Јоханес Вермер

холандски сликар од XVII век
(Пренасочено од Јан Вермер)

Јоханес Вермер ( 16321675) познат како Јан Вермер е познат холандски сликар.

Јоханес Вермер
Дел од сликата од 1656, се смета дека е автопортрет[1]
Роден(а)крстен 31 октомври 1632(1632-10-31)
Делфт, Холандија
Починал(а)закопан 15 декември 1675(1675-12-15) (возр. 43)
Делфт Холандија
НационалностХоланѓанец
ОбразованиеКарел Фабрициус?
Познат(а) посликарство
ПравецЗлатно доба на холандското сликарство
барок

Животопис

уреди

Бил крстен во протестанската црква во Делфт во 1632. Неговиот татко со име Рајнер Јанз Вос, работел како угостител, а за себе говорел дека е продавач на свила. Вермер и неговото семејство припаѓале на средната класа и живееле во голема куќа. Неговите родители биле неписмени. Јан се родил како второ дете и прв син. За да стане сликар, Јан морал да работи шест години во атеље на еден мајстор кој бил член на друштвото „Св. Лука“, за да во 1653 година биде примен во друштвото на сликарите и да би можел да потпишува и продава свои дела. Некои истражувачи сметаат дека патувал во Амстердам и Утрехт на студиски патувања.

Вермер се оженил во 1653 година со Катерина Болнес, кја била од католичка вера. Во бракот имал единаесет деца кои биле од католичка вера. По некое време Јан почнал да слика сцени од реалниот живот. Неговите фигури на сликите се фатени во еден момент што му дава достојност и живот во неговите дела. Вермер во почетокот на својот живот живеел како неговиот татко од продавање на уметнички дела и во просек сликал две платна за една година.

Значење и наследство

уреди

Една песна на полската поетеса Вислава Шимборска носи наслов „Вермер“.[2]

Наводи

уреди
  1. "The Procuress: Evidence for a Vermeer Self-Portrait". Retrieved 13 September 2010.
  2. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 399.

Надворешни врски

уреди