Кетрин Хепберн
Кетрин Хјутон Хепберн (12 мај 1907 – 29 јуни 2003) беше иконска четирикратна американска оскарвка, општо позната по својата остра духовитост, ново-англиска отменост и бестрашна независност.
Кетрин Хепберн | |
---|---|
Кетрин Хепберн во 1941 | |
Роден(а) | Кетрин Хјутон Хепберн |
Активен | 1928 - 1994 |
Сопружник | Ладлоу Огден Смит (1928-1942) |
Легенда на екранот, Хепберн го држи рекордот за најмногу добиени оскари за најдобра глумица - четири од дванаесет номинации (Мерил Стрип моментално го држи рекордот за најголем број на номинации со четиринаесет). Хепберн има добиено и Еми награда во 1975 година за својата улога во Љубов во урнатините, а исто така номинирана е и за уште четири Емија и две Тони награди во текот на нејзината повеќе од 70-годишна глумечка кариера. Во 1999 година, Американскиот филмски институт ја прогласува Хепберн за најголема филмска ѕвезда во историјата според својата листа АФИ 100 години... 100 ѕвезди.
Хепберн го избегнувала Холивудскиот публицитет, и одби да конформира на очекувањата за жените. Таа била отворена, наметлива, атлетичарка, и носела панталони пред тоа да биде во мода за жените. Се омажила еднаш, како млада жена, но потоа живеела независно. А 26-годишната афера со Спенсер Трејси била скриена од јавноста. Со својот неконвенционален начин на живот и независен карактер што таа го донесе на екранот, Хепберн ја олицетвори "модерната жена" во Америка во 20-от век и е запаметена како важна културна фигура.
Надворешни врски
уреди„Кетрин Хепберн“ на Ризницата ? |
- Кетрин Хепберн на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Кетрин Хепберн на TCM Movie Database
- Кетрин Хепберн — Internet Broadway Database
- Кетрин Хепберн: Жена на годината, страница во нејзина чест Архивирано на 21 јуни 2017 г.
- BBC некролог
- Необична жена: Кетрин Хепберн (статија од списанието Premiere) Архивирано на 16 декември 2008 г.
- Кетрин Хепберн на Classic Movie Favorites Страница во нејзина чест: галерии, биографија, филмографија и многу друго.