Ѓорѓи Крстевски (писател)
- За други значења видете на појаснителната страница за Ѓорѓи Крстевски
Ѓорѓи Крстевски (1981, Скопје, Македонија) — македонски писател.
Животопис
уредиЃорѓи Крстевски е роден во 1981 година, во Скопје. Дипломирал руски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.[1] [2]
Творештво
уредиКрстевски пишува кратки раскази, поезија и афоризми. Тој е автор на две самостојни збирка раскази: „Обични и необични приказни“ (Темплум, 2011) и „Другата страна“ (Бегемот, 2019), а претходно, во 2005 година, заедно со уште двајца автори, ја објавил збирката кратки раскази „Не сакам да ви кажам ништо“. Исто така, неговите раскази се застапени во антологиите „Тешка ноќ“ (антологија на современиот македонски фантастичен расказ) и „Ветрот носи убаво време“ (антологија на најмладата македонска поезија и проза), во зборникот „Креативни точки“, како и на интернет. Покрај тоа, неговите творби се објавени во списанието „Современост“. Учествувал на повеќе македонски конкурси за кратки раскази на кои освоил неколку награди. Покрај со пишување, Крстевски активно се занимава со преведување од руски, англиски, српски и хрватски јазик при што превел околу 30 книги.[1] [3] [4] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[5]
Преводи
уредиВо преводите спаѓаат:[6]
- Одбраната на Лужин од Владимир Набоков;
- Потопи ми ја главата! од Јуриј Мамлеев;
- Призракот на Александар Волф од Гајто Газданов;
- Будење од Гајто Газданов;
- Вечер кај Клер од Гајто Газданов;
- Ловец на стаорци од Александар Грин;
- Авијатичарот од Евгениј Водолазкин;
- Женски Декамерон од Јулија Вознесенскаја;
- Доживувањата на еден мртовец од Михаил Булгаков;
- Ние од Евгениј Замјатин;
- Паѓаат старици од Данил Хармс.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ѓорѓи Крстевски, Обични и необични приказни, Скопје: Темплум, 2011.
- ↑ Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019.
- ↑ Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 364.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 265-268.
- ↑ „Интервју со литератот и преведувач Ѓорѓи Крстевски: За сè има вторпат“. Мета.мк. 22.09.2024. Посетено на 22 декември 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)