Ека Басунга Локонда "Емил" Мпенза (роден на 4 јули 1978 во Зелик) — поранешен белгиски фудбалер со конгоанско потекло, кој играл како напаѓач.

Белгија Емил Мпенза
Emile mpenza.jpg
Лични податоци
Роден на 4 јули 1978 (1978-07-04) (42 г.)
Роден во Зелик, Белгија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција Напаѓач
Младинска кариера
Месвинс
Кортријк
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995–1996 Кортријк 32 (5)
1996-1997 Мускрон 31 (12)
1997–1999 Стандард 46 (20)
2000-2003 Шалке 79 (28)
2003-2004 Стандард 28 (21)
2004-2006 Хамбургер 36 (5)
2006-2007 Ал Рајан 19 (9)
2007-2008 Манчестер Сити 25 (5)
2008-2009 Плимут 9 (2)
2009-2010 Сион 31 (21)
2010-2012 Нефтчи Баку 31 (6)
2013-2014 Алст Алст 0 (0)
Репрезентација
1995-1996 Белгија Белгија 18 7 (6)
1995 Белгија Белгија 19 7 (0)
1996 Белгија Белгија 21 3 (0)
1997-2009 Белгија Белгија 57 (19)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Тој има одиграно 57 натпревари за репрезентацијата на Белгија за која настапил и на едно светско првенство во Франција 1998[1]. Неговиот постар брат, Мбо, исто така, бил фудбалер кој ја претставувал Белгија.[2]

КариераУреди

Детство и фудбалски почетоциУреди

Локонда "Емил" Мпенза е роден во 1978 година во Зелик, како син на Арсен и Розали.[2] Неговиот татко, во Киншаса бил професор по фармација а во Белгија работел како доктор на Универзитетот во Брисел (УЛБ). Семејството, покрај Емил Мпенза има уште три сина (Арсен Јуниор, Жозеф и Мбо) и ќерка (Медлин). Тие пораснале во сиромашното соседство Ено. За да се спречат младите деца да дојдат во контакт со погрешни луѓе, тие биле испратени од страна на нивната мајка на нивниот прв фудбалски натпревар во раните 80-ти. Петгодишниот Емил како и неговиот брат Мбо го засакале овој спорт и набрзо потоа му се приклучиле на локалниот фудбалски клуб Месвиноа.

Кариерата во БелгијаУреди

Во 1989, браќата се префрлиле во Кортријк. Четири години подоцна, 17-годишниот Мбо ја добил својата шанса во првиот тим. Кортријк во тоа време се натпреварувал во белгиската втора лига. Во 1995 година исто така на 17-годишна возраст како и својот брат и Емил го направил своето деби. Во деби сезоната на Емил, Кортријк се борел за промоција во првата лига. Западно-фламанскиот клуб се квалификувал за финалето на плеј-офот, но морале да ја признаат супериорноста на Мускрон и нивниот тренер Жорж Лекенс.

Веднаш потоа Лекенс останал воодушевен од талентот на двајцата браќа со конгоанско потекло и во летото 1996 година успеал да ги убеди да му се приклучат на новопромовираниот Мускрон. На 14 септември, 1996 година, 18 годишниот Емил Мпенза ги постигнал неговите први два гола во првата белгиска лига против Гент. На крилата на браќата Мпенза, Мускрон завршил како трет во лигата, а Емил успеал да го привлече вниманието на белгиските гиганти Андерлехт и Стандард.

Пред почетокот на следната сезона, Стандард станува третиот клуб во кој браќата Мпенза се селат во пакет. Иако големиот број на повреди и зголеменото внимание на медиумите оставило силна трага врз браќата Мпенза и нивната кариера во клубот. Периодот кога тие играле за Стандард бил многу тежок и клубот бил далеку од посакуваните резултати, но сепак Емил на 46 првенствени настапи постигнал 20 голови, со што остварил солидна кариера во клубот и билет за кариера во странство. Во зимата 2000 година двајцат браќа го напуштиле Стандард и се преселиле вп странство; Емил потпишал за Шалке, а неговиот постар брат за Спортинг Лисабон. Одделени за првпат.

