Елизабет Тејлор
Елизабет Розмонд Тејлор (англиски: Dame Elizabeth Rosemond "Liz" Taylor; 27 февруари 1932 - 23 март 2011) — култна англиско-американска актерка, добитничка на два оскари за најдобра глумица.
Елизабет Тејлор | |
---|---|
Од трејлерот за филмот Џин, 1956 | |
Роден(а) | Елизабет Роузмонд Тејлор |
Починал(а) | 23 март 2011 Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Други имиња | Лиз Тејлор |
Активен | 1941 - 2001 |
Сопружник | Конрад Хилтон Џр. (1950-1951) Мајкл Вајлдинг (1952-1957) Мајкл Тод (1957-1958) Еди Фишер (1959-1964) Ричард Бартон (1964-1974) (1975-1976) Џон Ворнер (1976-1982) Лери Фортенски (1991-1996) |
Деца | Мајкл Вајлдинг Џр. (р.1953) Кристофер Едвард Вајлдинг (р.1955) Лиза Тод Бартон (р.1957) |
Своевремено, Тејлор била една од најубавите филмски глумици. Една нејзина чудна одлика биле нејзините очи кои се опишувале како виолетови, при што, оваа аномалија претставувала нејзин "заштитен знак".[1]. Позната по своите глумечки способности и иконска убавина, како и по нејзиниот екстравагантен животен стил, исполнет со долга низа бракови и разводи (собено е познат нејзиниот брак со глумецот Ричард Бартон), Тејлор се смета за една од најголемите глумици во Златната филмска ера, како и една од филмските ѕвезди кои можат да се пофалат со титулата "поголеми од животот".
Нејзината голема популарност продолжила и по смртта. така, според американското списание "Форбс", во 2011 година, Тејлор била прва на списокот на починати ѕвезди со најголема заработувачка, со заработка од 210 милиони долари, остварени од продажбата на нејзиниот накит, костуми, уметнички дела и нејзиниот парфем "вајт дајмондс" (white diamonds).[2]
Американскиот филмски институт ја сместил Тејлор на седмото место на својата список на најголеми филмски ѕвезди во историјата.
Филмографија
уреди- Место под сонцето (1951)
- Љубовта е подобра од кога и да било (1952)
- Последниот пат кога го видов Париз (1954)
- Џин (1956)
- Мачка на жешкиот лимен покрив (1958)
- Наеднаш, минатото лето (1959)
Наводи
уреди- ↑ Бајард, Луј. „Виолетовите очи за кои вреди да се умре“. Washington Post.
- ↑ "Елизабет Тејлор - почината ѕвезда со најголема заработувачка", Дневник, година XVI, број 4 998, петок, 26 октомври 2012, стр. 32.
Надворешни врски
уреди„Елизабет Тејлор“ на Ризницата ? |
- Елизабет Тејлор — Internet Broadway Database
- Елизабет Тејлор на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Елизабет Тејлор на TCM Movie Database
- Elizabeth Taylor Fan Архивирано на 27 јануари 2007 г. - Најнови вести, колкција на слики (повеќе од 13,000), мултимедија, изјави за новинарите, форум, итн.
- Елизабет Тејлор - Опширна биографија, информации за секој филм, архива на вести, фотографии, итн.
- Elizabeth Taylor Aids Foundation (ETAF) - Фондацијата на Елизабет Тејлор за борба против сидата