман. Со нивниот трет студиски албум Reign in Blood се здобиле со титулата предводници на американскиот екстремен метал.[1] Во светски рамки, Слеер имаат продадено околу 20 милиони албуми,[А] додека во САД цифрата изнесува преку 4 милиони примероци.[2]

Slayer
Слеер на концерт во Холандија, 2007 год.
Од лево кон десно: Џеф Ханеман, Том Араја и Кери Кинг
Биографски податоци
ПотеклоХанингтон Парк (Калифорнија), САД
ЖанровиТреш метал
Период на активност1981 – денес
ИздавачиМетал Блејд, Деф Џем, Американ
СоработнициAnthrax, Megadeth, Metallica, Exodus
Мреж. местоslayer.net
Членови
Том Араја
Гери Холт
Кери Кинг
Пол Бустап
Поранешни членови
Дајв Ломвардо
Џон Дете
Џеф Ханмен

Песните на Слеер се препознатливи по нивната агресивност, жестина и бруталност. Музиката е во екстремно брзо темпо, додека текстовите најчесто обработуваат теми како сериски убиства, воени злосторства, некрофилија, религија и војна. Применуваат уникатни начини на свирење како тремоло трзање, користење „дупла папуча“ на тапани и гласовна изведба со снижен, пригушен вокал. Многу подоцнежни бендови ги споменуваат Слеер како едни од највлијателните музичари од хеви метал жанрот, како по нивната музика, така и по нивните сценски настапи и изглед.

Бендот е добитник на две Греми награди за најдобар хеви метал перформанс, и тоа во 2006 за песната „Eyes of the Insane“ и во 2008 за нумерата „Final Six“. Во 2013, Гитаристата Џеф Ханмен почина, и Ломбардо беше сменет со Бустап. На 11 Септември излезе 12 албум на Слејер, и е прв албум без Ханмен, кој умре на 2 Мај 2013.

БелешкиУреди

А.^ Слеер никогаш не објавиле точна бројка колку изнесува нивната продажба на студиски дискови низ светот. Споменатата цифра е само проценка.
Б.^ Двете наградени композиции се од албумот Christ Illusion, издаден 2006 година.

НаводиУреди

  1. „Kerrang! Hall Of Fame“. Kerrang!. 24 август, 2006. конс. 10 јануари, 2006. 
  2. „Updated: Top-Selling Hard Rock Artists According To Nielsen Soundscan - Jan. 30, 2004“. Blabbermouth.net. 30 јануари, 2004. конс. 27 март, 2013. 

Надворешни врскиУреди