Дух — романтична драма од 1990 година со Патрик Свејзи, Деми Мур , Тони Голдвин и Вупи Голдберг во главните улоги. Сценариото е на Брус Џоел Рубин , а режијата на Џери Цукер. Филмот бил номиниран за повеќе оскари меѓу кои и за најдобар филм, а добил оскар за најдобро оригинално сценарио и најдобра споредна женска улога за Вупи Голдберг.

Синопсис уреди

Сем Вит (Патрик Свејзи) и Моли Џенсен (Деми Мур) се среќна и заљубена двојка од Њујорк. Единствениот проблем во нивната врска е потешкотијата на Сем да ѝ каже на својата девојка „Те сакам“. Ова и пречи на Моли која чувстува потреба да ги чуе тие зборови назад кога таа ќе му го каже истото на Сем.

Една вечер додека се шетаат назад кон својот нов стан по вечер помината на театар, ги пресретнува крадецот Вили Лопес. Крадецот вади пиштол и Сем е повреден. Сем го брка Вили, но не успева да го фати. Се враќа назад и ја гледа моли над своето мртво тело. Тогаш тој сфаќа дека е дух, заглавен помеѓу двата света. Се спуштаат светла (се претпостаува од рајот) за да го однесат, но тој бега.

Сем сфаќа дека грабежот е планиран кога ќе го види Вили како влегува во куќата и бара нешто низ неговите работи. Сем го следи Вили и дознава дека неговиот близок пријател и колаге Карл Брунер (Тони Голдвин), го најмил Вили за да го ограби сем со цел да ја земе неговата лозинка од службениот компјутер. Карл е вклучен во перење пари во банката каде тој и Сем работат, а Сем скоро ја променил својата лозинка со што му го спречил пристапот на својот колега до лажните сметки каде биле сместени парите. Сем е фрустриан од постпките на својот таканаречен најдобар пријател, но сфаќа дека како дух може да направи многу малку.