Ширли Темпл
Ширли Темпл (англиски: Shirley Jane Temple) (23 април 1928, Санта Моника, Калифорнија, САД — 10 февруари 2014, Вудсајд, Калифорнија, САД) — американска филмска глумица.
Животопис
уредиШирли Темпл е родена на 23 април 1928 година во Санта Моника, Калифорнија. Кон крајот на 1960-тите, Темпл влегла во американската политика и била републикански кандидат за Конгресот, а подоцна станала дипломат. Темпл починала од природна смрт на 10 февруари 2014 година, во својот дом во Вудсајд, Калифорнија.[1]
Филмска кариера
уредиШирли Темпл се прославила во 1930-тите, како дете-глумица во Холивуд, а првата улога ја одиграла на тригодишна возраст. Со филмовите „Стани и навивај“, „Сјајни очи“ и „Малиот полковник“, таа станала голема ѕвезда, а веќе на шестгодишна возраст добила специјален „Оскар“ и до ден-денес, таа е најмладата добинтичка на оваа награда. Во текот на својата кариера, таа снимила 43 филма, но подоцна имала големи проблеми да ја одржи својата кариера и на возраст од 22 години се повлекла од филмската индустрија.
Наводи
уреди- ↑ Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13.