Кларк Гејбл
Вилијам Кларк Гејбл (англиски: Clark Gable) (1 февруари 1901, Кадис, Охајо, САД – 16 ноември 1960, Вест Холивуд, Калифорнија, САД) бил американски филмски глумец, добитник на наградата „Оскар“. Неговата најпозната улога е онаа во филмот Одвеано со виорот, каде глуми покрај Вивиен Ли. Во 1999 година, Американскиот филмски институт го прогласил Гејбл за седма најголема филмска ѕвезда во историјата на филмот. Во Холивудската индустрија, уште од врвната точка на неговата кариера, Гејбл бил познат како „Кралот на Холивуд“ или едноставно како „Кралот“.
Кларк Гејбл | |
---|---|
Кларк Гејбл во Бунтот на бродот Баунти (1935) | |
Роден(а) | Вилијам Кларк Гејбл |
Други имиња | Кралот на Холивуд |
Висина | 6' 1" (1.85 m) |
Сопружник | Џозефин Дилон (1924-1930) (разведен) Марија "Риа" Френклин Принтис Лукас Лангам (1931-1939) (разведен) Карол Ломбард (1939-1942) (нејзина смрт) Силвија Ешли (1949-1952) (разведен) Кеј Вилијамс (1955-1960) (негова смрт) 1 дете |
Животопис
уредиВо 1930-тите години, Гејбл започнал врска со високата убавица Керол Ломбард, која тогаш била една од најплатените глумици во Холивуд. Во 1939 година, тие се венчале, по што се преселиле на ранчот во Енсино, Калифорнија. Нивната среќна врска завршила трагично во 1942 година, кога авионот со кој Ломбард се враќала дома удрил во планина при што загинале сите патници и членовите на екипажот. По нејзината смрт, Гејбл се женел уште двапати, но никогаш не ја прежалил саканата Ломбард, така што по смртта во 1961 година, тој бил закопан веднаш до нејзиниот гроб.[1]
Филмска кариера
уредиНаводи
уреди- ↑ Наташа Спирова, „Лијам Нисон ја загуби саканата на скијање, а Клерк Гејбл во авионска несреќа“, Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 12-13.
Надворешни врски
уреди„Кларк Гејбл“ на Ризницата ? |
- Кларк Гејбл на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Кларк Гејбл на TCM Movie Database
- Кларк Гејбл — Internet Broadway Database
- Почест на Кларк Гејбл
- Кларк Гејбл во Грмотевица![мртва врска] - целиот филм онлајн
- Кларк Гејбл, Кралот на филмовите - страница во негова чест: галерија, биографија и повеќе.