Шалке 04Уреди

На 3 јануари, 2000 година Емил потпишал договор за 4,5 години со германскиот Шалке 04. Одборот на Шалке платил приближно 8.000.000 € за неговиот трансфер кој во тоа време бил најскап откуп во историјата на клубот.[3] Тренерот на Шалке Хуб Стевенс бил опседнат со него, згора на тоа, тој им се придружил на Марк Вилмотс и Нико Ван Керкховен веќе двајца белгиски играчи. Вилмотс, кој го познавал Мпенза од националниот тим му помогнал да дојде во Гелзенкирхен и бил негов ментор во почетокот. Мпенза првично се чувствувал осамен во Гелзенкирхен и се борел да се прилагоди на германскиот менталитет и јазик.

Во неговиот втор натпревар за Шалке, на 8 февруари, 2000 година, го постигнал својот прв гол во германскиот фудбал. Мпенза формирал успешно партнерство во нападот со Ебе Санд, тоа ќе биде сезоната 1999-2000 која ја завршил со вкупно шест гола. Во летото 2000 година Вилмотс заминал во Бордо, но и покрај отсуството на неговиот ментор Мпенза бил редовен стартер во оваа сезона. Во септември 2000 година, сепак, тој ја избегнал смртта откако имал опасна сообраќајна несреќа. Возел по натпреварот против ТСВ Минхен 1860 за Лиеж, но заспал на воланот на неговиот Ферари 360, кој изгорел на патот во близина на градот.[4] Тој веднаш бил хоспитализиран, но му било дозволено да ја напушти болницата следното утро. Напаѓачот постигнал 13 гола во Бундеслигата и бил вице-шампион со Шалке. Шалке исто така го освоил Купот на Германија во сезоната 2000-2001. Тој го одиграл целиот натпревар во финалето на купот против Унион Берлин кој го добиле со 2-0. Прекарот на Мпенза, додека настапувал во Германија бил магија (Magic). Една година подоцна, кога било објавено дека неговиот ментор Вилмотс се враќа назад во Гелзенкирхен, истотка стигнала вест дека Свен Фермант, ќе биде четвртиот белгиец кој ќе игра за Шалке.

На 8 септември 2001, Мпенза бил вмешан во сообраќајна несреќа повторно. Овој пат тој го возел своето ново Порше. Единаесет дена подоцна Мпенза го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите против Арсенал. Шалке го загубиле натпреварот со 3-2. Во неговата луда кариера чувствителниот напаѓач доживеал речиси се, па дури и бил суспендиран од клубот на неодреден период и дел од неговата плата била стопирана.[5] Во 2002 година, вторпат по ред го освоил купот на Германија. Во финалето, Шалке го совладал Баер Леверкузен со 4-2. Мпенза не бил во акција за тој натпревар.

Во неговата последна сезона тој бил почесто на полето за играње. По заминувањето на Мпенза, тренерот Руди Асауер го нарекол напаѓачот непрофесионалец.[6]

Враќање во Стандард, Хамбургер и Ал РајанУреди

По три ипол години откако го напуштил Стандард тој се вратил во клубот од Лиеж на 30 август 2003. Тој постигнал 21 гол и бил втор стрелец во лигата, пред следното лето да се врати во Германија каде што потпишал за Хамбургер за 2.5 милиони .[7]

Тој го зел дресот со број 25., и дебитирал во текот на летото во Интертото купот каде Хамбургер бил елиминиран во полуфиналето. Тренерот Клаус Топмелер му укажал можност да игра и во првото коло од домашното првенство против вице-шампионот од претходната сезона Баерн Минхен. Мпенза го одиграл целиот тој натпревар, но ХСВ загубил на домашен терен со 0-2.[8] Тој бил во преден план во нападот на тимот и во наредните натпревари, а својот прв погодок го постигнал во 3-тото коло на домашен терен против Нирнберг, со удар со левата нога на асистенција на Сергеј Барбарез во победата со 4-3. Во 9-тото коло му донел рано водство (9-та минута) на својот тим, во тој момент последен на табелата, против Борусија Дортмунд во победата на гости со 2-0. Во следното коло постигнал уште еден ран погодок стрелајќи во мрежата на Фрајбург по само пет минути игра, за успехот со 4-0. И покрај тоа што добро започнал и неговите погодоци му носеле победи на тимот, Мпенза во вториот дел од сезоната влегол во голгетерска суша што резултирала со тоа да го загуби местото во стартната постава од јапонецот Наохиро Такахара. Следната сезона била уште по неуспешна за напаѓачот и гледајќи го вкупниот учинок тој не ги оправдал очекувањата на управата постигнувајќи само 5 првенствени гола во 34 натпревари, но му помогнал на клубот да триумфира во Интертото купот 2005 година.

