Дух (филм на Френк Милер)
Дух (англиски: The Spirit) – американски филм од 2008 година, во режија на Френк Милер. Главните улоги ги толкуваат Ева Мендез и Семјуел Л. Џексон.[1]
Содржина
уредиПолицаецот-почетник Дени Колд е брутално убиен, но мистериозно се враќа од мртвите во вид на „Дух“ – херој чија мисија е да се бори против силите на злото во Централ Сити. Кога ќе дознае дека неговиот непријател, злосторникот Октопод, е во потрага по вечен живот, „Дух“ решава да го попречи во остварувањето на планот. Но, патем, тој среќава група заводливи жени, кои сакаат да му го одвратат вниманието од неговата задача.[2]