Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017

Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017 — 21. издание на европските првенства во фудбал за играчи под 21 година, фудбалско натпреварување кое се одржува на секои две години за репрезентациите за играчи под 21 година, организирано од страна на УЕФА.

Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2017
Општо за првенството
Домаќин(и) Полска Полска
      градови 6
      стадиони 6
Период на одржување 16 јуни30 јуни 2017
Број на учесници 12
Распределба на медалите
Шампион Германија Германија
Второ место Шпанија Шпанија
Трето место Англија Англија
Италија Италија
Статистички податоци за првенството
Посетеност 244.085  (11.623 по натпревар)
Одиграно натпревари 21
Дадено голови 65  (3.1 по натпревар)
Најдобар стрелец Шпанија Саул Нигес (5 гола)
Најдобар играч Шпанија Дани Себалјос
2015
2019

Завршниот турнир ќе биде одржан во Полска од 16 до 30 јуни 2017 година, откако нивната понуда била избрана од страна на Извршниот комитет на УЕФА на 26 јануари 2015 година во Нион, Швајцарија.[1] Играчи родени на или по 1 јануари 1994 година ќе можат да земат учество на турнирот.

На 24 јануари 2014, УЕФА потврдила дека бројот на учесници на завршниот турнир 2017 ќе биде зголемен од 8 на 12 екипи.[2]

Германија ја освоила титулата победувајќи ја Шпанија во финалето во Краков со 1-0.[3]

Избор на домаќин

уреди

Домаќинот бил објавен на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Нион на 26 јануари 2015 година. Кон крајот на април 2014 година полската фудбалска асоцијација PZPN многу силно укажува на тоа дека земјата има големи шанси да биде домаќин на турнирот. Наддавање да ги пречекаат најдобрите младински тимови во Европа беше една од причините за повлекување на Полска од трката за организацијата на Европското првенство 2020.[4]

Квалификации

уреди

Вкупно 53 земји членки на УЕФА влегле во натпреварувањето (без Гибралтар), заедно со домаќинот Полска кој се квалификувале автоматски, другите 52 екипи се натпреварувале во квалификациите за турнирот за да се утврдат преостанатите 11 места на завршниот турнир.[5] Квалификациите, се одржале од март 2015 до ноември 2016 година, и се состоеле од два круга:[6]

  • Квалификациска фаза по групи: 52-те екипи биле поделени во девет групи - седум групи од по шест екипи и две групи од по пет екипи. Секоја група се играла по двоен Бергеров систем, дома и гости. Победниците од деветте групи се квалификувале директно за финалниот турнир, додека четирите најдобри второпласирани (не сметајќи ги резултатите против шестопласираниот тим) на крајот одат во баражот.
  • Бараж: Четирите екипи со ждрепка се одредени во два двомеч натпревари за да се утврдат последните две екипи кој ќе се квалификуваат за завршниот турнир.

Квалификувани екипи

уреди

Следните екипи се квалификувале за завршниот турнир

Држава Квалификувана како Дата на квалификација Учество Последно учество Најдобар резултат
  Полска Домаќин 26 јануари 2015 6-то 1994 Четвртфинале (1982, 1984, 1986, 1992, 1994)
  Португалија победник во квал. група 4 6 септември 2016 8-мо 2015 Финалист (1994, 2015)
  Данска победник во квал. група 5 6 септември 2016 7-мо 2015 Полуфинале (1992, 2015)
  Англија победник во квал. група 9 6 октомври 2016 14-то 2015 Победник (1982, 1984)
  Словачка победник во квал. група 8 6 октомври 2016 2-ро 2000 Четврто место (2000)
  Германија победник во квал. група 7 7 октомври 2016 11-то 2015 Победник (2009)
  Чешка победник во квал. група 1 7 октомври 2016 13-то 2015 Победник (2002)
  Шведска победник во квал. група 6 10 октомври 2016 8-мо 2015 Победник (2015)
  Италија победник во квал. група 2 11 октомври 2016 19-то 2015 Победник (1992, 1994, 1996, 2000, 2004)
  Македонија победник во квал. група 3 11 октомври 2016 1-во Деби
  Шпанија победник во плејофот 15 ноември 2016 13-то 2013 Победник (1986, 1998, 2011, 2013)
  Србија победник во плејофот 15 ноември 2016 10-то 2015 Победник (1978)

Завршен жреб

уреди

Ждрепката за завршниот турнир се одржала на 1 декември 2016 во 18:00 часот по средноевропско време, во Конгресниот центар во Краков.