Во јануари 2006 Мпенза ја напуштил Германија за вторпат и потпишал договор со катарскиот прволигаш Ал Рајан.[9] Исто така, некои шпански клубови покажале интерес за него, но Мпенза го избрал клубот од Катар, каде што имал соиграчи кој веќе играле во Европа како Јацек Бак и Саломон Олембе. Во неговата прва сезона тој го освоил Емир катарскиот куп.

Во ноември 2006 година Мпенза повторно станал негативен. Овој пат тој бил фатен при возење во пијана состојба. Во својата втора сезона, Мпенза постигнал шест гола во девет натпревари. Но сепак, во текот на зимата тој го раскинал неговиот договор и отишол во Премиер лигата.

Манчестер СитиУреди

Мпенза потпишал за Манчестер Сити откако играл и постигнал гол во посебно организиран натпревар на Истлендс на 14 февруари 2007 година.[10] "Јас не сум завршил и јас ќе го докажам тоа во Манчестер ", изјавил Мпенза за белгиската радио станица Бел-РТЛ . "Јас го направив овој трансфер како одмазда, во однос на сите оние кои ја критикуваа мојата одлука да играм во Катар". Тој го направил своето деби против Виган Атлетик влегувајќи како замена на полувремето на местото на Јоргос Самарас и веројатно бил најдобар играч на Сити. Тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата со 2-0 над Мидлзборо на 17 март 2007 година, а неговиот втор во победа над Њукасл Јунајтед со 1-0 на 30 март. Тој постигнал уште еден погодок во сезоната 2006-07, на гости кај Тотенхем во последниот ден од сезоната, кога Сити загубиле со 2-1.

Во подготовките за сезоната 2007-08, тој постигнал гол на првиот пред-сезонски натпревар на Сити на гостувањето кај Донкастер Роверс. Тој, исто така ќе го изедначи резултатот против Фулам и ќе му донесе предност на Манчестер Сити против Бристол Сити и Њукасл Јунајтед.[11] Сепак, се соочува со конкуренција за своето место од Роландо Бјанки, Валери Божинов, Џовани и Елано, сите доведени од новиот менаџер на Сити Свен Геран Ериксон во летото 2007 година, Мпенза не постигнал гол од септември, а бил ослободен во јули 2008 година.[12]

ПлимутУреди

Тој потоа му се приклучил на Плимут во Чемпионшип лигата на 2 септември 2008.[13] Мпенза го направил своето Аргајл деби влегувајќи како резерва во 70-тата минута во поразот со 2-1 пораз од Норич Сити на 13 септември. Подоцна во сезоната тој го постигнал својот прв гол за клубот против Чарлтон во натпревар што завршил нерешено 2-2,[14] и постигнал повторно во победата со 2-1 победа над Кардиф Сити.[15] Сепак поголемиот дел од сезоната Мпенза бил надвор од акција поради повреда и затоа не му бил понуден нов договор.

СионУреди

Во летото 2009 година, со слободен трансфер се преселил во Швајцарија, каде што му се прилучил на Сион. Иако веќе го беше загубил местото во националниот тим, тој имал само една мисија да му го врати на Сион стариот сјај. Со 21 постигнат гол Мпенза завршил на второто место на листата на стрелеците и бил повторно во центарот на вниманието на репрезентацијата. Тој постигнал два хет-трка во победите на домашен терен против Санкт Гален (5-1) и Луцерн (5-2).

Една година по доаѓањето во Швајцарија, Мпенза го обновил интересот од неколку врвни клубови, но Сион сакал да го задржи. Во јули 2010 година, на возраст од 32 години бил блиску до трансфер во Ајакс.[16]

НефтчиУреди

Наместо во Ајакс, во летото 2010 Мпенза се преселил во Нефтчи Баку во Азербејџанската Премиер лига и до добил дресот со број 10.[17] Своето деби во Азербејџан го имал на 8 август во дерби натпреварот против Карабах кој завршил 1-1. Тој го започнал натпреварот, но бил заменет во 55-тата минута од Џавид Имамвердијев.[18] Првиот свој погодок во дресот на Нефтчи го постигнал во 3-тата минута за победа против Азал од 1-0, со силен удар во горниот лев агол.[19] Во својата прва сезона постигнал 6 гола со кој му помогнал на клубот да ја освои првенствената титула.

Следната сезона настапите на Мпенза во клубот станале ограничени како резултат на тренерската смена.[20] Тој одиграл само 8 натпревари во првиот дел од сезоната и сите влегувајќи како замена од клупата за резерви. Откако и дефинитивно му станало јасно дека го загубил своето место во нападот, тој го напуштил клубот во јануари 2012.

