Стар мајстор
Стар мајстор е поим за европски умешен сликар кој живеел и работел пред ~ 1800, или пак за слика од таков творец. Старомајсторска графика е оригинална графика (на пр. гравура или клише) направена од уметник од тој период. Истото важи и за цртежи.
Во теорија стариот мајстор е уметник кој ил наполно обучен, и мајстор во неговиот локален уметнички еснаф, кој работел независно, но во практика тука спаѓаат и сликите за кои се смета дека се изведени од ученици или работилници. Така, над извесното ниво на компетенција, критериум за употребата на овој поим е датирањето, а не квалитетот на делото.
Во XVIII и XIX век, поимот поразбирал почеток од некаде 1450 или 1470; сликите насликани пред тоа се нарекувале „примитивци“; но денес ваква разлика не се прави. Споредливи изрази постојат и во холандскиот, францускиот и германскиот јазик; веројатно холанѓаните биле први кои го употребувале поимот, во XVIII век. Славната збирка во Дрезден во Галеријата на старите мајстори (Gemäldegalerie Alte Meister) е еден од малкуте музеи наречени по поимот, иако многу го користат како назив на одделенија и отсеци. Збирката во овој дрезденски музеј запира кај Барокниот период.
Крајната граница на поимот е нејасно дефинирана — Гоја (1746–1828) е сигурно стар мајстор, додека сѐ уште сликал и гравирал до неговата смрт во 1828. На пример, поимот може да се употреби, иако обично не, за Џон Констабл (1776–1837) или Ежен Делакроа (1798–1868).
Историчарите на уметноста го избегнуваат поимот како премногу неодреден, особено за слики, иако поимите Старомајсторски графики и Старомајсторски цртежи сѐ уште се користи. Истиот потековно живее во трговијата со уметност. Аукционите куќи обично ги делат нивните изложени дела на: „Старомајсторски слики“, „Слики од XIX век“ и „Современи слики“. Кристис вели дека поимот го опфаќа периодот „од XIV до раниот XIX век“.
На овој начин, во Македонија под поимот „стари мајстори“ се подразбираат уметници од фрескосликарите од било кое раздобје, па сѐ до современата уметност.
Мајсторите од раните периоди, чија рака историчарите на уметноста ја препознаваат, но кому не може со сигурност да му се припише идентитет, често се нарекуваат на начинот: „Мајстор Е.З.“ (од монограм), „Флемалски мајстор“ (од претходна место на дело), „Мајстор на Марија Бургундска“ (од патрон), „Мајстор од Латински 757“ (од белешка на полица од насликан ракопис), „Мајстор на Брауншвајшкиот диптих“ (од дело од музејот во Брауншвајг), итн. Други дела пак, се припишуваат на „Непознат мајстор“.
Еве многу кратка и навистина непотполна список на најважни стари мајстори:
- Џото ди Бондоне (Италијанец, 1267-1337)
- Леонардо да Винчи (Италијанец, 1452-1519)
- Албрехт Дирер (Германец, 1471-1528)
- Микеланџело (Италијанец, 1475-1564)
- Тицијан (Италијанец, ~ 1477-1576)
- Рафаело (Италијанец, 1483-1520)
- Јакопо Тинторето (Италијанец, 1518-1594)
- Питер Бројгел Постариот (Фламанец, ~ 1525-1569)
- Паоло Веронезе (Италијанец, ~ 1528-1588)
- Ел Греко (Грк, 1541-1614)
- Франс Халс (Холанѓанец, 1580-1666)
- Караваџо (Италијанец, 1573-1610)
- Петер Паул Рубенс (Фламанец, 1577-1640)
- Никола Пусен (Французин, 1594-1665)
- Диего Веласкес (Шпанец, 1599-1660)
- Рембрант ван Рајн (Холанѓанец, 1606-1669)
- Јан Вермер (Холанѓанец, 1632-1675)
- Џовани Батиста Тјеполо (Италијанец, 1691-1770)
- Џошуа Рејнолдс (Англичанец, 1723-1792)
- Франциско Гоја (Шпанец, 1746-1828)
Поврзано
уреди- Маестро - музички еквивалент