Буква

поединечен знак од некоја азбука

Буквазнак во еден азбучен систем кој се користи за негово пишување. Буквите сочинуваат фонеми, при што секоја од нив претставува еден глас (звук) од говорниот (усмен) јазик.[1] Пример за такво писмо е македонската азбука. Гласовите во азбуките се обично согласки и самогласки, со исклучок на абџадите — азбуки што се состојат само од согласки.

Кирилични букви и дозволени но незадолжителни закосени варијанти.
Примерок на латинични букви и типографски слогови од „Циклопедија“, 1728.

Другите писма кои не се азбуки се нарекуваат слоговни (означуваат слогови) или логографски (означуваат зборови или изрази).

Македонската азбука има вкупно 31 кирилична буква, од кои 3 ѝ се својствени само на неа (ѓ, ќ и ѕ) и уште две што ги дели само со српската (љ и њ)

Буквите на матичниот јазик се учат уште од раното детство, со помош на посебен учебник наречен буквар.[2]

Дефиниција и употреба

уреди

Буквите претставуваат делови од говорот, и како такви се во потесна врска со фонетиката на дадениот јазик. Кај чисто фонемските азбуки како македонската, секоја фонема има по еден глас, но ваквите азбуки се многу ретки. Кога една фонема се означува со пар од букви, ова се нарекува диграф (двознак). Такви се, на пример, ch, sh и th во англискиот и и lj во српскохрватскиот, sz и rz во полскиот, nh во португалскиот итн. Во извесни јазици постојат фонеми што се изразуваат со триграфи (тризнаци), составени од три букви: такво е германското sch, француското eau, унгарското dzs итн.

Во разни јазици, звучната вредност на некои букви зависи од нивното опкружување и етимологијата на поимот. На пример шпанското c се изговара како [k] пред a, o и u, но како [θ] пред e и i.

Во највеќето азбуки, буквите имаат свои имиња, кои се цели зборови и се разликуваат од еден народ до друг. Исклучок од правилото е македонската и српската азбука, каде имињата (кои биле со старословенско потекло) со време се исфрлени, за да буквите се нарекуваат по самите нивни гласови.

Буквите може да имаат и бројчена вредност. Ваквите бројки биле широко застапени во минатото, додека пак денес имаат историска или посебна улога (како што се римските, за означување на редни броеви). Во старословенскиот и црковнословенскиот користеле кирилични бројки.

Историја

уреди

Првата азбука во историјата била согласна азбука што настанала околу 2000 г. п.н.е. за потребите на семитските работници во Египет, изведени од азбучните начела на египетските хиероглифи.[3] Речиси сите азбуки денес потекнуваат од оваа (или феникиската) или стилски се засноваат на неа.[4] Старогрчката (настаната околу 800 г. п.н.е.) била првата што почнала да ги запишува согласките (дотогаш се претставувале само самогласките).[5]

Видови букви

уреди
 
Текст напишан со арапски букви
 
Рача Аначак Тај („Кралство Тајланд“) напишано со тајландски букви

Азбуки

уреди

Ова се азбуки и согласни азбуки (абџади) претставени со различни писма. Некои, како арапската и хебрејската и сириската, се читаат од десно налево. Еве примери за букви:

арапска: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , هـ, , .

сириска: ܐ, ܒ, ܓ, ܕ, ܗ, ܘ, ܙ, ܚ, ܛ, ܝ, ܟܟ, ܠ, ܡܡ, ܢܢ, ܣ, ܥ, ܦ, ܨ, ܩ, ܪ, ܫ, ܬ.

кирилица: А, Б, В, Г, Ґ, Ѓ, Д, Е, Є, Ж, З, Ѕ, И, І, Ї, Й, К, Ќ, Л, М, Н, О, П, Р, С, Т, У, Ф, Х, Ц, Ч, Ш, Щ, Ю, Я, Ъ, Ь, Ђ, Љ, Њ, Ћ, Џ, Ы.