АлстУреди

Откако барал клуб повеќе од една година, Мпенза конечно потпишал едногодишен договор со Алст на 1 октомври 2013 година.[21]

Репрезентативна кариераУреди

Мпенза играл за репрезентацијата на Белгија од 1997 година, иако тој често бил повредени за време на репрезентативните собири. Тој играл заедно со неговиот брат Мбо на Светското првенство 1998 и на Евро 2000, каде што тој постигнал гол во првиот натпревар против Шведска (кој заврши со победа на Белгија со 2-1), но го пропуштил Светското првенство во 2002 поради повреда на препоните.

ТитулиУреди

  Шалке 04Уреди

  ХамбургерУреди

  Ал РајанУреди

  Нефтчи БакуУреди

СтатистикаУреди

КлубовиУреди

Сезона Клуб Лига Наст. Гол
1995/96 Кортријк   Белгиска втора лига 32 5
1996/97 Мускрон   Белгиска прва лига 31 12
1997/98 Стандард 19 6
1998/99 17 10
1999/00 10 4
Шалке   Бундеслига 15 6
2000/01 27 13
2001/02 16 4
2002/03 21 5
2003/04 Стандард   Белгиска прва лига 28 21
2004/05 Хамбургер   Бундеслига 26 4
2005/06 10 1
Ал Рајан   Катарска Старс лига 10 3
2006/07 9 6
Манчестер Сити   Премиер лига 10 3
2007/08 15 2
2008/09 Плимут   Чемпионшип 9 2
2009/10 Сион   Суперлига 31 21
2010/13 Нефтчи Баку   Прва лига 23 6
2013/14 Алст   Белгиска втора лига 0 0
Вкупно 367 134

РепрезентацијаУреди

  Белгија
Година Натп Гол
1997 5 2
1998 8 0
1999 9 4
2000 7 3
2001 6 3
2002 2 0
2003 4 2
2004 1 0
2005 7 3
2006 3 0
2007 2 0
2009 3 2
Вкупно 57 19

Хет-триковиУреди

Во својата долга кариера Емил Мпенза успеал да постигне хет-трик на три натпревари досега. Еднаш во дресот на Шалке 04 во Бундеслигата и двапати за Сион во швајцарската суперлига.

Натпревари во кој постигнал хет-трикУреди



Личен животУреди

Емил е во брак со Натали Крацборн од 2004 година, со која имаат едно дете, син по име Лени.[2]

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Состав на Белгија на СП 1998
  2. 2,0 2,1 2,2 Биографија
  3. Видео: 3 јануари 2000 - 21-но годишниот Емил Мпенза од Стандард пристигна во Шалке 04 Спорза, 03 јануари 2010
  4. Возачките способности на Емил Мпенза 21 ноември 2006
  5. Играчите на Шалке покажуваат малку разбирање за Мпенза Антверпенски весник 16 октомври, 2001
  6. Шалке се лутат на заминувањето на Мпенза
  7. Емил Мпенза четири години во Хамбургер - гва.бе
  8. Хамбургер-Баерн Минхен 0-2 - 07.08.2004
  9. Емил Мпенза го напушти Хамбургер
  10. Емил Мпенза им се приклучи на небесно сините објавено на 15 февруари 2007
  11. Мпенза не сака да го напушти Сити
  12. „Клубот ја потврди листата на ослободени играчи“. Манчестер Сити. 3 јули 2008. Архивирано од изворникот на 5 July 2008. Посетено на 3 јули 2008.
  13. „Мпенза потпиша договор“. Плимут Аргајл. 2 септември 2008. Посетено на 2 септември 2008.
  14. „Плимут 2–2 Чарлтон“. BBC. 8 ноември 2008. Посетено на 26 октомври 2009.
  15. „Плимут 2–1 Кардиф“. BBC. 22 ноември 2008. Посетено на 26 октомври 2009.
  16. Ајакс речиси го финализира трансферот на Мпенза NU.nl 24 јули 2010
  17. Мпенза се сели во Азербејџан Кајгана 10 август 2010
  18. Нефтчи-Карабах 1-1
  19. Првиот гол на Емил Мпенза во Азербејџан
  20. Нефтчи го назначи новиот тренер
  21. „Алст го враќа заборавениот Мпенза“ (холандски). sporza.be. 1 октомври 2013. Посетено на 1 октомври 2013.