Душа
Душа или Дух е внатрешниот, невидлив дел од човекот во кој се наоѓа духовниот живот со сите негови психички одлики (свест, емоции, етички норми)[1]. Душата е традиционално именување на човековата психа. Во христијанската религија душата е нематеријален, невидлив, бесмртен животен елемент[2].
Душата во словенската митолошка мисла
уредиСтарите Словени верувале дека душата по смртта заминува на оној/ друг свет или на месечината каде е нивното претстојувалиште. Своите починати ги погребувале, според Л. Нидерле во лежечка или седечка положба. Според некои сведоштва од старите гробови Словените ги погребувале мртвите со рацете и нозете во положба за полетување, кај нашите народи и денес се води сметка рацете и нозете на починатиот да се слободни. Хроничарите забележале и палење на мртвите кај древните Словени, со тоа се тежнеело да се ослободи нивната душа, во претераното сведоштво на Ибн Фослан кој опишува еден погреб меѓу Словените тој вели дека еден Словен му го рекол следното: ”Вие, Арапи сте еден глупав народ; вие го закопувате човекот во земјата каде неговото тело го јадат животните и црвите; а ние, ние го палиме за миг, за веднаш да замине во рајот.” Палењето на починатиот подоцна под влијание на другите религии и обичаи било заменето со погребување, но во прастари времиња било вообичаено над гробот да се пали обреден оган (симбол на светиот оган), а со времето свеќите и кадењето сосема го имаат заменето тој обред.
Душата е најактивниот дел на човекот, таа е во тесна врска со човековата форма, но е посилна од материјалното, бидејќи таа управува со човекот и неговите дејствувања. Според верувањата на старите, душата е сместена во просторот од нозете до грлото, но во посебни случаи таа се собира и може да биде во: петици- при страв; во носот- при умор; во крвта или срцето- кога душата чука, најчесто при силни емоции (неретко љубов); во коските- кога е душата запечена, тврда; таа може и да го напушти човекот- зол, бездушен човек. Душата според старите верувања излегувала низ устата, децата се предупредувале да ја креваат главата при засркнувањето, бидејќи тогаш душата може да го напушти телото. Таа може да егзистира надвор од телото, може да го остави телото додека човекот спие и самостојно да се движи и истражува. Се верувало дека месечарењето (ноцтамбулисмус) настанува поради душата која го напушта телото, а тоа има потреба да ја следи. Се практикувало пред спиење да се задоволи потребата за пиење вода, бидејќи жедната душа најлесно го напуштала телото во потрага по вода.[3]
Разделбата на душата од телото
уредиДушата го напушата телото при смртта и останува самостојно да егзистира. Се верувало дека пред да почине човекот во неговата близина не смее да се плаче, да му се приредуваат изненадувања (доаѓање на мила личност, влечење за раката и сл.), бидејќи душата може да се исплаши и делумно да го напушти телото што би претставувало силно мачење, бидејќи човекот не би можел да почине брзо и лесно. Во домот во кој починала некоја личност веднаш се отворале прозорците и вратите, на душата да & се олесни излегувањето од домот. На огледалата се префрлало платно од страв душата да не заскита во него, доколку заскита во огледалото таа не може да се врати. Душата можела да влезе и во водата според некои верувања, па затоа сета затекната вода во домот на починатиот се исфрлала надвор.[3]
Поврзаноста на душата со материјалниот свет
уредиСè уште постои длабоко верување дека душата по смртта скита околу домот уште четириесет дена, сè уште силно поврзана со семејството и домот. Во домот на починатиот се оставал подотворен прозорец четириесет дена, за душата полесно да влегува и излегува. На местото каде што починал човекот или каде што лежело неговото тело четириесет дена се палело кандило, се оставала вода, вино, леб, шеќерни бонбони или нешто од храната што покојникот особено го сакал, некаде неговата облека се чувала на столицата каде што седел или под креветот или масата на која лежел.
Се верувало дека душата останува на земјата една година, сè додека телото не се распадне, за време на ручеците кои се приредувале за душата на покојникот останувал празен стол и чинија полна со храна за душата на покојникот. Надгробниот споменик се поставува во тек на првата година од смртта на покојниот, бидејќи тој треба да претставува нов дом за душата.
И кај Јужните Словени постоело верување дека душата на починатиот може да се пресели во новороденче, се верувало дека детето во кое навлегла душата на некој покојник може да има век колку и тој. Душата на еден човек можела само трипати да оживее во ново тело. Се верувало дека душата може да влезе во пеперутка или некое бело животно (мачка, јагне, пес и др.) и дека во тој облик може да го посетува или да остане во домот, бидејќи постоело верување дека некои души не можат лесно да се оделат од своите блиски.[3]
Душата (духот) како тема во уметноста и во популарната култура
уредиДушата (духот) се јавува како честа тема во уметноста и во популарната култура.
