Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година
Европското првенство во фудбал за играчи под 21 година е меѓународно фудбалско натпреварување за играчи под 21 година кое е под покровителство на УЕФА.
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година | |
---|---|
Основано | 1978 |
Број на екипи | 55 (квалификации) 12 (завршен турнир) |
Тековен | Германија (2. титула) |
Најмногу титули | Италија (5. титули) |
ЕП за играчи под 21 година - 2019 |
На Европското првенство се натпреваруваат 12 репрезентации поделени во 3 групи по 4 екипи, а можат да играат сите земји членки на УЕФА кој ќе се квалификуваат. Квалификациите се играат во девет групи во кои победниците директно се квалификуваат на завршниот турнир, а четирите најдобро второпласирани репрезентации играат баражи помеѓу себе (два пара во два натпревари дома и гости) така што победниците во баражите исто така се пласираат на првенството. Само домаќинот (или домаќините) не игра квалификации и се квалификува директно на првенството. Натпреварувањето исто така служи како квалификациско за Олимписките игри.
Ово натпреварување постои уште од 1978 година, кога првенството бил променет од натпреварување за играчи под 23 години во натпреварување за играчи под 21 година. Првото Европско првенство за играчи под 21 година, било одржано во 1978. Актуелен првак е Германија која го освоила првенството во 2017 година одржано во Полска, а најуспешна репрезентација моментално е Италија со 5 титули.
Резултати
уредиПрвенство под 23 години
уредиТоа било одиграно само трипати пред УЕФА да ја смени категоријата.
Година | Домаќин | Финале | Број на екипи | |||
---|---|---|---|---|---|---|
Победник | Резултат | Вицешампион | ||||
1972 детали |
Москва Острава |
Чехословачка |
2 - 2 3 - 1 (5 - 3) |
Советски Сојуз |
8 | |
1974 детали |
Дрезден Будимпешта |
Унгарија |
2 - 3 4 - 0 (6 - 3) |
Источна Германија |
8 | |
1976 детали |
Будимпешта Москва |
Советски Сојуз |
1 - 1 2 - 1 (3 - 2) |
Унгарија |
8 |
Првенство под 21 година
уредиОд 1994 година, завршниот турнир се одржува во земја домаќин.
Успешност на репрезентациите
уредиАжурирано јуни 2019
Поз. | Држава | |||
---|---|---|---|---|
1 | Италија | 5 | 2 | 7 |
2 | Шпанија | 4 | 3 | 7 |
3 | Англија | 2 | 1 | 3 |
3 | Германија | 2 | 1 | 3 |
5 | Советски Сојуз / Русија | 2 | 0 | 2 |
6 | Холандија | 2 | 0 | 2 |
7 | Југославија | 1 | 1 | 2 |
8 | Франција | 1 | 1 | 2 |
9 | Чешка | 1 | 1 | 2 |
10 | Шведска | 1 | 1 | 2 |
Награди
уреди
Најдобар играч на првенствотоуреди |
Златна копачкауреди
|
Надворешни врски
уреди- УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година на мрежното место на УЕФА