Домаќин (Позиција A1)
Екипа
  Полска
Шешир 1
Екипи Coeff
  Германија 39,037
  Португалија 38,378
Шешир 2
Екипи Coeff
  Англија 36,621
  Шпанија 36,536
  Данска 35,590
Шешир 3
Екипи Coeff
  Италија 35,546
  Шведска 34,259
  Чешка 33,690
  Србија 31,060
  Словачка 31,057
  Македонија 23,283

Стадиони

уреди

На 7 јуни 2016, Фудбалскиот сојуз на Полска избрал шест стадиони:[7]

Првиот натпревар и Група A Група A Група Б
Лублин Келце Гдиња
Арена Лублин Колпортер арена Стадион ГОСИР
Капацитет: 15,500 Капацитет: 15,500 Капацитет: 15,139
     
Група Б Група Ц, полуфинале, и финале Група Ц и полуфинале
Бидгошч Краков Тихи
Спортски комплекс Завиша Стадион Краковија Стадион Миејски
Капацитет: 20,247 Капацитет: 15,016 Капацитет: 15,300
     

Фаза по групи

уреди

Група A

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Англија 7 3 2 1 0 5 1 +4
2.   Словачка 6 3 2 0 1 6 3 +3
3.   Шведска 2 3 0 2 1 2 5 -3
4.   Полска 1 3 0 1 2 3 7 -4





Група Б

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Шпанија 9 3 3 0 0 9 1 +8
2.   Португалија 6 3 2 0 1 7 5 +2
3.   Србија 1 3 0 1 2 2 5 -3
4.   Македонија 1 3 0 1 2 4 11 -7





Група Ц

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.   Италија 6 3 2 0 1 4 3 +1
2.   Германија 6 3 2 0 1 5 1 +4
3.   Данска 3 3 1 0 2 4 7 -3
4.   Чешка 3 3 1 0 2 5 7 -2





Поредок на второпласираните екипи

уреди
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР Гру
1.   Германија 6 3 2 0 1 5 1 +4 Ц
2.   Словачка 6 3 2 0 1 6 3 +3 А
3.   Португалија 6 3 2 0 1 7 5 +2 Б

Нокаут фаза

уреди

Во нокаут фазата, продолженијата и пеналите ќе го одлучуваат победникот доколку е неопходно.[6]

Полуфинале Финале
27 јуни – Тихи
   Англија 2 (2)  
   Германија 2 (4)  
 
30 јуни – Краков
       Германија 1
     Шпанија 0
27 јуни – Краков
   Шпанија 3
   Италија 1  

Полуфинале

уреди

Финале

уреди

Победник

уреди
Победник на Европско првенство за играчи под 21 година - 2017

 
Германија
2. титула

Список на стрелци

уреди

Награди

уреди

Тим на турнирот

уреди

Тимот на Европското првенство за играчи под 21 година 2017 бил избран по завршувањето на турнирот од техничките набљудувачи на УЕФА.[10]

Позиција Играч
Голман   Јулиан Полерсбек
Одбрана   Џереми Тољан
  Милан Шкриниар
  Никлас Штарк
  Јаник Герхардт
Среден ред   Максимилијан Арнолд
  Дани Себалјос
  Макс Мајер
  Саул Нигес
Напад   Марко Асенсио
  Федерико Бернардески

Наводи

уреди
  1. „Poland to host 2017 Under-21 EUROs“. UEFA.com. 26 January 2015.
  2. „U21 final tournament expanding to 12 teams“. UEFA.com. 24 January 2014. Посетено на 23 February 2014.
  3. Ed Aarons (30 јуни 2017). „Germany stun Spain to claim Under-21 title after Mitchell Weiser header“. The Guaridan. Посетено на 16 август 2018.
  4. „Euro 2020: Croatia, Poland and Portugal also withdraw“. StadiumDB.com.com. 28 April 2014. Посетено на 30 May 2014.
  5. „Seedings set for 2017 U21 qualifying draw“. UEFA.com. 30 January 2015.
  6. 6,0 6,1 „Regulations of the UEFA European Under-21 Championship, 2015–17“ (PDF). UEFA.com. Посетено на 26 January 2015.
  7. „Za nami konferencja One Year To Go! Finał imprezy w Krakowie!“. Sport.interia.pl. 7 June 2016. Посетено на 7 June 2016.
  8. „Spain's Dani Ceballos named Player of the Tournament“. UEFA.com. 30 June 2017.
  9. „Saúl Ñíguez wins U21 EURO adidas Golden Boot“. UEFA.com. 30 June 2017.
  10. „The official Under-21 Team of the Tournament“. UEFA.com. 1 July 2017.

Надворешни врски

уреди