Спиритизам
За движењето од 1830 до 1920 година во повеќето земји од англиското говорно подрачје, видете Спиритуализам
Спиритизам е христијанска[1] филозофска доктрина, основана во Франција кон средината на 19 век.
Спиритизмот или францускиот спиритизам се заснова врз спиритистичките книги напишани од Французинот Хиполит Леон Денизар Риваил со псевдоним Алан Кардек во кои известува за сеанси на серија од феномени кои можат да се припишат само на бестелесна интелигенција (на духови). Неговиот интерес за комуникација со духови бил поддржан од многумина негови современици, меѓу кои и научници и филозофи, кои присуствувале на сеансите и го проучувале овој феномен. Неговите трудови подоцна го прошириле писателите како Леон Денис, Артур Конан Дојл, Чико Ксавиер, и други.
Спиритизмот има следбеници во многу земји низ светот, вклучувајќи ги Шпанија, САД, Јапонија, Германија, Франција, Англија, Аргентина, Португалија и посебно Бразил, каде постои најголем број на следбеници.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Spiritist Center of Orlando“. Архивирано од изворникот на 2008-12-11. Посетено на 2008-11-02.
- ↑ David. Spirits and Scientists: Ideology, Spiritism, and Brazilian Culture, Pennsylvania State Univ Press, 1991