Бригадниот генерал Џејмс Мејтланд "Џими" Стјуарт (20 мај 19082 јули 1997) е иконски американски глумец-оскаровец, најпознат по својата скромна персона на екранот. Во текот на својата богата кариера глуми во низа филмови - општо признати како класици - а и пет пати е номиниран за оскар, при што добива еден за најдобар глумец и еден за животно достигнување.

Џејмс Стјуарт
Џејмс Стјуарт, фотографија на Карл фан Вехтен, 1934
Роден(а)Џејмс Мајтленд Стјуарт
Други имињаЏими Стјуарт
Активен19351991
СопружникГлорија Хетрик (1949–1994) (две деца)

Роден е во Индијана близу Питсбург и најпрво започнува кариера на архитект пред да биде привлечен од театарот на колеџ. По првичниот успех на Бродвеј, филмско деби во Холивуд има во 1935 година. Кариерата започнува да му се движи по нагорна линија по филмовите кои ги работи под режисерската палка на Френк Капра, меѓу кои е и онаа улога во Г. Смит оди во Вашингтон - улога која ќе му донесе и номинација за оскар. Во текот на седумте децении минати во Холивуд, Стјуарт игра низа разновидни улоги и сепак ја создава својата препознатлива слика преку класиците од типот на Филаделфиска приказна, Харви, Ова е прекрасен живот, Прозорец во дворот и Вртоглавица.

Стјуарт станува толку близок до американската јавност што секогаш е именуван како "Џими" Стјуарт— назив кој никогаш нема да се појави во завршните филмски кредити.

Стјуарт остава свој печат во неколку жанрови, вклучувајќи ги комедиите, вестерните, и пред сè трилерите. Работи за низа славни филмски режисери меѓу кои мора да се издвојат Алфред Хичкок, Џон Форд и Ентони Ман. Умира во 1997 година, во наследство оставајќи низа култни филмови како и мислењето дека е еден од најдобрите глумци во филмската историја. Прогласен е за трета најголема филмска ѕвезда од Американскиот филмски институт.

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: