Отвори го главното мени

Џејн Фонда (англиски: Jane Fonda) (21 декември, 1937, Њујорк, САД) е американска глумица.

Џејн Фонда
Jane Fonda Academy Awards 1990.jpg
СопружникРоџер Вадим (1965-1973)
Том Хејден (1973-1990)
Тед Тернер (1991-2001)

БиографијаУреди

Џејн Фонда потекнува од филмско семејство: таа е ќерка на познатиот глумец Хенри Фонда, а нејзиниот брат Питер Фонда, исто така, остварил успешна актерска кариера. Мајка ѝ Френсис имала кралски корени. Кога Џејн била мала, семејството се преселило од Калифорнија на Источниот брег на САД, а наскоро, татко ѝ побарал развод. Тогаш, мајка ѝ доживеала нервен слом и завршила во психијатриска болница, каде што извршила самоубиство, пресекувајќи си го грлото со брич. Тогаш, Џејн имала 12 години, а нејзиниот брат Питер - 10 години.[1]

Подоцна, Џејн имала бурен живот, одбележан со три неуспешни брака, од кои има две деца. Таа првпат се омажила на 27-годишна возраст за францускиот режисер Роже Вадим, во чиј филм „Барбарела“ ја играла насловната улога. По раѓањето на ќерката Ванеса, бракот се распаднал, а во 1972 година, Џејн се омажила за познатиот антивоен активист Том Хејден. Од тој брак се родил синот Трој, а бракот траел до 1990 година. Една година подоцна, Џејн се омажила за Тед Тарнер, сопственикот на „CNN“, но во 2001 година, тие се развеле. По подолга пауза, во 2009 година, Џејн стапила во љубовна врска со музичкиот продуцент Ричадр Пери.[2]


Во 1980-тите, Џејн Фонда остварила голем комерцијален успех со своите видео-касети со вежби и совети за здрав живот.

Филмска кариераУреди

Во 1991 година, Џејн Фонда објавила дека се повлекува од глумата, но 14 години подоцна, таа повторно се вратила пред камерите, глумејќи во филмот „Свекрвиште“, во кој играла заедно со Џенифер Лопез. Подоцна, таа глумела и во телевизиската серија „Вести“, како и во серијата „Грејс и Френки“, која се прикажувала на каналот „Нетфликс“.[3]

НаградиУреди

НаводиУреди

  1. Наташа Спирова, „Уживам во љубовта, но нема повторно да се мажам“, Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 11.
  2. Наташа Спирова, „Уживам во љубовта, но нема повторно да се мажам“, Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 11.
  3. Наташа Спирова, „Џоан Колинс пишува книги, Меги Смит жнее награди“, Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 10-11.

Надворешни врскиУреди