Авети
Авети Период: Доцен еоцен - денес | |
---|---|
Филипински авет (Tarsius syrichta) | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Primates |
Подред: | Haplorrhini |
Инфраред: | Tarsiiformes Gregory, 1915 |
Семејство: | Tarsiidae Gray, 1825 |
Род: | Tarsius Storr, 1780 |
Типски вид | |
Лемурски авет Erxleben, 1777 | |
Видови | |
Tarsius syrichta | |
Синоними | |
|
Аветите (латински: Tarsius) сочинуваат род на примати кој образува своја самостојнo семејство и инфраред. Родот на авети се дели на минимум 3 вида.
Систематика
уредиПорано аветите припаѓале на застарениот подред полумајмуни, а денес се сметаат како едно од семејствата на сувоносни мајмуни (Haplorhini). Во еоценот и олигоценот постоела блиското семејство Omomydae чии претставници ја населувале Евроазија и Северна Америка. Тие се сметаат за предци на аветите.
Во зависност од гледната точка, постојат од три до осум видови на авети. Додека пет од нив можат да се сметаат за подвидови, бесспорниот статус на вид им припаѓа на:
- Банкански авет (Tarsius bancanus)
- Филипински авет (Tarsius syrichta)
- Авет-дух (Tarsius spectrum)
Општи одлики
уредиАветите се мали животни, нивниот раст достигнува од 9 до 16 cm. Имаат гола опашка долга 13 до 28 cm. Тежината се движи од 80 до 160 g. Особено се препознаваат по долгите задни екстремитети, крупната глава способна да се завртува за речиси 360°, но и по добриот слух. Нивните прсти се многу долги, ушите се округли и голи. Меките влакна имаат кафеав или сивкав отсјај. Меѓутоа, како најкарактеристична одлика се јавуваат големите очи со пречник од 16 mm. За човекот, очите на аветите се големи колку јаболки.
Екологија и биогеографија
уредиРаспространување
уредиАветите живеат во Југоисточна Азија, пред сè на островите Суматра, Борнео, Сулавеси, на Филипините и на многу блиски острови.
Однесување
уредиАветите се активни главно ноќно време. Тие живеат на дрвјата во шумите, криејќи се дење во густата вегетација. Можат многу лесно да ги искачуваат дрвјата, а со задните нозе скокаат и неколку метри. По правило, аветите живеат во парови, а понекогаш во мали групи.
Исхрана
уредиКако основна храна за аветите се јавуваат инсектите, но меѓу нив има и такви кои јадат мали `рбетници. Ова се единствените примати кои се исхрануваат исклучиво со животинска храна. На ден аветите можат да изедат храна која сочинува 10% од нивната телесна тежина.
Размножување
уредиПериодот на бременост кај аветите е доволно долг (околу 6 месеци), младенчето се раѓа во добро развиена состојба. Најпрво тоа се прикрепува за стомакот на мајката или таа го пренесува него фаќајќи го со забите за тилниот регион. По неколку недели тоа преминува од млечна на месна исхрана. Половата зрелост младите ја достигнуваат како возрасни. Најстариот авет живеел 13 години (во заробеништво).
Аветите и луѓето
уредиГлавната закана за аветите е уништувањето на нивната животна средина. Освен тоа, тие сè уште се ловат поради нивното месо. Обидите за припитомување на аветите се неуспешни и, како некое правило, доведуваат до умирање на животното за кратко време. Аветите не можат да се привикнат во заробеништво, а во обидот да избегаат, тие најчесто ги разбиваат своите глави од решетките на кафезите.
Аветите во културата и уметноста
уредиВо минатото, аветите играле голема улога во митологијата и суеверието на народите од Индонезија. Индонезијците сметале дека главата кај аветите не е прикрепена за трупот (бидејќи тие можат да ја завртат главата за речиси 360°) и се плашеле да се соочат со нив, бидејќи верувале дека на луѓето во таков случај би можело да им се случи истото.
Филипинците ги сметале аветите за миленичиња на шумските духови.
Во анимираниот серијал Аниматрикс, во серијата ,,Посвојување‘‘ (англ. Matriculated), аветот Мали (англ. Baby) се користи како набљудувач на војната меѓу луѓето и машините и е способен да се поистовети со луѓето кои се приклучени на програмата за симулација на реалноста.
Надворешни врски
уреди- Аветите во културата и уметноста на порталот Филипини.RU
- Авети: Фотографии, информации