грчка: Α, Β, Γ, Δ, Ε, Ζ, Η, Θ, Ι, Κ, Λ, Μ, Ν, Ξ, Ο, Π, Ρ, Σ, Τ, Υ, Φ, Χ, Ψ, Ω.

хебрејска: א, ב, ג, ד, ה, ו, ז, ח, ט, י, כ, ל, מ, נ, ס, ע, פ, צ, ק, ר, ש, ת.

англиска латиница: A, B, C, D, E, F, G, H, I, J, K, L, M, N, O, P, Q, R, S, T, U, V, W, X, Y, Z.

хангул: ㄱ ㄲ ㄴ ㄷ ㄸ ㄹ ㅁ ㅂ ㅃ ㅅ ㅆ ㅇ ㅈ ㅉ ㅊ ㅋ ㅌ ㅍ ㅎ ㅏ ㅐ ㅑ ㅒ ㅓ ㅔ ㅕ ㅖ ㅗ ㅘ ㅙ ㅚ ㅛ ㅜ ㅝ ㅞ ㅟ ㅠ ㅡ ㅢ ㅣ

бопомофо: ㄅ ㄆ ㄇ ㄈ ㄉ ㄊ ㄋ ㄌ ㄍ ㄎ ㄏ ㄐ ㄑ ㄒ ㄓ ㄔ ㄕ ㄖ ㄗ ㄘ ㄙ ㄚ ㄛ ㄜ ㄝ ㄞ ㄟ ㄠ ㄡ ㄢ ㄣ ㄤ ㄥ ㄦ ㄧ ㄨ ㄩ ㄭ

огам:   ᚂ ᚃ ᚄ ᚅ ᚆ ᚇ ᚈ ᚉ ᚊ ᚋ ᚌ ᚍ ᚎ ᚏ ᚐ ᚑ ᚒ ᚓ ᚔ ᚕ ᚖ ᚗ ᚘ ᚙ ᚚ ᚛ ᚜

Меѓународна фонетска азбука (МФА) — знаци за точен изговор на секој глас во светските јазици.

Големи и мали букви

уреди

Многу азбуки разликуваат два облика на една буква, наречени „голема“ и „мала“ буква (минускула и мајускула). Тие го претставуваат истиот глас, но имаат поинаква улога во пишувањето. Големите служат да се означи почеток на реченицата, лична именка, наслов и друго. Во германскиот јазик, со голема буква се пишуваат сите именки од каков било вид.

Типографија

уреди

Буквите може да се печатат (или прикажуваат на екран) во разни стилови и обливи, зависно од слогот. Типографскиот слог е поединечен стилски едообразен начин на претставување на букви или знаци. Истиот може да има повеќе стилови, како закосен, задебележ и сл. Фонтот (комплет, гарнитура) — поконкретна варијанта, бидејќи, покрај останатото, ги подразбира и големината и обликот на буквите.

Ракописното писмо честопати значајно се разликува од печатното, при што истите букви изгледаат не само стилизирано, туку и мошне поинаку.

Буквата како мотив во уметноста

уреди
  • „Вкусот на буквите“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[6]
  • „Мала збучна мана“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[7]
  • „Љ под мостот“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[8]
  • „Азбуката во куфер“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[9]
  • „Ќ против Ћ“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[10]

Поврзано

уреди
 
Ракописните букви на македонската азбука

Наводи

уреди
  1. букваДигитален речник на македонскиот јазик
  2. букваДигитален речник на македонскиот јазик
  3. Millard, A. R. (1986), „The Infancy of the Alphabet“, World Archaeology, 17 (3): 390–398, doi:10.1080/00438243.1986.9979978
  4. Himelfarb, Elizabeth J. "First Alphabet Found in Egypt", Archaeology 53, Issue 1 (Jan./Feb. 2000): 21.
  5. Millard 1986, стр. 396
  6. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 216.
  7. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 230.
  8. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 228.
  9. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 227.
  10. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 511.

Надворешни врски

уреди