Душата како тема во книжевноста
уреди- „Повикување на душите (Тибетанска молитва)“ — тибетска молитва.[4]
- „Без душа“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[5]
- „Како канцер душите да ни фатиле“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[6]
- „Со души како надгробни плочи“ - песна на Ана Бунтеска од 2016 година.[7]
- „Душа не е за најаска“ - песна на Ана Бунтеска од 2016 година.[8]
- „Насмеана си, душо моја“ - песна на Ана Бунтеска од 2016 година.[9]
- „Душава ко вреќичка чај ми е“ - песна на Ана Бунтеска од 2016 година.[10]
- „Душата на ченгел си ја обесив“ - песна на Ана Бунтеска од 2015 година.[11]
- „Мртви души“ - роман на рускиот писател Николај В. Гогољ.[12]
- „Дијалог меѓу себе и душата“ (англиски: A Dialogue of Self and Soul) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[13]
- „Човек без душа“ - драма на шведскиот писател Пер Лагерквист од 1936 година.[14]
- „Сенката на мојата душа“ (шпански: La sombra de mi alma) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка од 1919 година.[15]
- „Светлоста на душата“ – книга на шпанскиот калуѓер Фелипе де Менесес од 1554 година.[16]
- „Душите се капат последен пат“ (српски: Душе се купају последњи пут) - збирка раскази на српскиот писател Милорад Павиќ од 1982 година.[17]
- „Душа“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1956 година.[18]
- „Потопени души“ (српски: Утопљене душе) - песна од истоимената збирка поезија на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис од 1911 година.[19][20]
- „Душичка“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.[21]
- „Душата на господинот Когито“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[22]
- „Господинот Когито. Актуелната позиција на душата“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[23]
- „Душа“ - песна на руската поетеса Марина Цветаева од 1923 година.[24]
- „Малку за душата“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[25]
- „За душа“ - кус расказ на македонскиот писател Иван Шопов од 2010 година.[26]
Душата како тема во музиката
уреди- „Душа“ - песна на македонската група Баклава од 2008 година.[27]
- „Гумена душа“ (Rubber Soul) - музички албум на британската група Битлси (The Beatles) од 1965 година.[28]
- „Душата и јас“ (словенечки: Duša in Jaz) — песна на словенечкиот рок-музичар Марко Брецељ од 1976 година.[29]
- „Твојата душа“ (англиски: Your Soul) — песна на британската рок-група Disciplin A Kitschme од 2001 година.[30]
- „Тело и душа“ (Body and Soul) - песна на британската рок-група Систерс оф мерси (Sisters of Mercy).[31]
- „Дух“ (Spirit) - песна на американската рок-група Феит ноу мор (Faith No More) од 1987 година.[32]
- „Дух во темнината“ (Spirit in the Dark) - песна од истоимениот музички албум на американската пејачка Арета Френклин (Aretha Franklin) од 1970 година.[33]
- „Душевен мотор“ (Soul engine) - песна на австралискиот поп-пејач Мајкл Хачинс (Michael Hutchence) од 1989 година.[34]
- „Срце и душа“ (Heart and Soul) - песна на британската рок-група Џој дивижн (Joy Division) од 1980 година.[35]
Душата како тема во филмот
уреди- „За телото и душата“ - филм на унгарската режисерка Илдико Ењеди од 2016 година.[36]
Наводи
уреди- ↑ Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 111
- ↑ Танас Вражиновски, Речник на народната митологија на Македонците, Матица Македонска, Скопје,2000, стр. 157.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, ISBN 9989-918-97-X.
- ↑ Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 57-58.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 118.
- ↑ Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 94-95.
- ↑ Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 139-140.
- ↑ Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 205-207.
- ↑ Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 210-211.
- ↑ Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 143-144.
- ↑ Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 85.
- ↑ Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 137-139.
- ↑ Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда. Битола: НИД „Микена“, 2010.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 7-8.
- ↑ „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 596.
- ↑ „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 24-25.
- ↑ Vladislav Petković Dis. Beograd: Mlado pokolenje, 1971, стр. 30-33.
- ↑ Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 52-54.
- ↑ Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 84-85.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 148-149.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 213-214.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 132-133.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 321-322.
- ↑ Иван Шопов, Азбука и залутани записи, Темплум, Скопје, 2010.
- ↑ Baklava, Kalemar, SJF Records 124, 2008.
- ↑ YouTube, Rubber Soul Full Album - The Beatles Cover (пристапено на 31.1.2017)
- ↑ Discogs, Marko Brecelj – Cocktail (пристапено на 22.3.2022)
- ↑ Disciplin A Kitschme – Refresh Your Senses. NOW! (пристапено на 12.9.2022)
- ↑ DISCOGS, The Sisters Of Mercy – Greatest Hits Volume One (A Slight Case Of Overbombing) (пристапено на 2.12.2019)
- ↑ DISCOGS, Faith No More – Introduce Yourself (пристапено на 19.8.2020)
- ↑ YouTube, Aretha Franklin - Spirit in the Dark - 1970 - album completo (пристапено на 22.11.2017)
- ↑ YouTube, Max Q (Full Album) 1989 Michael Hutchence (пристапено на 16.12.2017)
- ↑ DISCOGS, Joy Division – Closer (пристапено на 7.1.2021)
- ↑ „Златна мечка за унгарски љубовен филм“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 19.