Хорас Волпол
Хорејшио Волпол четвртиот гроф од Орфорд, (англ.: Horatio Walpole, 4th Earl of Orford; Лондон, 24 септември, 1717 година - Лондон, 2 март 1797 годинa) познат како Хорас Волпол (англ: Horace Walpole), бил англиски книжевник, политичар, колекционер и архитект. Роден како најмлад син на првиот англиски премиер сер Роберт Волпол. Се школувал во Колеџот Итон и на Универзитетот во Кембриџ. Во младоста бил близок пријател со поетот Томас Греј. Извршил пресвртница во англиската архитектура изградувајќи ја вилата Стробери Хил во Твикенам. Ја изградил како имитација на готичките средновековни градби, воспоставувајќи нова мода во англиската култура, која ќе се развие во неоготика. [1] Готиката ја вовел во книжевноста, со пишувањето на романот Онтрантски замок 1764 година прв готски роман на светската книжевност. Во историјата останал познат и по својата огромна преписка во која опишал обичаи, луѓе и случки на своето време. Волпол уште за време на неговиот живот предизвикувал спротивни мислења на јавноста. Така кон стедината на 19 век Томас Бабингтон Маколи го дискредитирал како тривијална будалеста седелица и како дволичен лицемер, додека историчарот Џон Х. Пламб го викал минорна фигура и минорен извор. Од другата страна, Марион Харни неговата куќа Стробери Хил ја викал: уникатна, оригинална... визија на страст и мечта, додека Лесли Стивен отишол чекор понапред, нарекувајќи ги Волполовите дела синоним на англискиот осумнаесетти век.[2]
Собрани писма
уредиВилмарт Шелдон Луис (1895 - 1979) пасиониран љубител и колекционер на Волполовите предмети, го финансирал критичкото издание на Волполовите собрани писма во изданието на Јејл универзитет. Првиот том излегол во 1937 година, а последниот, т.е. 48-от том, во 1983 година . Тоа е воедно и една од најобемните објавени преписки на сите времиња. Денеска оваа издание на собраните песни е достапно на интернет.[2]
Наводи
уреди- ↑ Sabor 2013, стр. 16.
- ↑ 2,0 2,1 Wheatcroft, Geoffrey (25). „Walpole: The House & the Letters“. The New York Review of Books. Проверете ги датумските вредности во:
|date=, |year= / |date= mismatch
(help)
Литература
уреди- Murray, Christopher John (2013). Encyclopedia of the Romantic Era, 1760-1850. Routledge. ISBN 978-1-136-17210-6.
- Sabor, Peter (2013). Horace Walpole: The Critical Heritage. Routledge. ISBN 1-135-45579-1.
Надворешни врски
уреди- Македонска аудокнига „Отрантскиот замок“ од Волпол
- Критичко издане на собраните писма на Хорас Волпол Во издание на универзитетот Јејл.
- Онлајн изданија на избраните дела на Проект Гутенберг
„Хорас Волпол“ на Ризницата ? |