Предлог и усвојување (филм од 1962)
„Предлог и усвојување“ (англиски: Advise & Consent) - американски филм од 1962 година, во режија на Ото Премингер (Otto Preminger), по сценариото на Вендел Маес (Wendell Mayes). Филмот е заснован врз истоимениот роман на Ален Друри (Allena Druryja). Главните улоги ги играат: Чарлс Лафтон (Charles Laughton), Волтер Пиџон (Walter Pidgeon), Дон Мареј (Don Murray), Питер Лофорд (Peter Lawford), Хенри Фонда (Henry Fonda), Џон Тјерни (Gene Tierney) и Френчот Тоун (Franchot Tone). Во 1962 година, за овој филм, Премингер ја освоил наградата „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, додека Чарлс Лафтон бил добитник на наградата БАФТА за најдобар глумец.[1]
Синопсис
уредиПретседателот на САД (го игра Тоун) го номинира Роберт Лефингвел (го игра Фонда) за државен секретар и преку водачот на мнозинството во Сенатот (го игра Пиџон) се обидува да обезбеди поддршка на предлогот. Меѓутоа, сенаторот Кули со сите сили се бори против Лефингвел, кој е повикан на испитување пред сенатската комисија со која раководи сенаторот Бриг Андерсон (го игра Мареј). На испитувањето, сенаторот Кули доведува еден сведок кој тврди дека Лефингвел порано бил комунист, меѓутоа Лефингвел лесно го отфрла обвинението, докажувајќи дека сведокот страдал до ментални проблеми. Сепак, Лефингвел не може да се помири со својата лага и бара од претседателот да ја повлече кандидатурата, но тој не сака да попушти. Откако сенаторот Кули ја открива лагата на Лефингвел, неговиот избор станува многу неизвесен. Меѓутоа, непознат маж го уценува сенаторот Андерсон, кој открива дека станува збор за неговиот поранешен другар од армијата со кого тој имал хомосексуална врска. Соочен со скандалот, сенаторот Андерсон извршува самоубиство. За време на гласањето во Сенатот, резултатот е нерешен, но во тој миг пристига веста дека претседателот умрел.[1]