Лукијан
Лукијан од Самосата (грчки: Λουκιανὸς ὁ Σαμοσατεύς, латински: Lucianus Samosatensis; cca 125 – iza 180) бил асирски реторичар,[1] и сатиричен писател кој пишувал на грчки јазик.
Животопис
уредиЛукијан е роден во Самосата (денес, во Турција) околу 125. година. Живеел во времето кога со Римското Царство владееле Антонин, Марко Аурелиј и Комод. Умрел околу 180. година, веројатно во Атина.
Творештво
уредиЛукијан е познат по исклучително големиot опус. Негови најпознати дела се: Вистинита историја, Дијалози на мртвите, Дијалози на боговите, Дијалози на куртизаните, Александар, лажниот пророк, Продажба на верата, Филопсеуд (го вклучува и делото Ученикот на волшебникот), итн.
Во своите две дела, De morte Peregrini и Alexander sive pseudopropheta, им се потсмевал на христијаните. Според него, христијаните се чудна секта: се однесуваат со презир кон смртта, не им е грижа за материјалните добра, се жртвуваат за својата заедница, а тоа може да го искористи секој лажго. Тој му се потсмевал на христијанското братство, но немал подлабоко познавање во христијанската вера, ниту пак во внатрешното уредување на христијанската заедница.[2]
Лукијан е познат како Волтер на антиката.[3] Тој е творец на изразот „морософи“ (грчки: μωρόσοφοι) што означува „глупави мудреци“ или „мудри глупаци“, а кој претставува спротивност на изразот „философи“ (грчки: φιλόσοφοι) што значи „пријатели на мудроста“.[4]
Наводи
уреди- ↑ Fergus Millar, '„Paul of Samosata, Zenobia and Aurelian: The Church, Local Culture and Political Allegiance in Third-Century Syria“, The Journal of Roman Studies, Vol. 61 (1971), pp. 1-17.
- ↑ Tomislav J. Šagi-Bunić - Povijest kršćanske literature (svezak I) (scribd)
- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 129.
- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 107.