Тицијан
Тицијан или Тицијано Вечели ( 1487/1490 - 27 август 1576), прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа, автор на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Роден е во Пјеве ди Кадоре (Венето).
Тицијан | |
---|---|
Роден(а) | Тицијано Вечели 1488/1490 Пјеве ди Кадоре |
Починал(а) | 27 август 1576 Венеција | (aged 85–88)
Националност | Италијанец |
Образование | Џовани Белини |
Познат(а) по | Сликар |
Значајни дела | Assumption of the Virgin Pesaro Madonna Venus of Urbino |
Правец | Висока ренесанса |
Починал од епидемијата на чума што ја зафатило Венеција 1576 година.
Животопис
уредиТицијан бил најважната и највлијателна фигура во областа на ликовната уметност на преминот од ренесансата во барокот. Кога имал десет години неговите родители го испратиле во Венеција, каде се школувал во работилницата на Себастиан Цукато и Џовани Белини.
Во 1532 година во Болоња го насликал Карло V, по кое бил прогласен за гроф и витез на златните мамузи. Исто така работел и во дворот на Филип II. Својот прв голем успех го оствариl со делото Успение на Богородица насликана во црквата Фари во Венеција. Од најзначајните дела се издвојуваат и Небесна и земна љубов, Портрет на папата Павле III, Портрет на Карло V, Венера Урбино, Мадона Песаро.